Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

НАГРАДЕНИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ НА ПРОВЛАДИНИОТ НОВИНАР

January 19, 2021 Filed Under: Свет

Новинарот кој е по втор пат прогласен за најдобар во Русија пред неколку години сними срамен документарец во кој го фалеше Бенито Мусолини!

ПОДДРШКА Наводно најдобриот новинар има поддршка од 6 отсто од анкетираните

Владимир Соловјов, ТВ и радио водител и истакната личност за дезинформации на руските државно контролирани медиуми е прогласен за најпопуларен новинар во Русија во 2020 година, според анкетата на рускиот Центар за истражување на јавното мислење ( ВЦИОМ / VTSIOM), пишува „Еувсдисинфо“.

Анкетата, заснована на интервјуа со 1.600 лица, покажа дека Соловјов ја обезбедил својата титула, втора година по ред, со поддршка од 6% од испитаниците. Триумфот на Соловјов беше дополнително зацврстен преку неговата ТВ-емисија, која се емитува во државниот канал „Росија 1“, која  беше прогласена како една од трите најпопуларни програми за оваа година, заедно со вестите „Вести“ (според 6% од испитаниците ) и политичко ток-шоу „60 минути“ (според 5% од испитаниците).

Популарниот блогер на Јутјуб, Јуриј Дад, главниот уредник на РТ Маргарита Симонијан, новинарот ветеран Вадимир Познер и Андреј Пивоваров ја делат титулата втор најпопуларен руски новинар за 2020 година, секој по 2% од гласовите.

Колку и да се фасцинантни, сепак резултатите презентирани од ВТСИОМ, државна агенција за анкети, мора да се земат со малку „сол“. Уште во 2007 година, истрагата на независниот руски медиум „ Њуз тајмс“ потврди дека ВТСИОМ во своите истражувања користел такви прашања со кои ќе го претстави јавното мислење во корист на руските власти. Во 2019 година, рускиот независен ТВ канал ТВ Раин го обвини ВТСИОМ за прикривање на опаѓачкиот рејтинг на претседателот Путин со прилагодување на методологијата на нивното истражување. На наменски формулираните прашања, рејтингот на Путин драматично растел од 30,5% на 72,3%. Во 2020 година, според ВТСИОМ , претседателот Путин остана најпопуларниот политичар во земјата, според 38% од испитаниците. (Во слична анкета на Левада Центар, независна организација за анкетирање, 33% од испитаниците го именуваа претседателот Путин за личност на годината).

ПРОПАГАТОРКА Маргарита Симонијан од „РТ“ важи за класилчна Путиниова пропагаторка – таа е втора по популарност со 2 отсто од гласовите

Резултатите од анкетите на ВТСИОМ, сепак нешто зборуваат, но не за тоа што го покажуваат, туку за тоа што го исклучуваат. Според анкетата на ВТСИОМ спроведена кон крајот на 2019 година на 44% од Русите им било тешко да одговорат кој вид на масовни медиуми ги сметаат за најпопуларни. Само 13% сметале дека тоа е телевизијата, а веднаш потоа е Интернетот (според 12% од испитаниците).

Дезинформациите наградени

Титулата најпопуларен руски новинар не е првата чест што му е укажана на Соловјев. Во 2017 година, тој доби ТЕФИ – награда која ги слави најпризнатите професионалци на руската телевизија, како најдобар водител на интервјуа на годината.

Интервјуата на господинот Соловјев и неговите ток-шоуа се навистина незаборавни. Од 2015 година, документиравме над 180 тврдења за дезинформации кои потекнуваат од неговите ТВ и радио програми, вклучувајќи неосновани обвинувања дека Украинците страдале од американско тестирање на вакцини ; дека Западот сакаше да ја претвори Белорусија во земја на хаос ; дека организацијата Бели шлемови организираше хемиски напади во Сирија ; и многу повеќе. Соловјов не е само истакнат глас на про-Кремљ дезинформаците, туку и филмски продуцент. Во 2013 година тој продуцираше филм кој го прикажува италијанскиот фашистички водач Бенито Мусолини како храбар водач, пишува „Еувсдисинфо“.

(Вистиномер)

Filed Under: Свет

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet