Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

НАСЕР СЕЛИМИ : ЖАЛНО Е ШТО СЕ НАМАЛУВА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА КОГА ПОТРОШУВАЧКАТА КОШНИЧКА СЕ ЗГОЛЕМУВА

October 1, 2024 Filed Under: Македонија

ДЕСТАН ЈОНУЗИ

СЕЛИМИ Индексот на потрошувачката постојано се зголемува – вели професорот

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, просечната месечна плата по вработен, во јули годинава изнесувала 40.961 денар. Или за 1.000 денари помалку од платата во месец јуни кога изнесуваше 41.939 денари.

– Предметниот индикатор ни покажува влошување на нашата благосостојба и животниот стандард на ниво на земјава. За 1.000 денари сме посиромашни во јули годинава во однос на претходниот месец. Жално е, особено кога месечната потрошувачка кошничка, индексот на потрошувачка секогаш се зголемува, вели во изјава за „Фронтлјан“, Насир Селими – професор на Факултетот за бизнис и економија при Универзитет на Југоисточна Европа.

Јована Тренчевска, пратеничка на СДСМ смета дека ова не е само статистика.

– Ова намалување на просечната плата ги одразува погрешните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ од една страна и претставува удар врз стандардот на граѓаните од друга страна. За прв пат, после седум години постојан раст, сведоци сме на пад на просечната плата кај нас – намалена е за 1.000 денари. Пад од 1.000 денари значи помалку пари во џебот на народот, помалку пари за храна на трпезите, помалку можности, намален квалитет на живот, понизок стандард, изјави Јована Тренчевска, пратеничка на СДСМ.

Според опозициската СДСМ политиките на владата потфрлија во клучната сфера, платите на луѓето, токму онаму каде граѓаните најмногу очекуваа и каде најмногу им е потребно.

– Наместо да поттикнуваат раст и зголемување на платите ВМРО-ДПММНЕ ја враќа политиката од минатото владеење каде работниците беа евтина работна сила. Ова намалување на просечната плата е јасен показател дека нивното економско управување не е само несоодветно – тоа е и штетно, подвлече Тренчевска.

СДСМ, додава таа, во изминатите години ја зголемуваше просечната плата во континуитет и во време на кризи и достигна над 41.000 денари.

– Во времето на ДПМНЕ, во 2015 година, просечната плата изнесуваше само 20.853 денари. Платата постојано растеше со СДСМ со години наназад, во 2020 година просечната плата беше 28.294 денари, во 2022 година беше 34.364 денари а во 2024 година достигна над 41.000 денари. Дојде ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и платите почнаа да паѓаат. Неприфатливо е која било влада да дозволи тоа да се случи, особено кога семејствата се борат со секојдневните поскапувања, нагласи таа.

ТРЕНЧЕВСКА За прв пат, после седум години постојан раст, сведоци сме на пад на просечната плата

Опозициската СДСМ бара владата на Христијан Мицкоски да ја промени оваа погрешна политика и да ги зголеми платите.

– СДСМ ќе продолжи да се бори за поголеми плати, правични плати и подобри услови за живот за сите наши граѓани, велат социалдемократите.

Од друга страна, од владеачката ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека додека државата имаше раст на БДП по глава на жител во период од 2017 до 2022 од само 20%, во Србија растот е 50%.

– За истиот период во Бугарија по глава на жител БДП се зголемил за 64%. Повеќе од двојно поголем раст од Македонија има и Албанија, каде по глава на жител во периодот од 2017 до 2022 година БДП пораснал за 52%. Во 2017 Македонија има поголем БДП по глава на жител и од Албанија и од БИХ, сега и двете земји кои беа зад нас не поминаа, а Србија, Бугарија и Црна Гора се уште повеќе пред нас, велат од ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од партијата на Мицкоски.

(civil.mk)

Filed Under: Македонија

СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ
ПУТИНОВ ПОКЕР, РУСКИ РУЛЕТ (136): ПРИХОДИТЕ ОД НАФТА СЕ ТОПАТ, ШТО ЗНАЧИ ТОА ЗА МОСКВА
ГОРДОСТА МИ УДРИ ВО ЧЕЛО – И МИ ИЗВАДИ ОКО

Најново

  • СО ГОВОРИ ЗА ПОДМЕТНУВАЧИ НА ПОЖАРИ ВЛАСТА ПОКАЖУВА ДЕКА ДВОЈНО Е НЕСПОСОБНА
  • РEКТОРОТ ЃОКИЌ КАКО ГЛАВЕН КОНКУРЕНТ НА ВУЧИЌ
  • КОРЕНИТЕ НЕ СЕ ЗАБОРАВААТ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet