Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

НАЦИОНАЛНИТЕ ПЕНЗИИ САНУВААТ ВРЕМЕПЛОВ

August 6, 2019 Filed Under: Македонија

Досегашние корисници на националните пензии надоемстокот од 7.000 денари ќе ги користат истите ама нови корисници нема да има. Практично оваа награда сега се укинува, барем спрема предлогот на надлежното Министерство за култура

ДОБИТНИЦИ Ова се 1-те добитници на национални пензии од 2013 година, сликани о министерката Канчевска Милевска

Министерството за култура предлага да се укинат надоместоците за пензиите на доајените на културата како и титулата амбасадор на културата, во Предлог-законот за за остварување на јавниот интерес во културата. Предлогот во петокот беше објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) и на официјалната страница на Министерството. Според предлогот, надоместокот кој е во висина на разликата меѓу меѓу пензијата што ја остваруваат и највисоката пензија во земјава во претходната година и е околу 7.000 денари, ќе продолжи да се исплаќа само на оние што веќе го оствариле тоа право.

Меѓу 72. доајени и уметници кои во изминативе години добија национална пензија се Милица Стојанова, Сабина Ајрула Тозија, Благој Чоревски, Михаил Ренџов, Веле Смилевски, Раде Силјан, Рамадан Шукри, Мајда Тушар, Васил Тоциновски, Халил Зендели, Санде Стојчевски. Надоместок користеа и имиња како Вања Лазарова, Владимир Георгиевски и Љупка Џундева, кои починаа изминативе години.

ВАЊА ЛАЗАРОВА Под голем птиисок најавноста оваа награда ја доби и нВања лазарова, која за жал истата ја користеше многу малку

Предлог-законот, како што велат од кабинетот на министерот Хусни Исмали, го подготви работна група формирана во април 2018 со решение на тогашниот министер за култура Роберт Алаѓозовски, а во неа биле вклучени претставници на синдикатите, на Министерството за информатичко општество и администрација, на националните институции и на граѓанскиот сектор. Во составот на работната група се Златко Теодосиевски, вработен во национална установа и екссоветник на Алаѓозовски (претседател), Магдалена Диковска, раководител на Секторот за нормативно-управни работи и за авторското право и сродните права во Министерството за култура, Фросина Ѓоршовска, раководител на Одделението за управни работи во Министерството за култура, Билјана Тануровска-Ќулафковски и Ивана Васева од независната културна сцена, како и Валентина Поцевска и Александар Стојчевски, претставници на Синдикатот на културата на Македонија.

ПРЕДЛОГ На Анерот на Министерството за култура може да се прочита предлогот за зимена на законот по кој се доделуваат националните пензии

Оваа катeгорија на пензии е воведена во почетокот на 2012 година а првит 40 решенија ги подели тогашниот премиер Груевски.

Добитниците на наградите „11 Октомври“, „Климент Охридски“ и „23 Октомври“ добиваат надомест меѓу сопствената пензија и највисоката која постои во Републиката.

 

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet