Партијата на Груевски никогаш не била демократска и таа тоа го покажа и во декември 2016 година, кога со питисок врз ДИК влијаеше на промена на изборните резултати. Потоа во текот на речиси целата 2017 година продолжи со многу варијации на недемократски отпор, што заврши со настаните кои кулминираа на 27 април. А се што се случува потоа е само продолжување со методите кои немаат никаква врска со демократијата
ЕКИПА НА ГЛОБУС
„Ајде изгласајте го законот за Јавно обвинителство и најди си адвокати за твојот криминал, коментира на Фејсбук Коста Михајловски на статус на генералниот секретар на ВМРО -ДПМНЕ, Игор Јанушев.
Михајловски вели и дека кога ќе се изгласа законот за Јавно обвинителство тогаш Јанушев може да агитира кај народот кој е криминалец а кој не е.
ТУРКАЊЕ НА ЗЕМЈАТА ВО БУНАРОТ НА ИСТОРИЈАТА Однесувањето на ВМРО ДПМНЕ во овие пресудни часови, додека часовникот поставен над бриселските врати на МАТО и ЕУ отчукува може да се разбере само ако се прифати фактот дека настаните од 27 април 2017 година не се издвоен чин, туку дел од стратегија и начин на политичка борба на една партија, која се труди со сите сили да ги повторува практиките на насилно задржување на власта, а ако, како овој пат, власта и падне од рацете, да не бира средства за да таа се освои со просто бојкотирање на сите започнати процеси, дури и оние од кои зависи меѓународната позиција на земјата. Но во прашање се и проекти кои имаат врска со статусот на обичните граѓани, кои се тешко нарушувани, но со изобилната и валкана пропаганда истата треба да се претовари на грбот на политичкиот противник, со цел очекуваното незадоволство на гласачите да се канализира спортивно од местото каде стојат виновниците за актулната ситуација.
Обичен и илустративен пример е тоа што, на пример, ВМРО-ДПМНЕ поднесе околу 3.000 амандмани за Предлог – законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните препријатија, за што Комисијата за финансирање и буџет требаше да расправа, а потоа да се изнесе и на пленарна седница. Практично, откако во нивно време со криминално работење ги заглавија општините и јавните препријатија со огромни долгови, ВМРО-ДПМНЕ сега продолжува и понатаму со кочење на сите проекти кои значат рехабилитација на институциите, а се единствено во интерес на граѓаните. Тоа ќе има свој одраз и врз граѓаните. СДСМ предлага отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица. Согласно на тоа, јавните претпријатија ќе имаат обврска да ги отпишат долговите на граѓаните, а државата обезбедува мерки кои ќе гарантираат развој и ефикасно функционирање на јавните претпријатија.
ШТО ПОСЛЕ СЈО Секако дека уште поважно е донесувањето на новиот законски прокет за ЈО, битен после згаснувањето на работата на СЈО, што наиде на остри критики кај западните сојузници. Тие побраа итно, во рамките на овој мандат на пратениците, до почетокот на февруари, да се донсе овој законски проект. До средба на претставниците на парламентарните партии во таа насока дојде, но тројката од црвено-црните „во знак на протест“ си замина. Бараа до нив да седне и републичкиот јавен обвинител Јовески. Министерската Десковска рече по тој повод дека пред средбата ја информирале опозицијата за присутните и барале предлози за евентуални измени на форматот.
„Од ВМРО-ДПМНЕ имаше само барање за присуство на меѓународни претставници и тоа го прифативме, тие беа присутни на таа средба. До почетокот на седницата тие не побараа присуство на Јовески. Со ова е јасно дека на ВМРО-ДПМНЕ им е битно само една точка, деветата која вчера ја кажа нивниот лидер, а тоа е затварање на предметите отворени од прислушуваните разговори”, изјави Дескоска. Со други зборови ова значи уцена.
Дополнително Десковска рече дека Јавниот обвинител ќе биде присутен на јавната дебата која ќе се оргнизира во Собранието,тоа е денес, вторник 28 јануари, но ни ова не им било доволно на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Сите други учесници на средбата, како што истакна Дескоска, предлогот го цениле како добра основа и се однесувале конструктивно кон Законот за Јавно обвинителство.
НАРАЧКА ОД БУДИМПЕШТА Претседателот на социјал-демократите Заев обвини за „нарачка од Будимпешта“. Јасно, двајцата лидери се со спротивставени ставови околу законот и нудат меѓусебни обвинувања за кочење на процесот. Опозицијата прифаќа средба на работните групи доколку нивните забелешки и предлози се прифатат, власта обвинува за обид на амнестија на криминалот. Оптимизмот за носење на законот е се помалку време за успех во преговорите практично и нема!
Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, јасно кажа дека преговори може да има само доколку се прифатат нивните забелешки и предлози за законото за јавно обвинителство кој во оваа форма, според експертите со кои се консултирале е наводно неуставен и неевропски.
„Повторно предлагаат формирање на посебно обвинителство со енормно високи плати и додатоци на посебна каста на привилегирани обвинители, а на штетата на обвинителите во редовното обвинителство. Предлагаат закон кој што е антиуставен и во спротивност со кривичното право. Со законот се наметнува обврска на Советот на јавните обвинители да ги префрли обвинителите од СЈО во рамките на новото обвинителство за организиран криминал, што е противуставно и противзаконски“, рече Мицкоски.
Тој наведе неколку забелешки кои биле посочени од експертите со кои се консултирале. За ВМРО – ДПМНЕ е спорно јавниот обвинител да го бира Собранието, бидејќи, тогаш се зависи од политичката волја и распоредот на силите во пратеничките клупи, повредено е уставното начело на единственост на јавното обвинителство, има нееднаков третман на јавните обвинители, се крши принципот на хиерархија и нелегално прислушуваните разговори не се ставени вон законот.
„ Ова не е закон кој треба да донесе правда, туку закон со кој се сака да се заштити хибридниот режим на Заев. Со ваквиот антиевропски закон со кој не се почитуваат ниту мислењата на релевантните меѓународни тела, впрочем Заев ја оддалечува земјава од европскиот пат. Ние тоа нема да го дозволиме, и нема да наседнеме на очајничките обиди на власта во заминување да избегне одговорност. Ние нашите забелешки ќе ги доставиме и доколку власта е вистински подготвена да се откаже од своевидна амнестија и посакува независно обвинителство кое исто така нема да амнестира слуги на Зоран Заев, ќе ги доставиме и доколку навистина тие имаат чесна намера подготвени сме да седнеме и да преговараме. И тоа веднаш кога тие ќе бидат подготвени да се откажат од оваа нивна цел“, потенцираше Мицкоски.
ЗАКОН ДОНЕСЕН ВО КООРДИНАЦИЈА СО ЗАПАДНИТЕ СОЈУЗНИЦИ Веднаш имаше реакција. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, обвини дека забелешките на опозицијата се „нарачки од Будимпешта“ и се во прваец на заштита од одговорност од веќе сторен криминал.
„ Вака критички да се настапи кон еден закон кој е целосно во координација со ЕУ и САД е дефинитивно далеку од било каква нормалност во однесување на ваквки сериозни моменти. Овој закон е потврда дека нема ништо од тоа што го кажа Мицкоски, дека се обидува да амнестира криминали. Овој закон е направен во консултација со САД и ЕУ. Инструкциите (за Мицковски – н.з.) доаѓаат од Будимпешта“, рече Заев.
Претседателот на СДСМ инсистира на фактот дека со законот се спречува можноста политичарите да поставуваат обвинители и дека нуди системско и структруно решение далеку од нив, во насока на јакнење на независноста и реформите правосудството. За Заев овој закон ги гарантира сите актуелни случаи, почнати истраги и предистраги без разлика на кого се однесуваат и се однесува на предметите од СЈО и минати, сегашни и идни предмети на Обвинителството за гонење на организиран криминал.
„ Ако навистина се за вакво решение јавно повикувам уште утре да седнат работните групи и да разговараат на писмени материјали за ова да го решиме во функција и интерес на граѓаните. Во спротивно останува само политиканство и сериозна потврда дека некој функционира за да го заташка криминалот и да ја спречи одговорноста за криминалот без разлика на кого се однесува“ изјави Заев и додаде дека со усвојувањето на овој закон се испраќа порака на сериозност и се дава аргумент плус на граѓаните дека постои системско решение но и на лидерите на земјите членки на ЕУ и Европската Комисија им се дава уште еден цврст аргумент пред носењето на претстојните одлуки кои се однесуваат на Македонија.
НЕМА ИЧ ВРЕМЕ Роковите течат, а партиите мора да се договорат во наредните петнаесетина дена бидејќи Собранието мора да се распушти на 60 дена пред предвремените парламентарни избори закажани на 12 април односно на 11 февруари.
Од страна на ВМРО-ДПМНЕ се работи за обид за заштита на некои нивни истакнати членови, почнувајќи од почесниот претседател Никола Груевски, рече Стојанче Ангелов, во „Само вистина” на Канал 5 телевизија.
„Пред сè се работи за сокривање на огромен криминал кој што беше направен во тој 10-годишен режим на Никола Груевски. Верувам дека Мицкоски му должи, затоа што е поставен за претседател на партијата и тука ја гледам целата борба, да се избегне кривична одговорност. За жал, тоа успешно го направија. Видете колку предмети застареа. Се појави сомнеж дали власта е искрена во намерата да расчисти со одреден криминал направен во времето на Груевски. Јас знам дека е искрена, но едноставно начинот на којшто сега се одвиваат судењата и Законот за кривична постапка оневозможуваат одредени судења да бидат благовремено завршени“, рече Ангелов.
Ситуацијата за оние кои ја разбираат тежината на ситуацијата, која во една симболична смисла наликува на она приказна за кравата која го истурила млекото, која пак значи едно криминално инсистирање на враќање на историјата за Македонија длабоко назад, во коомплетна бесперспективности кон сосема очевидно губење на сите демократски капацитети, за опсерваторот е како одење по работ на жилетот.
„Со годините научив да не очекувам многу и за жал секоја година очекувам сè помалку, иако би требало многу повеќе работи да се направат, затоа што имаме многу ненаправени работи. Ако размислиме што сè сме пропуштиле, гледаме дека работите што ги имавме во претходниот систем, во време на Југославија, после 30 години не можеме да ги вратиме во тој ред или во тие стандарди и вредности“, вели за Цивил Медиа Александар Кржаловски од МЦМС.
Тој вели дека во многу фронтови има уште многу да се крпи, а времето ни проаѓа и не го правиме тоа.
„Се смета дека мораше да се концентрираме на решавање на името и дека тоа ќе биде доволно за почетокот на преговори со ЕУ, па тоа потоа да не турка понатаму. Јас не сум согласен со тоа, бидејќи Макрон испрати порака, всушност француското „не“ е дека (или) Европа не сака држави кои не се достојни за Европа.
Треба прво самите да веруваме дека сме рамноправни со нив, а не инфериорни, да покажеме дека ние можеме да бидеме европска држава и без да бидеме чл
енови на Европската унија, па дури тогаш да добиеме покана или прием.
Да не мислиме дека Европа ќе не бутка за ние да се смениме, и така да се квалификуваме, напротив ние треба да се смениме, па потоа Европа сама да нè бара, тогаш ќе биде прашањето дали ние ќе сакаме и дали ќе има потреба од ЕУ, бидејќи со ова „не“ јасно станува дека наредните 10 или 15 години нема да бидеме членка на ЕУ“, вели Кржаловски.
Кржаловски смета дека 2035 година е најран датум за членство во ЕУ, до тогаш Македонија ќе има повеќе години во независност отколку што била 45 години во југословенската федерација, од 1945-1990.
– Сите демократски капацитети во државата и нашите стратешки меѓународни сојузници го поддржуваат законското решение кое обезбедува независност и професионалност на јавните обвинителства – тврди и совтникот на Заев – Бојан Маричиќ Ние сме цврсто решени дека политиката мора да остане надвор од изборот на обвинителите за да им се остави простор за независно, стручно и објективно постапување, а тоа ќе го постигнеме само ако го донесеме законот. Оттаму, носењето на законот се наметнува како главен приоритет на актуелниот парламентарен состав во наредниот период. Лидерството на ВМРО ДПМНЕ мора еднаш за секогаш да сфати дека ние нема никогаш да прифатиме пазар за избегнување на предметите на СЈО или кој било друг случај, а со тоа и бегање од кривичната одговорност на сегашни и поранешни функционери во нивната партија.
Ние можеме идеолошки и концептуално да се разликуваме со нашите политички ривали, но кога станува збор за иднината на државата, за владеење на правото и за функционален казнен систем, тогаш немаме компромис. Секое договорање и амнестирање на одговорноста за функционерите на ВМРО ДПМНЕ и штети на државата затоа што се загрозува европската перспектива и јавната доверба во правниот систем – вели тој.
Ногу е провиден обидот по секоја цена да се спречи донесуцвањето на овој закон – не само што треба конкретно да се заштити полмафијата кај нас, туку ида се спречи одот кон ЕУ и НАТО, бидејќи на тој постојано ќе има навраќања од типот „што направивте со одговорноста на Груевски и неговата камарила?“