НАСА прави 50 до 100 нови извештаи за пријавени случаи на НЛО (неидентификувани летечки објекти) секој месец. Американските власти досега истражиле околу 800 мистериозни случаи, но само мал дел од нив навистина потпаѓаат под поимот „мистериозно“
Оваа недела НАСА го одржа својот прв јавен панел на тема набљудување, известување и анализа на податоците што агенцијата ги добива за неидентификувани летечки објекти (НЛО).
Општото мислење за време на панелот беше дека има потреба од повеќе висококвалитетни податоци за истражување на неидентификувани воздушни феномени (НЛО). се дефинирани како видувања кои не можат да се идентификуваат како авиони или познати природни феномени од научна перспектива, пишува германски Шпигел.
„Истражувањето на НЛО е исклучително важно од безбедносни причини“, им рече на новинарите администраторот на НАСА, Ден Еванс. Најпрвин, потребни се податоци со подобар квалитет
НАСА произведува 50 до 100 нови извештаи за пријавени случаи на НЛО секој месец. Властите досега истражиле околу 800 мистериозни случаи, но само мал дел од нив навистина потпаѓаат под поимот „мистериозни“.
„Податоците од минатото не можеа да се разјаснат порано бидејќи беа премали, односно неквалитетни. Во иднина ќе биде потребно да има далеку поквалитетни податоци. Засега нема докази за постоење на вонземски живот“, изјави Дејвид Спергел, претседател на тимот за UAP на НАСА.
„Секој месец имаме од 50 до 100 нови извештаи. Сепак, само два до пет проценти од вкупната база на податоци спаѓаат под терминот „необјаснето““, рече Шон Киркпатрик, директор на Канцеларијата за решавање на аномалии на сите домени (AARO), која е дел од Министерството за одбрана на САД.
Во извештајот на Пентагон од 2021 година се вели дека од 144 видени предмети од воени пилоти од 2004 година, сите до еден останале необјаснети. Официјалните лица не ја отфрлија можноста дека предметите се вонземски.
Киркпатрик нагласи дека загриженоста за приватноста е проблем, имено дека тие ги ограничуваат истрагите на агенцијата.
„Ние можеме да го насочиме најголемиот апарат за собирање податоци во светот до која било точка. Но, луѓето не сакаат да копаат во нивниот двор или околу имотот каде што живеат“, вели Киркпатрик.
Податоците поврзани со НЛО честопати тешко се толкуваат и може лесно да се искриват.
Дејвид Спергел како пример го спомена изливот на радио бранови фатени од истражувачи во Австралија.
„Имаа навистина чудна структура. Луѓето не можеа да разберат што се случува. Нè вознемирија. И тогаш брановите станаа најсилни и најчести околу трпезариската маса на едно семејство. Се испостави дека чувствителните инструменти што ги користеле истражувачите земаа сигнали од една микробранова печка за време на загревањето на ручекот“.
Има многу примери каде луѓето, дури и оние од најстручните области на науката, мислат дека се работи за вонземски објект или контакт.
Скот Кели, поранешен астронаут и пилот со децениско искуство, ја раскажа приказната за оптичката илузија.
Тој и неговиот копилот летале во близина на Вирџинија Бич и колегата бил убеден дека покрај нив прелетал НЛО.
„Се свртевме, отидовме да го пресретнеме и испадна дека е балон со ликот на Барт Симпсон.
Дејвид Спергел вели дека би сакал пилотите на комерцијалните летови во иднина да бидат малку потранспарентни, бидејќи, можат да примаат секакви работи, но тоа не го пријавуваат.
„Една од нашите цели е да ја отстраниме стигмата бидејќи има потреба од висококвалитетни податоци за решавање на важни прашања за НЛО-ата. Мора да работиме на транспарентност. Што крие НАСА?“, прашува магазинот Шпигел..
Астрономите од Универзитетот во Манчестер деновиве објавија дека по втор пат во историјата се откриени повторливи сигнали од вселената со шема, односно мистериозен брз излив на радио бранови кој се повторува во редовни интервали, а неговиот извор не е познат.
Една од најважните карактеристики на мистериозните сигнали од длабоката вселена е тоа што тие се краткотрајни и непредвидливи. Тие обично се појавуваат ненадејно на некој дел од небото и траат само неколку милисекунди.
Меѓутоа, повторувањето на радио брановите, кога тоа не е само еден интервал, туку неколку последователни, се многу ретки и го привлекуваат вниманието на науката.
Овие сигнали се меѓу најфасцинантните мистерии во космосот. Тие се исклучително моќни – некои ослободуваат повеќе енергија од 500 милиони ѕвезди како Сонцето, а траат помалку од око да трепнеш.
Според астрономите, уште пофасцинантен феномен од повторувањето на радио брановите се оние кои се повторуваат во редовни интервали, на секои неколку дена или месеци, како да се усогласени со некој невидлив космички часовник.
Минатата година научниците открија осум нови повторливи сигнали, што значи дека досега се забележани вкупно десет.
На почетокот на оваа година, научниците за прв пат забележаа таков радио сигнал од вселената. Забележале дека се повторува на секои 16,35 дена. Овој необичен излив на радио бранови емитува сигнал или два на секој час во текот на четири дена, а потоа е неактивен во следните 12 дена, само за да го повтори циклусот.
Сега астрономите забележале друга шема во друг случај – овде, радио сигналите од вселената се појавуваат 90 дена, по што следи мирен период од 67 дена во текот на кој нема сигнал. Оваа шема се повторува на секои 157 дена, пишуваат научните портали.
„Досега забележавме само уште еден таков сигнал. „Периодичноста ни кажува дека објектот што ги создава радио брановите веројатно е во орбита со друго астрофизичко тело“, изјави за Си-Ен-Ен астрономот Кустиб Раџваде, раководител на студијата и постдокторски соработник на Универзитетот во Манчестер.
Најновиот сигнал доаѓа од дел од универзумот кој е оддалечен дури три милијарди светлосни години од Земјата, а се работи за џуџеста галаксија.
Фактот дека оваа шема на повторувачки сигнали е десет пати подолга од друга слична шема што се повторува на секои 16 дена, го покажува потенцијално големиот опсег на можна вселенска радиобранова активност, велат истражувачите.
Експертите веруваат дека овие сигнали би можеле да бидат предизвикани од орбитата на масивна ѕвезда, црна дупка или густа неутронска ѕвезда, но сè уште нема докази.
Можните објаснувања за изворите на различни видови космички сигнали се движат од супернови, црни дупки до вонземјани.