ВАНЕ ЦВЕТАНОВ
Вака ли се чува држава? Ова ли се кадрите за обнова” на Мицко? Кадрите на Грујо направија безбедносен р’шум во државата. Затвараа професионалци и чесни разузнавачи, а истите тие монтажери на политички случаи украдоа купишта државни тајни и снимени разговори, за да ги продаваат во други држави
Да се крадат класифицирани информации и да се тргува со нив, стана традиција на ДПМНЕ.
„Патриотите” од ДПМНЕ, кадри на Чулев, фатени како крадат службени тајни од МВР!
Вака ли се чува држава?
Ова ли се кадрите за обнова” на Мицко?
Кадрите на Грујо направија безбедносен р’шум во државата. Затвараа професионалци и чесни разузнавачи, а истите тие монтажери на политички случаи украдоа купишта државни тајни и снимени разговори, за да ги продаваат во други држави.
Горан Груевски е избеган во Грција, поранешниот директор на АР е избеган во Турција….
Еве и новата екипа на Наќе и Мицко, се впуштила во крадење на класифицирани информации.
Ова покажува 2 работи:
1. Доказ дека работат се уште за Грујо, на кого унгарските служби му бараат уште информации за да не го екстрадираат.
2. Доказ дека се подготвуваат за нови предавства и трговии со интересите на државата.
После овој резил, Мицко нека се сокрие во глувчешка дупка или чесно да си признае дека нема чесни и сигуни кадри за ниту една институција..
Мицко се опкружи со криминалци и апаши кои глумат „патриоти” а крадат, продаваат и тргуваат со државни интереси.
Ако ги промаши кадрите за 4 министерства во техничка Влада, можеме да замислиме какви шерифи и багабонти би донел ако му се даде власт?
Ова е пресериозно.
За вакво нешто се растура техничка Влада!