Во саботата – еден ден по терористичкиот напад врз две џамии – атентаторот од Крајстчрч, официјално е обвинет за убиство на 49 луѓе. Потресените граѓани им оддаваат почит на жртвите на теророт. Порака на шефицата на полицијата од Окленд, инаку муслиманка, беше дека со „љубов ќе се победи омразата“
Судот на Нов Зеланд покрена обвинение против Австралиецот Брендон Тарант кој во напад на две џамии во Крајстчрч уби 49 лица и рани неколку десетици верници. Десничарскиот екстремист Тарант се појави во судот каде со раката направи знак на белите супремисти, а за време на сослушувањето и покренувањето на обвинението остана целосно рамнодушен.
На сослушувањето можеа да присуствуваат само мал број новинари од безбедносни причини. Тарант (28), поранешен фитнес инструктор и самопрогласен „фашист“, ќе остане во притвор до наредното сослушување закажано на 5 април.
Во нападот, кој е спроведен за време на петочната молитва кога двете џамии се полни со вреници, ранети се неколку десетици лица, а според локалните медиуми, 39 сѐ уште се наоѓаат во болница. Лекарите работеа на санирање на повредите, јавија локалните медиуми и додадоа дека хирурзите во текот на ноќта имале интервенции во 12 операциски сали во неколку болници.
Во меѓувреме, имамот на една од нападнатите џамии, Ибрахим Абдул Халим, рече оти муслиманите го сакаат Нов Зеланд и додаде дека екстремистите никогаш нема да ја разнишаат оваа доверба.
Крајстчрч е трет град по големина на Нов Зеланд, земја која што има ниска стапка на криминал и вооружени напади. Полицијата ги повика граѓаните да не го споделуваат видеото на кое се гледа како напаѓачот ги ликвидира верниците од мала оддалеченост. На видеото кое го снимал самиот напаѓач со камера која била поставена на кацига на неговата глава можат да се видат грозоморни сцени од самиот напад, но и патот на напаѓачот до џамијата.
Додека патувал кон џамијата, убиецот, инаку австралијски државјанин со работ ничко потекло, слушал и српска националистичка музика во која се величи поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ. Според манифестот кој го објавил на Твитер, убиецот веројатно се „инспирирал“ од конспиративни теории кои потекнуваат од Франција (според извештајот на Гласот на Америка) а според кои, европското население ги губи своите татковини поради миграцијата на странци со повисок наталитет. Според бугарската полиција и нивната оицијална врзија убиецот пред неколку одини бил на Балканот – влегол во Црна Гора, потоа бил во БиХ и Хрватска, потоа во Србија, од каде дошол кај источниот сосед, претстјувал таму 15 дена а потоа заминал за Романија и Унгарија.
Убиецот пишува дека клучни моменти во неговата радикализација биле поразот на француската десничарка Марин Ле Пен на изборите во 2017 година, и смртта на 11-годишната Еба Акерлунг во терористичкиот напад во Стокхолм во 2017.
Полицијата во Крајстчрч соопшти дека се уапсени уште три лица, но нивниот идентитет не се соопштува.
На видеото кое го снимил напаѓачот може да се види разновидно оружје и муниција со пораки испишани на англиски и на различни источно-европски јазици. Најбројни се имиња на историски личности од југот на Европа кои се бореле против Отоманското царство во 15 и 16 век, како и имиња на некои крстоносци. Меѓу нив и на српскиот цар Лазар.
Интересен е податокот дека шефот на полицијата на Нов Зеланд е инаку муслиманка, која борејќи се со солзите упати емотивна поака до блиските на убиените и ранетите. Наила Хасан даваше изјава на главниот плоштад на Окленд – Аотеоа, Потсти дека е „горда муслиманка и шеф на полицијата на Нов Зеланд“ „Ова е порака за претпазливост, за да се осигура иднината на напите баќа и сестри ширум Нов Зеланд. Знам дека е ова вознемирувачко доба, особено за муслиманската заедница“ – истакна Хасан и додаде „нема да бидеме заплашени“, но и дека „ќе ја победат омразата со љубов“одговарајќи на паролите кои ги носел убиецот Харисон Тарант (28). Тој одново ќе излезе пред суд на 5 април.