Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

НАЦИОНАЛНИОТ СЕРВИС – МРТВ Е СЕ УШТЕ СЕРВИС НА ВМРО ДПМНЕ А ТОА Е ЗНАЧАЕН ДЕТАЛ НА ОПШТАТА СЛИКА ЗА МЕДИУМИТЕ

April 22, 2019 Filed Under: Македонија

Северна Македонија е на 95-то место според индексот за слобода на медиумите. Во 2016 беше на 111 место, .следната година на 109

ИНДЕКС Извештајот на Репортери без граница е секогаш индикатор кој се цени во слободниот свет

Северна Македонија е на 95-то место според последниот светски индекс за слободата на медиумите на Репортери без граници (РСФ), што е скок од 14 места.

Главна забелешка на Репортери без граници оваа година е состојбата во јавниот сервис, МРТВ, каде владата сѐ уште не спровела реформи.

– Иако ситуацијата се стабилизираше во 2018, новата влада сѐ уште не го изменила Законот за јавниот радиодифузер, спротивно на она што го најавуваше во 2017, нагласува организацијата. – Така што, за сега, програмата на јавниот сервис продолжува да ги служи интересите на поранешната владејачка конзервативна партија, ВМРО-ДПМНЕ, стои во извештајот на Репортери без граници за оваа година.

Иако не се регистрирани напади врз новинарите во текот на минатата година во Македонија и безбедноста на новинарите бележи значителен напредок, Репортери без граници предупредуваат дека културата на неказнивост продолжува да владее во земјата. Само два од 59 регистрирани напади врз новинари во последните години биле предмет на истрага и добиле завршница.

– Ова не го постигнува потребниот степен за да се обесхрабрат одговорните за нападите, предупредува РСФ.

НЕКОГАШ Кога имаше повеќе медиуми, ноне и слобода во нив

Во делот на законските регулативи, организацијата за заштита на новинарите забележува дека се потребни измени во делот за клевета и пристапот до државни информации. РСФ нагласува и дека контроверзен амандман, со кој и се дозволува на Државната изборна комисија да го набљудува известувањето на изборите во електронските медиуми, е усвоено без дебата и без консултации.

Конечно, Репортери без граници бараат да се посвети внимание на фактот што „високи владини функционери имаат вкоренета тенденција да им се закануваат и да ги навредуваат новинарите“.

Треба да се укажње дека ова е најдобриот скор за слободата на медиумите во Македонија во последните пет години.

НЕ ГИ ПРАШАА Новинарите не ги прашаа кога на ДИК му дадоа поголема власт над нив

Македонија во 2017 (индекс за 2016та) беше на 111 место на ранкингот на Репортери без граници.
Во 2018-та (индекс за 2017) напреднавме за две места и бевме на 109-то место.
Во 2019-та (индекс за 2018-та) сме на 95-то место, односно имаме напредок од 14 места.
За жал, комeнтираат самите новинари, многу медиуми во Македонија објавија дека на годинешниот индекс на Репортери без граници не сме напреднале воопшто. Зошто?

 

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet