Нашиот „офицер за врска“ со Алијансата – Стево Пендаровски деновиве исткана дека во нашите служби има луѓе кои не за ЕУ и НАТО, па затоа ќе има ветинг пред влезот во Алијансата. За нив нема место во чувствителните служби
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Неодамна во земјава боравеше висок функционер на НАТО – помошник на генералниот секретар за безбедност и разузнавање, Арндт Фрајтаг фон Лорингхофен. Тој се сретнал и со Стево Пендаровски, наш „офецер за врска“ со Алијанса. Новинарот – уредник на „360 степени“ го запраша Пендаровски дали средбата со фон Лорингсхофен има врска со она што нас сега на стартот од активностите кај придружувањето на НАТО, после верификацијата на Договорот од Преспа и во Македонија и во Грција. И дали една од темите на разговорот е ветингот (прочистувањето) на нашите разузнавачки служби. Водителот праша најнапред дали зборот – ветинг е претежок?
Да објасниме дека ветингот во некакво преносно или дескриптивно значење, означува проверка. Во контекст на реформите, ветинг на судии, на полициски службеници, на административци итн., би означувал процес на проверка на капацитетите, на перформансите, на способностите на категории државни функционери и службеници. Кај нас тоа има врска со нашето влегување во друштво на големите западни организации.
Пендаровски истакна во споменатата емисија дека тој збор не е претежок и тој се користи во аулите на НАТО. Веројатно за нас би бил прв во агендата, бидејќи, се вклегува во архивата на користење на безбедносно чувствителни податоци, кои можат да се пренесат на „другата страна“.
– Не е тајна дека во нашите служби, особено во некои сегменти на Агенцијата за разузнавање постојат подинци и групи кои не се поминати низ тој ветинг процес. Благо речено тие не се приоврзеници на нашето приблиќување кон западните организации.
Прашање на водителот беше дали се говори за луѓе кои се поблиски до некоја српско-руски линии или имаат некои други интереси?
– Немаме трета опција. Зборуваме за луѓе кои кога се говори за тоа да станеме членки на ЕУ и НАТО, тие сакаат да не одвратат од тој пат. Тие имат и лчуѓе во други структури, некои сместени и во други земји во регионот. Тие беа прилично активни и за време на референдумот и во финансирање на тие групи кои не се за наше приблиќжување до Западот. Сега кога помина се во врска со Преспанскиот договор, нивниот ентузијазам е загубен, ама интересот постои.
Гостинот од НАТО даде поддршка за досегашниот тек на реформите како и позитивна оценка за напредокот што е направен во рамките на Управата за безбедност и контраразузнавање
Факт е дека Ова го изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање.
– Очекуваме врз основа на строго утврдени правила и критеруми да се изврши процесот на ветинг на секој вработен во МВР. Тоа значи да има професионални полицајци, декриминализирана, департизирана полиција, која ќе го штити интересот на граѓаните, полицајци, кои професионално и одговорно си ја вршат својата задача, нагласи Спасовски.
Министерот додаде дека во текот на тој процес ќе се види дали полициските службеници „се службеници или воедно и бизнисмени или се вклучени во други криминални активности“ и нагласи дека целта е пред се да се врати довербата на граѓаните во полицијата.
Во ноември минатата година делегација од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија предводена од државната секретарка на МВР, м-р Магдалена Несторовска, оствари студиска посета на Република Албанија во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Целта на посетата беше запознавање со содржините и постапките за донесување и примена на Законот за ветинг на полицијата во Република Албанија (https://mtm.mk/makedonija/34611-delegacija-od-mvr-vo-poseta-na-albanija-za-zakonot-za-veting).
Кај нас, според Спасовски, почнати се подготвителните активности, направени се компаративни анализи и наскоро се очекува дефинирање на правната рамка, која ќе биде предложена до Собранието. МВР очекува врз основа на строго утврдени правила и критеруми да се изврши процесот на ветинг (проверка) на секој вработен во МВР. Тоа значи да има професионални полицајци, декриминализирана, департизирана полиција, која ќе го штити интересот на граѓаните, полицајци, кои професионално и одговорно си ја вршат својата задача.
Во текот на посетата, делегацијата од МВР оствари средба со заменик министерот на министерството за внатрешни работи на Р. Албанија, г-нот Јулијан Ходај, одговорен за спроведување на Законот за ветинг на полицијата, со претставници на меѓународните организации, во улога на олеснувачи на процесот ICTAP и PAMECA, како и со членовите на парламентарната Комисија за национална безбедност и парламентарниот подкомитет за спроведување на Законот за ветинг на полицијата во Република Албанија
Факт е дека околу ветингот во Тирана постоеше судир меѓу двете големи партии. Опозицијата поднесе и предлог –закон за оваа тема (https://www.alsat-m.tv/mk/опозициска-партија-во-албанија-доста/) барајќи филтер за политичарите.
Во едно од последните интервјуа професорката по управно право Ана Павлоска Данева во една своја колумна на оваа тема најавува ветинг и во правосуидството.
„Ветингот е нов, би рекла, ’трендовски’ термин во речникот на нашите реформатори. За волја на вистината, полесно е да се објасни значењето на ветингот отколку улогата и значењето на поимот ’реформатор’ во Македонија. Така, постојат реформатори на/во политички партии, или за реформатори често се сметаат аналитичари, кои на властите им укажуваат како се спроведуваат реформи, меѓународни организации кои поддржуваат реформи, стотици илјади граѓани кои се подготвени да излезат (и излегоа) на улица, на гласање заради реформи… Во Македонија сè е реформско, освен носителите на власт откако ќе дојдат на власт“ – коментира таа.
Прозорците на кадровските промени дефинитивно мора да се отворат а досегашниот од надвор стимулиран отпор кон брзи промени во административната „инфраструктура“ сега има обратен тек: промената се посакува однадвор.