Детето чии родители завршија во Аушвиц е меѓу основачите на новиот чешки филм, кој имаше политичко влијание врз Прашката пролет. Плашејќи се од апсење Милош Форман побегна во САД каде стана еден од најтрофејните автори
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
По многу куса болест, во петокот по американско време почина славниот режисер Милош Форман (87), омилен кај нас, посебно кај постарите филмофили. Иакоп тој одамна живее во САД (од 1968 година, значи половина век) и главно се третира како американски автор, многумина го помнат и како актер и хуманитарен активист, со силни креативни корени во навестувањето на пашката пролет кој се случи во втората половина на 60-тите.
Уште тогаш, во тие да ги наречеме дисидентски денови Форман го пвирлече вниманието на еѓународната јавност со многу филмови,. Тоа беше најнапред „Црниот Петко“, филм за губитник, со наслов извлечен од онаа детска игра со карти каде оној кај кого ќе остане последната карта („црниот Петко“) ја губи играта и треба да исполнува желби на другите учесници. По ова дело од 1964 година тој ја снима благо ироничната сторија „Љубовта на една русокоса“, дело што го исфрли во орбитата и беше номинирани за најдобар филм во категорија на странски дела. Потоа дојде „Балот на пожарникарите“ каде се исмеваше на некои култови во нормираниот живот и веќе заработи прекори од официјалната политика.
Речиси е непознато дека Форман е дете од сиропиталиште, бидејќи неговите родители се убиени во логорот Аушвиц. Неговиот татко бил учител и во време на германскката окупација заедно со неговата мајка биле дел од движењето на отпорот. И обајцата се фатени, во различно време и место и однесени во логор, каде го губат животот. Тој тогаш имал осум години. Ова донекаде објаснува како тој релативно лесно дојде во САД и си најде таму простор за создавање и продуцентска поддршка. Но, неговиот успех, веројатно најголем е што успеа да влезе во првата генерација на Филмскиот институт во Прага, на стартот на 50-тите и да влезе во генерацијата која една национална кинематографија ја претвори во европски уметнички дијамант! Македонската телевизија своевремено ги имаше на програмата речиси сите негови дела од тој период.
Боравејќи во Париз, во август 1968-та тој ја избегна советската интервенција во неговата земја и побара азил во САД и тоа го доби експресно. Веќе претходно беше во преговори за снимање на филм по делото на Кафка „Америка“ со продуценти од преку Океанот. Најпрвин бил згриќен од филмскиот дисидент кој од порано побегнал во САД (Иван Пасер) Едно време спиел во познатиопт „Челзи хотел“, каде сопственикот му наплатувал само по еден долар од ноќ! Подршката доаша од Мајкл Даглас а потоа и од Дино де Лаурентис.
Неговиот последен дом беше во гратчето Ворен во Конектикат каде живееше со својата трета сопруга Мартина Зборилова, инаку негова студентка од повремените предавања на универзитетите (со неа се венча во 1999 година). Имаат два сина – Ендрју и Џемс. Првиот е именуван по комичарот Ендрју Кауфман а вториот по познатиот актер Џим Кери кој играше во неговиот филм „Човек на Месечината“.
Во некогашна Југославија тој беше два пати. Првиот пат во 1962 година, кога ја посетил Југословенската кинотека во книгата на впечатоци стои дека дошол „со радост и восхит“. Гостин беше на белградскиот ФЕСТ (второ издание) на повик на својот колега и пријател Душан Макавеев.
Но дошол со страв, бидејќи по заминувањето во САД ова било негово прво враќање во една социјалистичка земја. Инаку тој и неколку други гости работеа на филмот „Мис Соња Хени“ (останатите се Тинто Брас, Пол Мориси и Пуриша Ѓорѓевиќ)
Форман, који сепак поголем дел од карирата ја имаше во САД, освои два Оскари за режија – за „Амадеус“ и за „Летот над кукавичиното седало“ . Инаку последниов освои истата вечер пет трофеи во сите главни категории! „Амадеус“ пак освои седум трофеи (од 11 номинации) но и во помалку битни категории. За последното дело тој инсистирал да го сними во својата татковина и тоа му било овозможено на инсистирање на главниот културен идеолог во Прага од она време (Јиржи Пурс). Снимањето сепак било строго контролирано од државната безбедност.
Непосредно после успехот на филмот „Амадеус“ тој повторно беше гостин на белградски ФЕСТ (1987) а формално беше гостин на ЈРТ која направи еден голем интервју со него. Југословенската кинотека веднаш најави дека наскоро ќе приреди ревија на дела од овој автор, до крајот на април.
Во 1990 година тој беше домаќин на првиот претседател на Чешка после транзицијата на власта – Вацлав Хавел. Му овозможил да одржи говор на познатиот Вашингтон сквер пред илјадична публика, главно студенти кои го поздравиле со восхит. Вацлав одржал говор и во американскиот Конгрес.
Хавел тогаш се пошегува со Форман, кој се плашел бидејќи претседатеот имал со себе само двајца бодигарди: „Како да бидам застрелан? Јас само што го оставив Буш и тој не спомна дека воопшто сме во војна. Кога започнал? “Форман одговорил: „Немав поим, денес не сум ја видел веста“. Инаку Буш го прашал Хавел: “Дали има нешто што Чехословачка може да го стори за да им помогне на Соединетите Држави?” Тој добил одговор дека Чехословачка нема да се меша во надворешната политика на САД, а ба го докажал кратка прошетка околу блокот на Белата куќа.
Покрај оскарите и бројните златни глобуси Милош Форман је освои Златна мечка на Берлинскиот фестивал за филмот „Народ против Лари Флинт“ и Сребрена мечка за „Човекот на Месечината“, двата биографски фикмови, инаку негови омилени жанровски насоки. Французите му доделија награда Лимиер за животно дело а на Кан доби Голема награда на жирито за делото „Соблекување“.