Според Европскиот суд за човекови права, задолжителната вакцинација е легална и неопходна во демократските општества – укажува Цивил. Трудовите инспектори оценуваат дека приватните компании не може да им забранат на вработените да одат на работа по овој основ а искуствата од околните земји и континентот се поинакви
Најновата одлука на Комисијата за заразни болести со предлог до Владата сите вработени во јавниот сектор и во локалната самоуправа задолжително да се вакцинираат, предизвика бројни реакции во јавноста. Според предлогот, административците, при одење на работното место, ќе бидат обврзани да прикажат потврда за примена најмалку една вакцина или ПЦР негативен тест кој ќе важи најмалку 72 часа, направен на сопствен трошок.
Во контекст на бројните дебати ширум светот, дали задолжителното вакцинирање е спротивно на човековите права, Европскиот суд за човекови права, во неколку случаи пресуди дека задолжителната вакцинација е легална и „неопходна во демократските општества“.
Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) уште во август, го отфрли барањето на 672 француски професионални и доброволни пожарникари против обврската за вакцинација против КОВИД-19, која им е наметната со законот од 5 август 2021 година, што се смета за „прва европска пресуда за обврската за вакцина против КОВИД-19“.
Претходно, Судот во Стразбур, во април годинава, повикан да се изјасни, од чешки родители кои одбија да ги вакцинираат своите деца против детски болести, ЕСЧП оцени дека оваа обврска може да биде „неопходна во демократско општество“. Оваа пресуда, дури и ако не се однесува на вакцинацијата против Ковид-19, се смета за неуспех за противниците на вакцините.
Цивил, како организација за човекови права која од првиот ден на пандемијата се вклучи во едукација, информирање и разобличување на дезинформациите и митовите за КОВИД-19 и за вакцините ја поддржува идејата за задолжително вакцинирање на населението.
Словенија, Хрватска и Грција се земјите од регионот што ресорното Министерството за здравство ги наведува како пример за воведување мерки што се однесуаат на граѓаните кои не се вакцинирани против ковид-19.
Вработените кои ги опфаќаат новите мерки имаат избор да приложуваат и негативен тест еднаш неделно доколку одлучат да не се вакцинираат, а сите оние кои имаат здравствени проблеми заради кои не може да се вакцинираат не се присилени тоа да го направат. Истите мерки кои ги предлагаме се веќе воведени во многу земји во Европа и во регионот, како на пример во Словенија, Хрватска и во Грција, каде што одамна се на сила, соопштија од Министерството за здравство, посочувајќи дека реакцијата се однесува на соопштението на Конфедерацијата на синдикати во кое се тврди дека мерките кои ги предлага Комисијата за заразни болести се „присилна вакцинација“.
„Во услови кога се заканува нов силен ковид бран, должност на Министерството и на Комисијата е да предлагаат соодветни мерки кои со сигурност ќе дадат резултати, како за намалување на ширењето на вирусот, така и за подигање на процентот на имунизирано население. Протести или други форми на изразување на незадоволство против мерките се демократско право, но исто така спротивно на здравствените препораки кои доаѓаат од светските здравствени институции. Апелираме на одговорност на сите граѓани и чинители во општеството, со цел заеднички да ги надминеме сите предизвици со пандемијата Бараме поддршка за мерките кои се во интерес на јавното здравје и заштита на здравствениот систем кој трпи огромен притисок пред се од лица кои не се вакцинирани, а имаат потреба од болничко лекување“,
се наведува во реакцијата на МЗ.
На отпор прво повикаа синдикатите!
Од Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) реагира дека со предложените рестрикции за вработените во јавниот сектор се кршат основните човекови права. КСС бара Владата да размисли пред да ги донесе.
„Вакцинирањето треба да е личен избор, а не да се наметнува со мерки, како што тоа сака да го наметне Комисијата за заразни болести, на чело со министерот за здравство Венко Филипче. Предлогот на Комисијата трошоците за ПЦР тестовите да бидат на трошок на вработените за нас е неприфатлив, со оглед на тоа дека над 80 000 вработени во јавниот сектор се на минимална плата која, не е доволна да се преживее во текот на месецот. Недозволиво е на осиромашените работници да им се наметнуваат дополнителни трошоци, а притоа да се прекршуваат и нивните човекови права“, наведува КСС во реакцијата.
Доколку бидат прифатени предложените мерки, КСС најавува дека ќе ги искористи сите синдикални мерки што и се на располагање за рестрикциите да не се применуваат (двајца без тројца, да нема забуна).
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) реагираше против најновите предлог-мерки за заштита од коронавирусот што ги предложи денеска Комисијата за заразни болести и порачува дека вакцинацијата мора да биде резултат на лична определба на работниците и не смее да се спроведува со присила.
„Процесот на имунизација не смее да се спроведува на штета на елементарните права на граѓаните гарантирани со Уставот, меѓународните конвенции и закони и против волјата на поединецот“, пишува во реакцијата на ССМ.
Синдикатот информира дека во изминатиот период до него пристигнале обраќања од работници кои не се вакцинирани во кои укажуваат дека не им е дозволено да влезат на работа без сертификат за вакцинација или негативен тест направен на нивни трошок. Поради ова, од ССМ се обратиле и до Државниот инспекторат за труд (ДИТ) од каде добиле одговор дека ваквите однесувања на работодавците се незаконски.
„Во врска со пријавите од ССМ добивме и известување од ДИТ со кое сме информирани дека ваквите однесувања на работодавците кои забрануваат влез за невакцинирани работници или ги задолжуваат да донесат негативен ковид-тест на свој трошок како услов да дојдат на работа, се незаконити. ДИТ постапувајќи по пријавите на ССМ, правилно ги применил законите и по спроведен инспекциски надзор ги укинал спорните одлуки на работодавците“, наведуваат од ССМ.
Меѓутоа, според изјавата на министерот за здравство, Венко Филипче, расположение за овие мерки има и кај дел од компаниите.
„Препорачуваме до овие мерки да се придржуваат и приватните компании, од кои веќе имаме потврда, и очекуваме дека ќе може да се приклучат со оглед на тоа што од Сојузот на стопански комори стигна едно писмо со слични барања, а со цел да се заштитат производствените капацитети и целокупниот производствена процес во земјата“ рече Филипче.
Мерките ќе треба да ги донесе Владата на седница, а Комисијата ѝ препорача тие за јавниот сектор да стапат на сила 10 дена од донесувањето на одлуката, додека задолжителната вакцинација на здравствените работници да почне да се применува по 30 дена.
Денес слушаме како синдикалците станаа први опортунисти во рамките на примената на новите мерки на Владата против ковидот-19. Ете, тука е УПОЗ (адмнистрација) и Гласен текстилец (текстил) кои сметаат дека работодавецот не смее да им забрани да одат на работа невакцинираните.
И после овба човек да се запраша – па добро, кого штитат тие синдикалци – оние членови кои се вакцинирале или оние кои не сакаат да се вакцинираат и така целосно ја олеснуваат заразата. А таа се пренесува на училиштата, на градинките, на самата гранка, текстил или јавна управа, на услугите кои ги даваат на граѓаните… Така настана и eпандемијата, среде која живееме.
Во оваа земја со примени две вакцини се 780 илјади лица, оболени па оздравени се повеќе стотини илјади лица и тие се практично мнозинство во земјата. Не се доволно за колективен имунитет ама зошто да бидат само тие чувари на народното здравје? Како може во здравство да има 30 отсто од вработените што не се имунузирале (!) а тие потоа треба да лечат исти индивудуаи како нив? Па несватливо е. Ќе те заразат, потоа ќе те лечат!
Одлуката на Владата се однесува на јавниот сектор каде доаѓаат во опасност совесните административци и здрвстевни работници но и граѓаните кои мораат да комуницираат со нив.. Замислете се синдикалци како им е наив секое утро – тргнуваат на работа и треба да се штитат од своите колеги и тоа веќе една година, откако постојат вакцините во земјава. Да се потсетиме какви пораки и навреди трпеше МЗ иминистерот дека немало вакцини (а не зависеше од нас) за сега истите тие кругови (пред се Мицковски и неговата братија) да ги штитат оние кои не сакаат да се вакцинираат. Бараат дури медиумите да не објавувале слики на кои се гледа убод на инјекцијата во раката а водителите на малите екрани се извинуваат, како да направиле некаков злостор.
Така создаваме атмосфера во која во општеството доминираат ставовите на он ие кои навистина се силни на социјалнитем мрежи – тоа се оние кои мислат дека ги прскале од воздух, дека заразата доаѓа од овој или оној измислен извор а сега го добива својот синдикат како штит.
Студентите од Медицински неодамна добија порака по мејл дека мора да се вајкцинираат ако сакаат да одат на предавања, на вежби. И тоа е вистински потег. Но зошто тоа не се повторува во другите високки школи? Или ним им недостасуваат студенти?
И конечно: како синдиалците кои излегуваат во јавност со проценка за тоа како треба да се однесуваат кон одлуката на Владата? Прашеле ли некого за тежината на своите зборови и ставови ако сигурно немале состаноци со базата? Или го билдаат јавното мислење во „соло изведба“? Каде синдикатот така одлучува? Кој ги штити оние кои се вакцинирале и зошто не се грижиме за нивното здравје? И тие имаат право на заштита на здравјето и на безбедна работна околина. Или за тоа синдикатот не се грижи?
Ова не ее синдикати – тие си го штитат своето лично суеверие!