Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

НАТО TРЕБА ДА НИ ПОМОГНЕ ЗА ДА СЕ СПРАВИМЕ СО ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ

May 19, 2020 Filed Under: Македонија

Потребна е соработка, бидејќи никој не може да се справи сам со оваа ситуација, независно дали државата е голема или мала, смета Милан Јовановиќ од Атлантскиот совет во Црна Гора

ДИСКУСИЈА Атланскиот совет дискутираше за руската пропаганда на Балканот

НАТО треба да ѝ помогне на Северна Македонија да се справи со дезинформациите, рече Милан Јовановиќ од Атлантскиот совет во Црна Гора, за време на онлајн дискусија за руското влијание на Западен Балкан, одговарајќи на прашање на Гласот на Америка.

„Мислам дека НАТО тимот кој треба да оди таму ќе помогне со експертиза, бидејќи, никој не може да се справи сам со оваа ситуација. Потребна е соработка, независно дали државата е голема или мала. Треба да се работи во тим. Токму затоа, НАТО треба да испрати ваков тим во Северна Македонија да помогне да се справи со овој проблем, на ист начин како што НАТО ѝ помогна на Црна Гора неодамна“, рече Јовановиќ.

Професорот Димитар Бечев од Универзитетот на Северна Каролина, вели дека државите на Западниот Балкан треба да направат структурни промени со цел да ги одвраќаат дезинформативните кампањи, особено од Русија и од Кина.

„Најголемиот дел од работата треба да се заврши дома. Тогаш ваквите актери би имале многу помали шанси да влијаат, а доколку влијаат, не би можеле да постигнат ефект каков што посакуваат“, рече Бечев.

Центарот за извонредност на НАТО за стратешки комуникации (СтратКом), кој ја организираше дискусијата, неодамна објави извештај за алатките на руското мешање на Западен Балкан, со фокус на медиумскиот простор.

Извештајот нотира дека Русија гледа на Западен Балкан како на можност да се потцени улогата на ЕУ и НАТО, користејќи ги слабостите на овие држави.

„Во овој поглед, Балканот е чувствителна периферија на Европа, каде Русија може да изгради база, да привлече поддржувачи, и да ја зацврсти нејзината позиција во однос на Западот“, забележа извештајот.

Според него, влијанието на Русија во Северна Македонија се гледа преку дезинформативни кампањи, и минатите напори да се блокира процесот за промена на името на државата.

ДИМИТАР БЕЧЕВ Најголемиот дел од работата треба да се заврши дома

Северна Македонија и Албанија се забележуваат како помалку ризични држави, додека Босна и Херцеговина се нотира како држава во регионот каде влијанието е најголемо.

Истражувањето покажа дека руските наративи се обидуваат да потенцираат оти регионот е поделен меѓу прозападни и происточни страни, поттикнувајќи несигурност и загриженост кај граѓаните.

Западниот Балкан, исто така, се претставува како ново место за конфронтација меѓу НАТО и Русија, и оти сите шест држави ќе треба да заземат страна во иднина.

За државите, пак, кои се поблизу до Западот, како Северна Македонија, Црна Гора и Албанија, беше истакнато дека го губат суверенитетот, како резултат на западното влијание.

ПРОПАГАНДА Москва ја турка тезата дека државите под влијание на Запад ја губат самостојноста

„Овие држави се претставуваат како корумпирани, и во кои има криминал и прекршување на правата на малцинствата. Од друга страна, пак, Србија постојано се истакнува како успешна економска приказна во регионот“, се вели во извештајот.

Во него се додава дека ЕУ се претставува од руските наративи дека има хегемонија, и оти се меша во регионалниот дијалог, а НАТО како агресивна и провокативна кон Србија и Русија.

Filed Under: Македонија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet