Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

МARКОВИЌ: СЕГА ЌЕ ИМА ДВА ФРОНТА ЗА НАПАДИ ОД ГЛАСАЧИТЕ – СДСМ Е ВО ЦЕНТРАЛНАТА А ВМРО ДПМНЕ ВО ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ

December 21, 2021 Filed Under: Македонија

На локално ниво ќе има некои активни градоначалници, но тоа нема да биде секаде така. Арсовска е пример за тоа,  веќе има конфликт со градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски кој им е коалициски партнер на ВМРО ДПМНЕ

НЕНАД МАРКОВИЌ Иницијативата за Отворен Балкан е добро прифатена, иако има контраверзи

Денес и утре во Тирана се одржува состанок на иницијативата Отворен Балкан на која ќе се сретнат премиерот Зоран Заев, албанскиот премиер Еди Рама и српскиот ретседател Александар Вучиќ. За оваа иницијатива има подвоени мислења.

-Иницијативата е добро прифатена засега, прашање е дали ќе се приклучат и други земји. Но, кои се контроверзите? Ова треба да функционира како мини-ЕУ, за меѓусебна соработка меѓу земјите. Сепак, некои стравуваат дека иницијативата може да остане само на три земји и дека постојат стравувања европската перспектива да биде заменета со Отворен Балкан, вели проф. Ненад Марковиќ за Утрински брифинг.

Марковиќ вели дека не успева да ја најде содржината на договорите што се потпишуваат но не постојат на интернет. Тој вели дека иницијативата треба да биде потранспарентна.

Заев заминува во политичка пензија и ќе следува нов премиер, па постојат сомнежи дали оваа влада има капацитет да го истера целиот мандат.

-Има еден дополнителен фактор што го забораваме, особено што на пролет може да има пртисок со иницијативи за предвремени избори. Прашање е легитимитетот на оваа влада која нема трчано на иззбори. Ова е некој вид дериватна влада. Владата на Заев помина низ тежок период додека ја освои власта. Оваа влада има хендикеп што доаѓа во време кога се изгубија локалните избори. Но, треба да се има на ум дека во оваа ситуација ќе има два фронта за напади – врз централната власт на СДСМ и локалната власт на ВМРО ДПМНЕ која не ветува според првите чекори на градоначалничката на Скопје, Арсовска, вели Марковиќ.

Тој вели дека на локално ниво ќе има некои активни градоначалници, но тоа нема да биде секаде така. Арсовска е пример за тоа,  веќе има конфликт со градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски кој им е коалициски партнер на ВМРО ДПМНЕ.

Бугарија влегува во фаза кога мисли дека времето работи за неа, особено со заминувањето на Заев.

-Во секој случај се во покомотна позиција од нас, тие се во ЕУ, а ние не сме. И за европските партнери новиот премиер Петков е непознаница. Мислам дека нашата влада треба добро да ги менаџира очекувањата на граѓаните. Мислам дека не треба да се брза со решението. Брзи решенија нема да има, а ако има ќе бидат на штета на послабата страна а тоа сме ние, вели Марковиќ..

Filed Under: Македонија

ШТО СЕ’ СЕ КРИЕ ЗАД ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРНЕРСТВО СО БРИТАНЦИТЕ?
ПОЛИТИКА КОЈА НЕ Е ЗА ЕУ, ЗЕМА И АНТИЕВРОПСКИ КРЕДИТИ
СИ ЏИПИНГ: РУСИЈА Е НАШ ВАЗАЛ ОТСЕГА ПА НАТАМУ
КАНСКА КОНКЛАВА: БРАК ОД ЉУБОВ
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ (129): КРЕМЉ ЌЕ БИДЕ ОБЕСХРАБРЕН, САМО УКРАИНА Е ВООРУЖЕНА ДО ЗАБИ

Најново

  • ШТО СЕ’ СЕ КРИЕ ЗАД ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРНЕРСТВО СО БРИТАНЦИТЕ?
  • ПОЛИТИКА КОЈА НЕ Е ЗА ЕУ, ЗЕМА И АНТИЕВРОПСКИ КРЕДИТИ
  • СИ ЏИПИНГ: РУСИЈА Е НАШ ВАЗАЛ ОТСЕГА ПА НАТАМУ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet