Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МAНГОВА: ИМА СТРАНСКО ПОТТИКНУВАЊЕ НА НА НАЦИОНАЛИЗАМ, НО ТОЈ ИМА И ДОМАШЕН КОРЕН

May 28, 2024 Filed Under: Македонија

Се покажува одговорноста на овие политички актери кои си играат со национализмот кога се слаби сами по себе да донесат резултати и силни институции кои ќе ги сервисираат граѓаните

МАНГОВА Анкетата на ИРИ покажува дека граѓаните како главни предизвикувачи на национализмот ги идентификуваат политичките партии и лидери

„Може да се толкува дека некогаш националистичката реторика е поттикната и предизвикана од странски сили. Иако знаеме од минатото дека национализмот има и домашен корен“ рече Илина Мангова од Меѓународниот републикански институт (ИРИ) во утринската програма на „Слободен печат“, коментирајќи ја нивната последна анкета.

Таа додаде дека тоа се виде и во предизборната реторика и кажа дека граѓаните како главни предизвикувачи на национализмот ги идентификуваат политичките партии и лидери.

„Сега тие процеси се завршени и одговорноста е на политичките актери да препознаат што граѓаните очекуваат, а не да се навраќаат на национализмот, како едно средство од минатото“ рече Мангова.

Таа додаде дека клучната одговорност на политичките лидери треба да биде, паралелно на работењето на евроинтегравниот процес, да ги менаџираат позитивно и конструктивно меѓуетничките односи, за национализмот да не прерасне во проблем.

„Тука се покажува одговорноста на овие политички актери кои си играат со национализмот кога се слаби сами по себе да донесат резултати и силни институции кои ќе ги сервисираат граѓаните“ рече Мангова.

Говорејќи за Иницијативата „Отворен Балкан“ Мангова смета дека помеѓу трите земји од оваа иницијатива најмногу во Македонија граѓаните ја поддржуваат и ја познаваат.

Таа додаде дека и во Црна Гора, која не е формално дел од иницијативата, граѓаните пројавиле интерес за приклучување.

„За Отворен Балкан имаше и политички спроитвставености, па оттаму поддршката не е и на повисоко ниво, како што би можело да биде“ рече Мангова.

Таа додаде дека иницијативата е препознаена како позитивна во Македонија, бидејќи тука и добро биле промовирани нејзините придобивки за граѓаните.

(Слободна телевизија)

Filed Under: Македонија

БРИСЕЛ ЗА КАНДИДАТИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО УНИЈАТА
АФЕРАТА ЗА ПРИСЛУШКУВАЊЕ НА ВМРО-ДПМНЕ СЕ ЛИЗГА НА СОПСТВЕНИТЕ ПРОТИВРЕЧНОСТИ
ДАЛИ Е ОВА ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ? ГО ПРИНЗАВА ЛИ ТОА ПУТИН
ЛИНА ЃОРЧЕСКА СЕ ВРАЌА ВО ФОРМА
СОВРШЕНИ ЖРТВИ (2)

Најново

  • БРИСЕЛ ЗА КАНДИДАТИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО УНИЈАТА
  • АФЕРАТА ЗА ПРИСЛУШКУВАЊЕ НА ВМРО-ДПМНЕ СЕ ЛИЗГА НА СОПСТВЕНИТЕ ПРОТИВРЕЧНОСТИ
  • ДАЛИ Е ОВА ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ? ГО ПРИНЗАВА ЛИ ТОА ПУТИН

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet