Не сакаме никого да амнестираме. Се борев случаите на СЈО да имаат судска развршница. Довербата во судството може да расте само со конфискација – рече овој функционер во гостувањето на ТВ 24
Во ниту еден разговор со пратениците сега не се зборувале за судски предмети. Наспроти тоа, кога сме разговарале со ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавното обвинителство и за низа други процеси, секогаш тие барале да се отвораат судски случаи кои сакале да се дискутираат. Затоа и не се договоривме во 2020 година со ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи доаѓаа на преговорите со судски предмети кои треба да ги отвориме“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во „24 анализа“ на ТВ24.
Тој додаде дека измените на Кривичниот законик не се донесени со цел да се убеди ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставните измени, туку единствена цел на измените е да се зголеми ефикасноста на судскиот систем и да се зголемат можностите за конфискација.
„Од 2015-16 година наваму се помалку граѓани се плашат од репресијата и заканите на ВМРО-ДПМНЕ и не верувам дека тоа ќе им биде инструмент. Тие треба да се грижат како да ја вратиме довербата во системот, бидејќи ќе продолжат да бидат опозиција и по следните избори. Како да ја вратиме довербата во системот и како да се вклучат во преговарачкиот процес“ рече Маричиќ.
Вицепремиерот истакна дека ВМРО-ДПМНЕ треба да се фокусира на тоа, за државата да функционира подобро, а не да бара условување со отворање на судски случаи при сите разговори за важни закони.
Бојан Маричиќ вицепремиер за евроинтеграции и секретар за меѓународна соработка во СДСМ во емисијата 24 анализа во врска со застарувањето на 14 предмети со 80 обвинети истакна дека експертската јавност се подготвуваl за Кривичниот законик и дека со него не сакале да прават амнестија или помилување.
– Оваа тема не е нова. Во моментот кога се носеше законот за ЈО, каков еден од условите во преодните и завршни одредби и во објаснувањето, Владата како предлагач презеде обврска да се отвори прашањето на КЗ за зголемување на ефикасност на судовите и додефинирање на кривичните дела по примерот на германското законодавство. Со овој закон, ниту неговата цел и краен ефект е било кој случај да биде таргетиран и не сакаме да направиме амнестија или помилување.
Овој закон има за цел да додефинира некои кривични дела, да ги нормализира казните, нивото на казни на европско ниво и да ги засили можностите за проширена конфискација. Сакаме таа да се изврши на вистински начин. Не сакаме никого да амнестираме. Се борев случаите на СЈО да имаат судска развршница. Довербата во судството може да расте само со конфискација. Целта е да им се земат парите. Самите што спроведуваат конфискација бараат да се сменат законите за да се олесни конфискацијата. – рече Маричиќ.