Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

НАСИЛСТВО КОН ЖЕНИТЕ ВО ПОЛИТИКАТА

August 18, 2021 Filed Under: Македонија

Share
Share on Google Plus
Share
Share on Facebook
Tweet
Tweet this

„Недоветна“, „Не ти е местото тука“:..ова се реченици со кои политичарите прават пресија врз колешките во истата професија. Дури 65 отсто од жените кои се во политикатаимаатт закани врз родова основа

ИВАНКА ВАСИЛЕВСКА Секој ден трпат навреди и од колегите

Шеесет и пет проценти од жените во политиката во Северна Македонија биле жртви на дисквалификации, навреди, закани на родова основа. Истражувањето е на Националниот институт за демократија. Разговаравме со нив за проблемот, но и со неколку македонски политичарки.

„Недоветна“, „не ти е местото тука“, „ти ли ќе водиш политика“ и уште голем број вулгарности и разни епитети им се налепуваат на повеќето жени на македонската политичка сцена.

„Скоро, речиси секој ден сум дел на одреден атак“, вели Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ.

Загрижувачки е секако тоа што 65 проценти од политичарките во Северна Македонија биле изложени на некаков вид насилство. „Навистина е тешко и навистина е храброст, човек денес, една личност со родова припадност во женски пол, да се нафати и да се занимава со оваа општествено-политичка активност“, додава Василевска.

\Процентот произлегува од извештајот од скопската канцеларија на Националниот демократски институт (NDI), чие седиште е во САД. „Насилството не значи само физичко насилство. Тоа може да биде психичко, емоционално, притисок, говор на омраза“, укажува Александра Цветковска, Програмска директорка на NDI.

„Ме вџашува фактот колку лесно и природно оди тоа кон жените. Колку природно и лесно жените се тие што се први на мета. Да не зборувам и за најновите турбуленции во образованието што се случуваат. Колку е едноставно на жената да ѝ се припишат мал милион епитети, додека мажите некако полесно поминуваат низ тој политички оган“, посочува Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ.

Според истражувањето на Институтот, родовите дисквалификации многу почесто ги имало во помалите населени места. Повеќето од половината биле упатени од самите сопартијци.

АЛЕКСАНДРА ЦВЕТКОВСКА Таа е вџашени од некои сознанија за нерамноправноста на политичарките

„Нема механизми во самите политички партии коишто го регулираат однесувањето на членовите на политичките партии. Само 23 проценти од испитаниците кажаа дека постојат механизми, правила, статутарни одредби коишто го регулираат однесувањето“, вели Цветковска од NDI.

„Овие коментари не ја засегаат само политичарката или политичарот, бидејќи мажите не се исклучени од овој вид на насилство, туку некогаш се оди многу подалеку и се допираат и семејствата на јавните личности“, вели Арбана Пашоли од ДУИ.

Одговорноста за сегашната состојба, како што велат нашите соговорнички, лежи и кај самите партии.

„Во основа, тие се тие што треба да го промовираат овој родов баланс, да ги поттикнуваат жените, да ги промовираат, да ги поставуваат на раководни позиции, да им се даде тежина на жените во партијата“, препорачува Мелинда Рашиди од Движење Беса.

Поради родовите притисоци, речиси половина од испитаничките во истражувањето помислиле да ја напуштат политиката. Се бара проширување на квотите за еднаква застапеност.

Поради родовите притисоци, речиси половина од испитаничките во истражувањето помислиле да ја напуштат политиката. Се бара проширување на квотите за еднаква застапеност.

„Би била најсреќна кога не би имало потреба да имаме квоти. Но, квотите и тоа како ни се потребни додека и жените и мажите не почнат да добиваат еднакви можности во нивното политичко учество“, смета Цветковска.

Националниот демократски институт од неодамна почна и кампања против насилството врз жените во политиката. Граѓаните можат да дадат поддршка со петиција на интернет страницата „nezanasilstvo.mk“. Кампањата ќе трае до локалните избори.

Share
Share on Google Plus
Share
Share on Facebook
Tweet
Tweet this

Filed Under: Македонија

ССМ НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД 500 ЕВРА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА
ДОДЕКА Д0ЈРАНСКО ЕЗЕРО ПО МНОГУ ГОДИНИ ПРОПАЃА MИЦКОСКИ ВЕЛИ – „ДАЈТЕ ДРУГО ПРАШАЊЕ!“
ШTO НАПРАВИ ЈОТОВА , ТАА НЕМА ДА ГО СПАСИ БРОДОТ ШТО ТОНЕ
БОБ ВИЛСОН: АЈНШТАЈН НА ПЛАЖАТА
СКОПЈЕ, ТАГАТА ЌЕ СЕ ВИКА СО ТВОЕТО ИМЕ (2)

Најново

  • ССМ НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД 500 ЕВРА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА
  • ДОДЕКА Д0ЈРАНСКО ЕЗЕРО ПО МНОГУ ГОДИНИ ПРОПАЃА MИЦКОСКИ ВЕЛИ – „ДАЈТЕ ДРУГО ПРАШАЊЕ!“
  • ШTO НАПРАВИ ЈОТОВА , ТАА НЕМА ДА ГО СПАСИ БРОДОТ ШТО ТОНЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet