Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

НАМЕСТО АМНЕСТИЈА: ПРОЧИСТУВАЊЕТО НА СУДИИТЕ И ОБВИНИТЕЛИТЕ МОЖЕ ДА СЕ ВРШИ И ПРЕКУ МОНИТОРИНГ

December 10, 2019 Filed Under: Македонија

Судијката Цаца Николовска, професорката Беса Арифи и заменик министерот за правда Оливр Ристовски дадоа низа интересни оценки за состојбите во третата власт на трибината насловена како „Правда намесѕо амнестија“

ЕКИПА НА ГЛОБУС

БЕСА АРИФИ Не треба да се губи ниту ден ниту час за тие процеси почнати од СЈО да добијат правна разрешница. Бидејќи, има случаи кои застаруваат, обвинети и осудени бегаат од државата

Прочистувањето на судиите, обвинителите, адвокатите  требаше да се изврши многу одамана, за да не преовлада мислењето дека сите судии не се добри, рече Маргарита Цаца Николовска, уставен судија на трибината на тема „Правда наместо амнестија“, во организација на СДСМ. Прочистувањето однатре не врдои со плод, но тоа може да се изврши од страна на Судскиот совет и Комисијата за спречување на корупцијата, рече Николовска.

Цаца посочи дека оценување на судиите треба да се врши во секое време, особено во земји каде има проблем со независност и пристрасност.

–  Потребен е мониторниг кој може да се изведе и без законски решенија, каде ќе се мониторира работењето на судиите и обвинителите, а тоа може да се врши од страна на многу институции, истакна Николовска, додавајќи дека и Судот за човекови права ги мониторира судовите.

Мониторингот може да овозможи одредено прочистување кај судиите обвинителите, адвокатите и правобранителите, но секој мора да одговара за незаконско работење заклучи Николовска на трибината во организација на СДСМ – вели оваа судијка.

ЦАЦА НИКОЛОВСКА Оценување на судиите треба да се врши во секое време, особено во земји каде има проблем со независност и пристрасност

Учесничката на истата трибина – профсорката Беса Арифи посочи дека со давањето аболиции без да има правен основ, Иванов стори кривично дело кое не застарува.
– Со Одлуката на Законодавно-правната комисија веќе се утврдува дека кога Ѓорге Иванов ги носел одлуките за помилување, немал правен основ да го прави тоа, ако кога некој на јавна функција носи одлуки без да има правен основ, тоа е кривично дело на злоупотреба на положбата и тоа е кривично дело кое не застарува и нема никакви пречки сега да се побара одговорност од Иванов, порача Арифи на трибината „Правда наместо амнестија“,
Арифи истакна дека предметите отворени од Специјалното јавно обвинителстви мора да продолжат и да се забрзаат затоа што тоа е важно за правдата.
– СЈО не е еден човек кој сега можеби е обвинет во кривична постапка и тоа нема да ги избрише или укине делата за кои СЈО покрена обвиненија. Добро е што предметите преминаа во редовните обвинителства и што се работат од обвинители од СЈО. Не треба да се губи ниту ден ниту час за тие процеси да добијат правна разрешница. Бидејќи, задоцнета правда е нереализирана правда, гледаме сите дека има случаи кои застаруваат, обвинети и осудени кои бегаат од државата, порача Арифи.
Колку повеќе случаите ќе се одолговлекуваат, толку повеќе ќе се ибегнува правдата и затоа обинителите и судовите треба да сторат се за да има што побрза правна разрешница, заклучи таа..

– Имаме доволно механизми во сегашните законски решенија кои досега не се применувале, истакна Оливер Ристовски, заменик министер за правда,и член на ЦО на СДСМ на трибината „Правда наместо амнестија“. Државната комисија за спречување на корупција најави дека во годишниот план за 2020 година,во првото тромесечие, ќе влезе проверката на судии и јавните обвинители . Ќе се проверува и оценува постоење на непотизмот, на начиниот на кој се избрани, знаеме како се избираа во периодот од 2006-2016 година, посочи Ристовски.
Од друга страна УЈП, врз основа на законски основи и механизми за спроведување на постапки за потекло на имот и нивните примања, истакна Ристовски.
Тоа всушност меѓу другото значи прочистување на судството, заклучи тој, додавајќи дека единствените кои бегаат од правдата се ВМРО-ДПМНЕ,а денес нема грубо мешање и диригирање на работатта на судовите, правдата е спора но доаѓа. Затоа, залудни се сите обиди да се искриви вистината и погрешно да се насочи јавноста.- тврди Оливер Ристовски.

ОЛИВЕР РИСТЕВСКИ Имаме доволно механизми во сегашните законски решенија кои досега не се применувале

Тој посочи дека за граѓаните не е спорно кој бега од правдата, тоа се криминалците од времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, иако тие уште активно учествуваат во креирањето на политиката и во носењето на законите. Судовите и обвинителството не се пречка за постоење и владеење на правдата, туку поединци, не дека се е идеално туку има многу работа ,правдата е поспора , но ќе дојде.-посочи Ристовски.

Тој додаде дека потребна е поголема улога и активност од страна на граѓанскиот сектор.

Министерството за правда од своја страна превзема се што е во негова надлежност , се што е поврзано со судството, но не смее да се меша во нивната работа.

 

 

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet