И од МАНУ, но и од партиите, вклучително и од ДУИ јасно и гласно се отфрлува идејаѕа на Влен/Вреди зз создавање на Албанска академија на науките и уметностите
Имаме една Академија за сите, порачува академик Алајдин Абази, кој е актуелен потпретседател на МАНУ, по најавата на коалицијата „Вреди“ за формирање „Албанска академија на науки и уметности“ во Македонија.
Академик Алајдин Абази, кој е еден од двајцата актуелни потпретседатели на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), во изјава за ТВ24 вели дека не може да има две национални академии на науки и уметности.
„Според принципите, не може да има две национални академии на науките и уметностите, не може општините да ја финансираат академијата како што се предлага. Имаме една Академија за сите“, вели академик Абази. Ова е уште една од низата реакции на академици, политички партии, институции и поединци по најавата на коалицијата „Вреди“ дека ќе формираат „Албанска академија на науки и уметности“ што прво ќе биде финансирана од општински буџет, а потоа ќе работат на нејзино финансирање од државата.
Денеска реагираше и претседателството на МАНУ. Апелираше оваа институција да не се вовлекува во дневнополитички и партиски дискусии. Потенцираа дека во Македонија, како и во секоја земја, постои една национална академија.
Македонија, како и секоја земја, има една национална академија, реагира МАНУ и апелира да не биде вовлечена во партиски дискусии
Реакции стигнаа од владините коалициски партнери ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, од каде што порачаа дека МАНУ е единствената институција во државата и дека не смее да се прави паалелизам.
Идејата на „Вреди“ не наиде на поддршка ниту од опозициската СДСМ, а според ДУИ намерата за формирање „Албанска академија на науките и уметностите“ е идеја која ги понижува Албанците бидејќи „Вреди“ требало да го преземе управувањето со МАНУ, а не, како што велат, да дојдат до „големата општинска идеја“.
Различните мислења ќе се дискутираат во рамки на владината коалиција, велат Мицкоски и Меџити за идејата за „Албанска академија“