Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

НАУКАТА Е СЕ ПОМАЛКУ „МАШКА РАБОТА“

December 2, 2025 Filed Under: Ревија

Најдобар научник на УКИМ за 2024 година е проф. д-р Јасмина Петреска Станоева од Институтот за хемија

НАГРАДЕНА Јасмина Петреска Станоева е редовен професор на Институтот за хемија при ПМФ

На Светскиот ден на науката за мир и развој – 10 ноември, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје традиционално ги додели наградите за најдобри научници и уметник на Универзитетот.

Добитник на наградата за најдобар научник во природно-математичките науки за 2024 година е проф. д-р Јасмина Петреска Станоева, редовен професор на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет.

Наградата претставува признание за нејзините врвни резултати во научно-истражувачката дејност и придонесот во афирмацијата на Универзитетот. Во текот на 2024 година, проф. Петреска Станоева има објавено 11 научни труда во списанија со фактор на влијание, коавтор е на Хемиската терминологија, а учествувала и на 13 меѓународни конференции, од кои на една како поканет предавач.

Нејзините истражувања се фокусирани на идентификација и карактеризација на биолошки активни соединенија во растителни материјали и природни производи, контрола на квалитет и автентичност на храна и пијалаци, како и мониторинг на органски загадувачи во амбиентален и внатрешен воздух.

Во интервју за „Факултети.мк“ таа открива  дека има објавено 73 научни трудови од кои 67 се со фактор на влијание и индексирани во светските бзи на податоци Web of Science и Scopus.

ГРУПНА ФОТОГРАФИЈА Тоа се добитниците на научни опризнанија за 2024 година

Во однос на третманот на природните наукикако машка професија таа вели дека тоа е намината поделба и дека жените можат да имаат клучни придонеси особено зарадиеднаквоста која се пружа во образувањето.

 

 

 

 

 

Filed Under: Ревија

МАРТА КОС НЕ ЈА ГЛЕДА МАКЕДОНИЈА
ТРЕНДАФИЛОВ: НЕ ЗНАМ КАКВИ БРОЈКИ ЗА ИНФЛАЦИЈАТА ГЛЕДААТ ВО ВЛАДИТЕ
БУГАРСКИОТ НАРОД СЕКОГАШ ГЛАСА ЗА НЕКАКОВ „СПАСИТЕЛ“
ДАРИО ИВАНОВСКИ – ЈУНАК НА НАШИОТ СПОРТ
ДЕМОКРАТИТЕ ГОВОРАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАМП ДЕКА ИМА „НАРУШЕНО ЗДРАВЈЕ“

Најново

  • МАРТА КОС НЕ ЈА ГЛЕДА МАКЕДОНИЈА
  • ТРЕНДАФИЛОВ: НЕ ЗНАМ КАКВИ БРОЈКИ ЗА ИНФЛАЦИЈАТА ГЛЕДААТ ВО ВЛАДИТЕ
  • БУГАРСКИОТ НАРОД СЕКОГАШ ГЛАСА ЗА НЕКАКОВ „СПАСИТЕЛ“

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet