Иако министерот за здравство Фатмир Меџити минатиот месец вети дека во најскоро време ќе бидат исполнети барањата на дијабетичарите, тие се уште се соочуваат со сериозен недостиг на ленти, игли и сензори за деца и апарати за мерење шеќер во крвта.

ДРАГАН МИШЕВ
Наследените проблеми ги решаваме затоа што пациентите секогаш ми биле и ќе ми бидат на прво место. Го решаваме наследениот проблем со недостаток на ленти за мерење на шеќер во крвта. Доволна количина ленти која ќе ги задоволи потребите на дијабетичарите е веќе на пат кон државта, а во текот на следната недела ќе бидат достапни во аптеките, напиша министерот за здравство, Меџити на Фејсбук на 20 август.
Лицата со дијабетес, чиј вкупен број на евидентирани случаи, според последниот извештај на Институтот за јавно здравје во државата е 135. 690, а само минатата година во Македонија биле новодијагностицирани 7.460 пациенти, сé уште не ја добија ветената антидијабетска терапија, игли, ленти, глукомери,
Минатиот месец, преку нивниот Сојуз испратија протесно писмо до Министерството за здравство и рекоа дека нема повеќе да протестираат, туку борбата ќе ја водата правно, по што конечно, во понеделникот поднесоа претставка за работа на Министерството за здравство, откако во законскиот рок не добиле одговор зошто девет месеци немаат глукомери, ленти за мерење на шеќерот во крвта. Сојузот на здруженија на дијабетичари (СЗД) претставката ја доставил до Народниот правобранител Насер Зибери.
Дијабетичарите велат дека во овој период од девет месеци им е повредено правото за здравствена заштита гарантирано со Устав. Нема ниту системи за континуирано мерење на гликемија за деца и млади до 18 години. Немањето на овие средства влијае на и онака нарушеното здравје на пациентите. Кон крајот на август почнало да се делат глукомери и ленти, за кои подоцна се дознало дека се некоја постара донација.
Дијабетичарите се гневни, бидејќи наместо државата да им помогне во битката со оваа подмолна болест и да им ги олесни здравствените предизвиците со кои се соочуваат во секојдневното живеење, тие се соочени со тоа да не знаат како и дали ќе го преживееме утрешниот ден, дали ќе се разбудат следното утро и ќе ги видат своите деца.
Покрај недостатокот на овие средства неопходни за квалитетен живот на лицата со дијабет, проблем претставува и чудните критериуми за распределување на месечните следувања со инсулинска и антидијабетната терапија.
За новововедената терапија со лекот Рибелсус, кој во пакување од 30 таблети, треба да е доволен за еден месец, но само доколку месецот има 30 дена, системско решение за подигање на месечната доза дозволува лекот да се подигне најрано 1 ден пред датумот од подигање за минатиот месец, што доведува до тоа лицето корисник на оваа терапија, следната да ја земе во 5 до 12. Дополнителен стрес претсавува доколку лицето во тие денови треба да отпатува, како што во случајов е и мојата ситуација. Поради системското решение, лекот не можев да го подигнам ниту барем два дена предходно, така што сум принуден да заминам на пат без потребниот лек, и за сите денови на мојот престој надвор од државата, да бидам без терапија.
Дополнително, еден период во земјава имаше и дисконтинуирано снабдување со одреден тип на инсулин, додека дефицитарни се и иглите за една употреба за таканаречените „инсулински пенкала“, од кои месечно до корисниците се дистрибуираат по 20 игли. Корисниците на инсулин, истиот го вбризгуват најмалку 2 / 3 пати на ден, со што оваа количина на игли им е доволна само за 7 до 10 дена, при што се принудени една иста игла за еднократнаупотреба да ја употребат повеќе пати.
Дијабетичарите велат дека во овој период од девет месеци им е повредено правото за здравствена заштита гарантирано со Устав. Нема ниту системи за континуирано мерење на гликемија за деца и млади до 18 години. Немањето на овие средства влијае на и онака нарушеното здравје на пациентите. Кон крајот на август почнало да се делат глукомери и ленти, за кои подоцна се дознало дека се некоја постара донација, а и тие веќе не се во оптек.
Дијабетесот е една од состојбите во кои стресот игра важна улога. Според едно истражување на Универзитетот во Гетеборг, ризикот од развој на дијабетес тип 2 е 45% поголем доколку стресот опстојува подолго време. Исто така, вклучувањето на стресот во еволуцијата на дијабетес не треба да се занемари, бидејќи е исто така одговорно за појава на компликации.
Луѓето со дијабетес се поранливи на стрес. Во оваа категорија, контролата на шеќерот во крвта е веќе проблематична, а зголеменото ниво на кортизол како резултат на стресот доведува до Кушингов синдром. Тоа е предизвикано од продолжено изложување на кортизол и се манифестира со специфично зголемување на телесната тежина (масни наслаги на лицето, вратот, околу половината), проблеми со кожата (стануваат потенки, малку се појавуваат модринки, стрии, рани се потешко се лекува), ментални нарушувања, хормонални нарушувања, остеопороза и мускулни проблеми.
Во случај на дијабетичари, стресот исто така може да го забрза појавувањето на кардиоваскуларни компликации како резултат на висок крвен притисок, но исто така и на системски компликации како резултат на висок шеќер во крвта.
Се чини дека за Минестерството за здравство, и за министерот кој се расфрла со ветувања, а потоа истите не ги исполнува, здравјето и животот на лицата со дијабетес се само игра (на тендери).
(civilmedia.mk)