Таа има 105 години. Тој има 106. Најстарата жива двојка во светот слави 80 години во брак. Џон и Шарлот Хендерсон, кои се запознале на колеџ во 1934 година, биле признати од Гинис како најдолготрајна жива брачна двојка
ЏИЛИЈАН БРОКЕЛ
Се започнаЛО во час по зоологија во 1934 година. Студентите биле седнати по азбучен ред во предавалната, а Џон Хендерсон (21) седел директно зад Шарлот Кертис. „Кога погледнав надолу, ми се допадна срамежливата 20-годиша девојка што седеше пред мене“ – признава тој.
А Шарлот?
„Мислев дека тој е само убава фаца и не ми пречеше да погледнам над моето рамо“, рече таа за „Вашингтон пост“ во последното интервју.
На 22 декември 2019 година Шарлот имаше 105 година; тој имаше 106 година – а на тој ден тие прославија 80-годишнината од свадбата. Гинисовите рекорди ја признаа долговечноста на нивната љубов со именување на Хендерсонови како најстара жива брачна двојка..
Тој е роден во 1912 година во Форт Ворт. Тој за „Пост“ изјави дека се сеќава на првиот пат кога слушнал радио; соседите донеле дома кај нив едно кога имал околу 8 години.
„И добро ја паметам долгата антена. Тие мораа да го ,менуваат мстото и да бараат добар прием – антената најнапред беше напред, на тремот а потоа отиде во задниот двор“ – вели тој.
Џон се пресели во Остин за да се запише на Универзитетот Тексас во раните 1930-ти, каде беше бек во рагби тимот. Во тоа време, околу 53,000 луѓе живееле во главниот град. Денес, градското подрачје може да се пофали со повеќе од 2 милиони жители.
Тој се сеќава на изнајмување просторија преку улицата од Григориј Фитнес, една од ретките историски градби што останале во урбаниот кампус.
„Соседите од соседството имаа крава и кокошки. Денес може да замислите куќа со крава и пилиња на тоа место, каде кампусот се прошири! – вели Џон.
Шарлот е родена во Ајова во 1914 г. Целото семејство на Шарлот се преселило во Тексас, каде сопругот на постарата сестра бил сместен, да биде со нив и да им помогне. Шарлот наскоро се запишала на Универзитетот Тексас, каде го запознала Џон. Тие се сретнале истата година кога започнала изградбата на познатата кула на Универзитетот. Не беше завршена, сè додека тие не се свршија. Исто така, постоеше ограничување на висината на зградите што не забрануваат да бидат повисоки од Тексас Капитол. Денес, таа купола веќе не е видлива на небото, во зависност од аголот. Небото на Остин, околу 1931 година, целосно е променето од времето кога Хендерсонсви оделе на настава во Тексас.
– Иако кратките веридби во тоа време беа вообичаени, на идната невеста и требаа цели пет години да прифати дека ќе се мажи – вели Џон со смеа. Тоа беше средината на Големата депресија и тие сакаа да заработат пари пред да создадат, па Шарлот прифати учителска работа во областа Хјустон, а Џон беше тренер по рагби и кошарката во Порт Артур, Тексас.
Џон и Шарлот се венчале со една мала церемонија – само двајца гости беа присутни – на 22 декември 1939 година. Тие потоа заминале на меден месец во Сан Антонио, останувајќи во хотел кој чинел 7 долари за ноќ.
Инаку тие се заедно веќе 85 години, иако се во формален брак само 80, што значи дека не го држат рекордот за најдолг брак во американската историја. Оваа титула, според Гинис, им припаѓа на Зелмира и Херберт Фишер, кои се венчале на возраст од 19 и 17 години, соодветно, и биле во брак 86 години и 290 дена пред смртта на Херберт во 2011 година.
Хендерсонс го одбележаа јубилејот во Бајтаун, Тексас. Шарлот по венчавката продолжила да предава, а Џон имал долга кариера во Компанијата Хумбл Оил и Рафинирање (сега дел од Ексон). Се пензионирал во 1972 година.
Тие биле во златните години уште од времто на Вотергејт. Тој период го пополниле со патувања, претежно крстарења. Тие пловеле околу Јужна Америка, Скандинавија, Кина и десетици други локации.
Тие, исто така, останаа лојални љубители на УТ рагби тимот, присуствувајќи на натпреварите во Лонгхорнс кога можат. Џон, кој е исто така најстариот поранешен фудбалер на УТ, оди на најмалку еден натпревар во сезона во последните 84 години. Тоа беше полесно да се направи во изминатата деценија, бидејќи тие се вратија во Остин за да живеат во заедница на пензионери.
Џон даде изјава за „The Post“ дека неговиот омилен изум за кој бил сведок во текот на животот, покрај џет-моторите, е телевизијата. Тој за прв пат видел телевизор во прозорецот на продавниците за време на патувањето во Њујорк во раните 50-ти години и, за неколку години, имал еден во дневната соба.
Па, која е тајната на двојката за нивната долговечност? Живеле во умереност во се, особено во количините храна што ги земале, велат тие. Јаделе правилно, не пиеле многу и Џон сè уште вежбал во салата на заедницата скоро секој ден. Освен одредено губење на слухот, обајцата се во одлична здравствена состојба.
Хендерсонови никогаш немале деца, „затоа некои велат дека тоа е тајната на долгиот живот“ се шегува Џон.Тие не беа одлучиле што ќе прават за да ја прослават својата 80-та година – тоа е годишнината од венчавката, но ако сте љубопитни – пензионерското село одржа забава за нив на почетокот од март.