Најдобар научник на УКИМ за 2024 година е проф. д-р Јасмина Петреска Станоева од Институтот за хемија

На Светскиот ден на науката за мир и развој – 10 ноември, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје традиционално ги додели наградите за најдобри научници и уметник на Универзитетот.
Добитник на наградата за најдобар научник во природно-математичките науки за 2024 година е проф. д-р Јасмина Петреска Станоева, редовен професор на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет.
Наградата претставува признание за нејзините врвни резултати во научно-истражувачката дејност и придонесот во афирмацијата на Универзитетот. Во текот на 2024 година, проф. Петреска Станоева има објавено 11 научни труда во списанија со фактор на влијание, коавтор е на Хемиската терминологија, а учествувала и на 13 меѓународни конференции, од кои на една како поканет предавач.
Нејзините истражувања се фокусирани на идентификација и карактеризација на биолошки активни соединенија во растителни материјали и природни производи, контрола на квалитет и автентичност на храна и пијалаци, како и мониторинг на органски загадувачи во амбиентален и внатрешен воздух.
Во интервју за „Факултети.мк“ таа открива дека има објавено 73 научни трудови од кои 67 се со фактор на влијание и индексирани во светските бзи на податоци Web of Science и Scopus.

Во однос на третманот на природните наукикако машка професија таа вели дека тоа е намината поделба и дека жените можат да имаат клучни придонеси особено зарадиеднаквоста која се пружа во образувањето.




