Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

НАРОДНА БАНКА: ДА НЕ ПАНИЧАРИМЕ СО ИНФЛАЦИЈАТА

October 27, 2021 Filed Under: Македонија

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска најавува умерена нагорна ревизија на проектираната инфлација од 2,2 проценти.

АНГЕЛОВСКА-БЕЖОВСКА: Најверојатно ќе направиме умерена нагорна ревизија на инфлацијата

Во изјава за медиумите, Ангеловска-Бежоска рече дека со оглед на движењето на цените на храната и на енергенсите, најверојатно ќе биде направена умерена нагорна ревизија на инфлацијата со следните макроекономски проекции.

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска најавува умерена нагорна ревизија на проектираната инфлација од 2,2 проценти.

Во изјава за медиумите, Ангеловска-Бежоска рече дека со оглед на движењето на цените на храната и на енергенсите, најверојатно ќе биде направена умерена нагорна ревизија на инфлацијата со следните макроекономски проекции.

– Со априлскиот циклус на проекции проектиравме стапка на инфлација од 2,2 проценти, но судејќи ги најновите остварувања кај инфлацијата, како и проекциите, особено за движењето на цените на храната и енергијата, најверојатно ќе направиме умерена нагорна ревизија на инфлацијата. Тоа ќе биде направено со новиот цикулс на макроекономски проекции кој е во фаза на финализација, изјави Ангеловска-Бежоска по настанот посветен на проектот за зголемување на употребата и достапноста на официјалните статистички податоци во Република Северна Македонија.

Инфлацијата, како што додаде, засега се очекува да остане во умерени рамки, како што предвидува и Меѓународниот монетарен фонд.

Во однос на стабилноста на денарот, гувернерката повтори дека оптимална стратегија е стратегијата на одржување на стабилен девизен курс, а причината за тоа, како што рече, е структурата на домашната економија.

– За да може оваа стратегија да се одржува стабилно од клучно значење е нивото на девизни резерви. Нивото на девизни резерви согласно сите меѓународни стандарди се одржува на високо солидно ниво, оцени Ангеловска-Бежовска.

Гувернерката на Народната банка на РСМ, Анита Ангеловска Бежоска, на означувањето на официјалниот старт на проектот „Зголемување на употребата и достапноста на официјалните статистички податоци во Република Северна Македонија“ на кој ДЗС работи со Шведскиот завод за статистика, рече дека статистичарите во изминатите години беа предизвикани не само од пандемијата, туку и зголемената дигитализација.

„Статистиката игра клучна улога во зачувувањето на вредноста на податоците. Во новата ера, кога имаме отворен пристап до повеќе извори на информации, не е доволно официјалните статистички податоци да се дисеминираат поефективно, туку е потребно пошироката јавност да ги прифати, разбере и да има доверба во нив“, изјави Ангеловска Бежоска.

СТАТИСТИКА Потребно е пошироката јавност да ги прифати, разбере и да има доверба во податоците – изјави Ангеловска Бежоска

Висококвалитетната и сигурна статистика, посочи Ангеловска Бежоска, е главното оружје против дезинформациите и лажните вести.

„Како ние како произведувачи на статистички податоци можеме да придонесеме во овој поглед. Се чини дека соодветното пренесување на нашите податоци во јавноста може да помогне да се истакнат статистичките податоци со низок квалитет. Треба да размислиме како да ги приближиме до јавноста статистичките производи од нашата работа. Точно е дека ние како централни банки на јавноста и доставуваме огромно портфолио на статистички податоци со многу димензии, мета податоци и јавни објаснувања, меѓутоа податоците или објаснувањата може да немаат ефект доколку не стигнуваат до јавноста и не влијаат врз нивните одлуки“, изјави Ангеловска Бежоска.

Според некои проценки до 2025, посочи Ангеловска Бежоска, глобално ќе се создаваат 463 ексабајти податоци секој ден.

„Ова значи генерирање огромен број податоци, што може да ги замати официјалните статистички податоци со што на луѓето ќе им се отежне процесот на нивно читање и разбирање. НБРМ во таа насока ја препознава важноста на комуникацијата и се вклучува во многубројни активности во таа област“, изјави Ангеловска Бежоска

Filed Under: Македонија

ШТО СЕ’ СЕ КРИЕ ЗАД ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРНЕРСТВО СО БРИТАНЦИТЕ?
ПОЛИТИКА КОЈА НЕ Е ЗА ЕУ, ЗЕМА И АНТИЕВРОПСКИ КРЕДИТИ
СИ ЏИПИНГ: РУСИЈА Е НАШ ВАЗАЛ ОТСЕГА ПА НАТАМУ
КАНСКА КОНКЛАВА: БРАК ОД ЉУБОВ
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ (129): КРЕМЉ ЌЕ БИДЕ ОБЕСХРАБРЕН, САМО УКРАИНА Е ВООРУЖЕНА ДО ЗАБИ

Најново

  • ШТО СЕ’ СЕ КРИЕ ЗАД ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРНЕРСТВО СО БРИТАНЦИТЕ?
  • ПОЛИТИКА КОЈА НЕ Е ЗА ЕУ, ЗЕМА И АНТИЕВРОПСКИ КРЕДИТИ
  • СИ ЏИПИНГ: РУСИЈА Е НАШ ВАЗАЛ ОТСЕГА ПА НАТАМУ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet