Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МУЗЕЈ ПОДГОТВЕН И ЗА НАСТАВА: КОМИСИЈАТА ЗА КУЛТУРА ВО ПОСЕТА НА МУЗЕЈОТ НА АЛБАНСКАТА АЗБУКА

July 9, 2018 Filed Under: Македонија

Собраниската комисија за култура оствари работна посета на Музејот на албанската азбука и НУ Завод и музеј – Битола

ПОЈАСНУВАЊЕ Директорот Нуер Арслани ги појаснува активностите на Музејот на албанската азбука

Во рамките на активностите за посета на институциите од областа на културата, Комисијата за култура, во состав Ирена Стефоска, Никица Корубин, Мирсада Емини-Асани и Весна Дамчевска-Илиевска оствари работна посета на Музејот на албанската азбука и НУ Завод и музеј – Битола.

Директорот на Музејот на албанската азбука Нуер Арслани, ги запозна присутните со работата на оваа институција, која е основана со одлука на Владата во 2009 година, со цел – заштита, истражување, стручно и научно проучување на музејски предмети значајни за азбуката на албанскиот јазик.

ПОРТРЕТИ Во Спомен собата на Музејот се поставени 11 портрети на членовите на Комисијата на албанска азбука

Музејот располага со изложбен простор каде што се изложени музејски артефакти, етнолошки предмети и фотографии, како и спомен-соба на Комисијата на албанската азбука во која се претставени 11-те членови на Комисијата. Секоја година на 22 ноември во просториите на Музејот се одржува свечена академија по повод Денот на албанската азбука. Арслани информираше дека Музејот располага со училница која е опремена со соодветена опрема каде што се спроведува образовна програма за децата од 5-то до 9-то одделение.

При посетата на НУ Завод и музеј – Битола, в.д. директорката Мери Стојанова истакна дека оваа национална установа е одговорна за повеќе објекти, и тоа: објектот Стара касарна, антички локалитет Хераклеја, Уметничка галерија Јени џамија, Спомен-куќа Гоце Делчев, Спомен-куќа Стив Наумов, Спомен-музеј на Татарчеви во Ресен, Меморијален музеј во с. Смилево и Културен центар Магаза.

ПОСТАВКИ Пратениците ги посетија и поставките на Наропдниот музерј Битола

Освен основната заштитна и музејска дејност, Музејот Битола спроведува повеќе активности, проекти и изложби, меѓу кои работилници со деца, работилници со лица со посебни потреби, а има изработено и тактилна публикација за мозаиците во Хераклеа во рамки на проектот „Ние во музеј“. Со оглед на обемот на работа на Завод и музеј – Битола, директорката Стојанова истакна дека оваа национална установа има потреба од нови вработувања, пред сè од стручен кадар.

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet