Возбудата кај ДПМНЕ е голема по средбата на привемениот премиер со цариградскиот патријарх Вартоломеј, бидејќи новата клима во регионот меѓу црквите оди против противниците на Преспанскиот договор. А може да ги стави во мисла и верниците, кои традиционално гласаат за црвено-црните
ЕКИПА НА ГЛОБУС
Цариградскиот патријарх Вартоломеј на заедничка средба во Вселенската патријаршија во Истанбул во иднина ќе повика претставници на Македонската православна црква-Охридска архиепископија и на Српската православна црква со цел изнаоѓање заемно прифатливо решение на црковниот спор. Оваа одлука произлегла по неодамнешната посета на премиерот на преодната влада Оливер Спасовски и претседателот на СДСМ, Зоран Заев пишува весникот „Ortodox times“. Објавувајќи детали од разговорите, весникот се повикува на соопштение од Вселенската Патријаршија во кое меѓу другото стои дека на средбата одблиску се разгледал црковниот проблем и сите досегашни фази.
– Во текот на разговорот беа ставени на тапет претходните фази на прашањето, како и желбата на тамошната Црква да се врати во каноничност, под името Охридска архиепископија, согласно своевремено поднесената молба за апелација односно еклитон од нејзина страна. Господинот премиер и тие со него ја изразија својата почит и доверба кон Мајката Црква, чиј благослов го добија за целиот тамошен клир и народ.
Се наведува во соопштението од Вселенската патријаршија дека патријархот Вартоломеј работи на решавање на спорот меѓу МПЦ и СПЦ со цел решавање на статусот, вчера за Канал 5 потврди владиката Тимотеј , а со надеж за интензивирање на дијалогот и решавање на проблемот, ден по разговорите со Вартоломеј изнесе и премиерот Спасовски.
Од Српската православна црква нема жешка реакција за средбата на Вартоломеј со Македонските од официјални лица. Во Белград се занимаваат само медиумите-дел објавуваат куси информации а други пишуваат дека со тоа што Вселенската патријаршија прифатила да го разгледува прашањето на МПЦ-ОА, почнала ревизија на својот Томос за СПЦ од 1922 година. Некои медиуми потсетуваат на изјавата на американскиот амабасадор во Ватикан до српскиот епископ во 2007-та дека српско црковно прашање во Македонија за Америка не постои. Други пак на минатогодишната изјава на рускиот патријарх Кирил дека Вселенскиот патријарх можело да го примени „украинското сценарио“ за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА.
Tешко, но не и невозможно. Вака експертите за црковни прашања одговараат на прашањето дали е можно наскоро да се очекува решение на црковниот спор меѓу МПЦ-ОА и СПЦ и да дојде до признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА.
Ова прашање се наметна по информацијата за средбата на премиерот Оливер Спасовски, експремиерот Зоран Заев и директорот на
Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, со вселенскиот патријарх Вартоломеј во
„отворањето на прашањето ќе добие на динамика. Веројатно отворањето на прашањето значи дека се бараат решенија кои се утврдени во нивните канонски правила и тоа ќе резултира со решение. Тоа во моментов е тешко да се прочита. Се надеваме дека за нашите потреби ќе значи решавање на едно прашање кое 50 години е присутно Кои решенија ќе бидат понудени сега е неблагодарно да се говори“,
вели за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ универзитетскиот професор Цане Мојановски.
За разлика од него, новинарот Бранко Ѓоргевски, кој долги години го следи црковното прашање, иако признава дека ќе биде тешко е да се реши прашањето, сепак е оптимист. Дури смета дека тоа би можело да се случи годинава.
„Мислам дека СПЦ нема да отиде на средба во Вселенската патријаршија бидејќи тоа би значело дека таа би имала мандат да решава околу споровите, нешто што СПЦ не го дозволува. Сепак смета дека со тоа што нашето прашање е ставено на маса, Вселенската патријаршија сега настапува како апелациски суд. Мислам дека до крајот на годинава ќе се реши прашањето“, вели Ѓоргевски за „Утрински брифинг“.
И Мојановски и Ѓоргевски сепак се согласни дека клучен за напредокот во решавањето на ова долгогодишно прашање е Преспанскиот договор кој создаде механизми за решавање на другите отворени прашања.
„Приближувањето кон ЕУ подразбира затворање на сите отворени прашања. Црковните прашања веќе не се во доменот на приватноста бидејќи се поврзуваат со општествените состојби“, смета Мојановски, додека Ѓоргевски гледа поголема наклонетост на Грчката православна црква кон МПЦ-ОА, по потпишувањето на Преспанскиот договор.
Возбудата кај ДПМНЕ е голема по средбата на привемениот премиер со цариградскиот патријарх Вартоломеј, бидејќи новата клима во регионот меѓу црквите оди против противниците на Преспанскиот договор. А може да ги стави во мисла и верниците, кои традиционално гласаат за црвено-црните.
(користени се извештаи на македонските медиуми)