Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

НАПАД НА МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ ОД ПОД СОМНИТЕЛНИ ЦРКВЕНИ ПЛАШТИ

November 3, 2020 Filed Under: Македонија

Обидот да се напаѓа министерот Филипче за некој настан кој се случил пред 105 години во Охрид и кој е на ниво на „урбани легенди“ е недостоен за коментар. Ама тој се случува и тоа на сајт каде има и премногу вести за православно милје

НЕМА КОРОНА На порталот пуштена литија со која се порекнува постоењето на ковидот

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Говорејќи на програмата на Ал Џазира за регионалните бизнис вести во неделата напладне, аналитичарот од Љубљана Зоран Батагеј истакна дека најмалку 30 отсто од Словенците се уште не веруваат во тоа дека ковид -19 постои,, односно дека оваа популација, главно меѓу тинејџерите и помладите лица, едноставно се однесува опуштено и тоа му се осветило на целото општество. Така, земјата која беше пример за тоа како една заедница се справува во вирусот, дури и многу подобро од другите членки на Унијата ова лето се „побалканчила“

Кај нас растот на короната или барем само стагнацијата на бројот на заразените е присутен од велигденските и рмазански празници и не може да се врзе само за одреден сегмент на населението, само за верските заедници или само за најодговорните во земјата  Политиката генерално не може да се амнестира, бидејќи таа мислеше на политичќките избори и на моменти знаеше да биде попустлива во својата првична строгост и исплашеност. Ова посебно важи за опозицијата која цело време со своето контрирање на секој чекор на здравствените власти може да конкурира за некаква титула на врвна инаетливост на штета на целото население. Проценка беше дека тука е слабата точка на вкласта и дека на сејкој потег на екипата на Заев треба да оди со спротивна чекори и слутења сигурна дека ефекти од приосуство на ковидот и онака ќе има…

– Најостро реагирам на повторниот обид на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести и новите мерки за превенција од понатамошно ширење на вирусот. Ова е смислен и тенденциозен обид за дневно-политички поени кој директно го загрозува здравјето на населението – изјави неодамна министерот за здравство Филипче. – Од почеток на ковид кризата во земјата, од опозицијата не видовме ништо друго освен неконструктивно делување, опструкции и критики кон сите кои даваат максимални напори во справување со вирусот во земјата. Имено, токму заменичката министерка за финансии во техничката влада од редовите на ВМРО-ДПМНЕ со месеци го одолговлекуваше и воопшто не го ни потпиша заемот од Светска Банка и со тоа практично го запре

Се работеше за заем под најповолни услови во висина од 90 милиони евра со кој требаше, меѓу другото уште летоска да се изградат модуларни ковид центри шиорум земујата за да се намали идниот притисдок врз постојните капаците. Веројатнио народот тоа го зборави ама потсетен секако реагираше бурно, па тоа одење против владините мерки по секоја цена и во секое време покажува негативни, бимеранг ефекти. Барањњето за одложување на гласањето за нов градоналчалник во Штип е јасен индикатор како стојат работите за екипата на Мицковски.

Јасно е дека министерот за здравје за опозицијата беше постојана цел на опозицијата. Во персдонална смисла повеќе беше интересен за ВМРО ДПМНЕ, додека албанските опозициони партии ги одбегнуваа нападите врз конкретни имиња. Во тие атаци не се бираа многу средства и креирање на ситуации само да се еродира ликот на министерот Филипче.

ИСУС НЕ НОСЕЛ МАСКА Во Православно братств о има наслов со кој се сугерира дека Исус не носел маска – служба во која учествува и пред некој ден упокоениот митрополит Амфилохие, кој почина од корона

Пресметката со нашите здравствени власти во екот на борбата со пандемијата деновиве доби и една нова, перфидна форма која во себе ја вјклучува и верата. Таа „техника“ се изведува преку еден релативно нов портал на Фејсбук, кој по понудената содржина одразува наклонетост кон теми од православието.  (види https://www.facebook.com/Od.Predanieto.na.Svetite.Otci/posts/1473553386178951 ). Таму е пласирана тема за грабеж кој е извршен по охридските цркви од страна на бугарските привремени власти во 1915 години. Накусо, се тврди дека овие насилници барале артефактии и ги однеле со асистенција на познатото охридско семејство Филипчеви. Од истото, нели, потекнуваат неколку генерации познати лекари од кои сега се издовјува и актуелниот министер за здравје.

Што е спорно во ова писание?

Најнапред фактот дека постои список на наводно украдени предмети со дадена цена и тоа во евра?!  Има некаков список  на ограбени предмети ама нема назначен извор каде точно се наоѓале тие предмети ниту претходно, дали му припаѓале на семејството Филипчеви и дали тие предмети, како што се вели во оваа, да ја наречеме урбана легенда биле нивни, или на црквата генерално, на некоја црква поединечно , што е особено важно ако некогаш се прави овбид за реституција на вреден имот?! При тоа, се пренебегнува фактот дека Охрид како и останатиот дел од Вардарска Македонија и онака од 1874 година бил под верската власт на Егзархијата а не повеќе под власта на цариградската црква. Оттасму, бугарските свештеници имале доволно време точно да знаат каде се наоѓаат тие предмети и дали требале да ги бараат, да речеме предметите поврзани со свети Климент, апострофирани во овој текст. Зошто бугарските власти морале, сега под секоја цена да бидат насилни ако веќе го имале „списокот“ и јавно се знаеле поседниците, бидејќи, наводните предмети поврзани со овој светител на секој празник станувале дел од литија со која се минувал градот неколку пати …

На што се базира делот од сторијата дека две локални семејства (Икономовии и Спростанови) го издржале притисокот од окупаторот ама третото (наводно Филипчеви) потклекнале или дури доброволно го дале поседуваното богатство. Зошто тогаш тие не би биле предмет на осуда на верниците кога бугарските војници си заминале од овие предели или кога не можеле да штитат никого од присвојувачите?

НАВОДНАТА КРУНА НА СВЕТИ КЛИМЕНТ Некаде стои дека оваа круна ја добил егзархискиот свештеник во средината на 19 век и дека пристигнала од Италија:!

Просто останува за неверување една таква афера, како што е опишана, да опстои без да има историска верификација цели 105 години! За овој настан говори во една прилика доајенот новинар Јован Поповски кој нашол чуден лист на хартија која тој ја нашол во една охридска фурна, во рамки на купот хартии кои се користеле во работа на овој објект (гоорење, виткање на гевреци)  Потоа тој вели дека тој список го однел во локалниот Музеј од каде исчезнал! Зошто барем тој не ја откриол вистината?! Дали затоа што во списокот зад однесените предмети, известие до тогаш актуелниот прмиер на бугарската влада (најдениот документ) стојат и потписи на угледни охриѓани? И тоа не се Филипчевци (види https://forum.kajgana.com/threads/ Украдени-исчезнати-македонски-скапоцености.75307 или https://www.dnevnik.bg/bigpicture/2014/10/04/2391694_izlojbata_bulgarska_avtokefalna_arhiepiskopiia_v_ohrid/).

Публицистот Нове Цветаноски, кој објави книга за овој случај тврди дека не можел да дојде до веродостоен документ, односно оригинална документација за тоа што е се одземено во 1916 година.од охридско.

Но, да не навлегуваме во истата замка која ја поставил уредникот на тој православен пост. Постојат правила за реституција и тоа е тема за себе. Никаде нема било каков доказ дека во сето тоа што се случувало пред повеќе од еден век има некаква вина на семејството а камо ли да се постави името на далечните предци на актуелниот министер за здравје Филипче, па во тој контекст да се издвои за да се искористи, нема двојба за дневен, политички атак, за негово сегашно валкање.

Фактот што тоа го врши сајт на кој имаме и содржини поврзани со руската православн црква не насочува на некои пошироки стратешки претензии кои не се ниту малку наивни.

„Мислев дека сме попаметен народ.Со Со-19 се покажа спротивното. Неспокој и коцкање.Не од самиот вирус кој во моментов рекордно се прошири, туку имаме луѓето кои не го признаваат неговото постоење.Ја плаќаме цената на дружбите, незнаењето, игнорирање на науката. Слави (и се околу нив), религиски обреди (и се околу нив),спортски тренинзи (и се околу нив) придонесоа за оваа состојба. Време во кое се покажа дека турските серии го победија разумот. Без маска се коцкате со сечиј живот,а добро знаеме каква е добивката со коцкањето.Во ова коцкање победува само бр.19“ – напишал еден коирисник на фејсбук релации.

Нема во тоа „православско братство“ само злонамерни и подметнатни приказни. Но видливо е дека имаме примери кои го користат православието за да проповедаат дека пандемијата е лажна. Погледнето го видеото (https://www.facebook.com/watch/?v=555680318421390) од литија посветена на тоа негирање објавена на споменатиот портал а снимена во местото Виница во Украина. Легендата барем кажува дека намената на тој собир е порекнување на болеста. И се ќе биде јасно. Или текстот „Сте го виделе ли Исус да носи маска?“.Ако тој не носел маска (а кој го видел за да се закоклне!) Значи ќе не спасат прскањата на Агатангел по улиците во Повардарието (ситиот е најчесто присутна персона на сајтот!), но како што гледаме тоа не се случи, па градоначалнкот бара Веес да стане затврен град!  Па потоа ако продолжите да пребарувате по содржините на сајтот пак одвреме-навреме ќе се сретне трактат протиов Филипче како „насилен вакцинатор“, по што следат прилози за ерменските свештеници кои со пушка во рацете одат во бој; ова не пречи уредникот да постави и прилог со сосема друг контеккст кога оружјето е во прашање, за тоа дека тој кој за нож се фаќа од нож и гине (наменет овој пат за Саломе), иако концептуално само се внесува забуна во главата на корисникот на сајтот…  Ако сме поупорни ќе дојдеме и до нова „офанзива“ контра Филипчеви ..И религијата се користи во обидот да слабее джавата, одбраната од ковидот, како влез во зоната на хаосот.

(Љ.К.)

Filed Under: Македонија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet