Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

НАГРАДАТА НА КИНЕНОВА ЗА ЛЕЧИЌ ПРАЌА ОПАСНА ПОРАКА

October 31, 2023 Filed Under: Ревија

Екипата на филмот „Синиот час“  реагираше за наградата на Лечиќ: Исклучително штетна и опасна порака за жените во македонските филмски и изведувачки уметности – беше нивниот став

ТУЖИТЕЛ Лечиќ ја тужеше компанијата Јунајтед медија (нејзини се каналите N1 и Nova S) само затоа што известуваа од неговото судење

Екипата на краткиот филм „Синиот час“ кој беше дел од официјалната програма на Киненова. реагира на одлуката на организаторите да го наградат српскиот актер Бранислав Лечиќ за особен придонес во филмската уметност.

„Храброста на актерките Данијела Штајнфелд и Мерима Исаковиќ да проговорат јавно за настаните од минатото е непроценливо важна за градењето на заедница кадешто жените ќе се чувствуваат безбедно, слушнато и еднакво важно. Одлуката на Киненова да го награди Лечиќ е повеќе од контроверзна. Во Србија, земјата од кадешто доаѓа Лечиќ, неколку актерки јавно проговорија за насилството извршено од нивните машки колеги и започнаа локално #MeToo движење, справувајќи се со целиот јавен линч. Во Македонија, тоа не се ни случи. Со оваа награда доделена во Скопје, Киненова придонесува кон замолчувањето на жртвите со тоа што на свечена манифестација им рече „ние не ви веруваме“. Ова е исклучително штетна и опасна порака за жените во македонските филмски и изведувачки уметности, а и воопшто. Екипата на краткиот филм „Синиот час“, кој беше дел од официјалната програма на ова издание на фестивалот, ја осудува. Во оваа прилика, сакаме јавно да порачаме дека ние цврсто стоиме на страната на жртвите. Не во наше име! Потпишани: Наташа Петровиќ – актерка, Тамара Ристоска – актерка, Жаклина Стевковска – актерка, Горјан Атанасов – монтажер, Дејан Димески – кинематографер, Ана Јакимска – режисерка и сценаристка“, се наведува во реакцијата на филмските работници, објавена на Фејсбук од режисерката Јакимска.

АНА ЈАКИМСКА Оваа режисерка и целата екипа на „Синиот час“ протестираше заради доделената награда на Киненова

Како што претходно пиша Градска.мк, за организаторите на Киненова, не е спорно, тоа што за Лечиќ се водеа судски процеси за силување на своја колешка во Србија.

-Ние доделуваме награда за особен придонес во филмската уметност, а не му судиме на актерот Лечиќ.  Дополнително процесот на неговото доаѓање беше договорен уште од 2018 година, еднаш го одложивме но сега повторно го поканивме бидејќи е навистина квалитетен автор, изјави за Градска.мк, директорот на Фестивалот, Небојша Јовановиќ.

На дополнително прашање дали Јовановиќ помислува какво чувство оваа награда за актерот Лечиќ ќе предизвика кај жените, тој додаде дека на програмата има многу филмови кои ќе допринесат во борабата со насилството врз жените и секако нивна заштита.

(gradska.mk)

Filed Under: Ревија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet