Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

НАЦИОНАЛНОТО БОГАТСТВО ЕЗЕРАНИ ОПОЖАРЕНО!

July 30, 2025 Filed Under: Ревија

Ова е најголем пожар досега што го има зафатено ова претставува национално и светско природно богатство со кое треба да се гордее целата држава

ОГРОМНА ПОВРШИНА Големите птици од Езeрани побегнале но помалите како и другите ситни животни се изгорени – изгоре половината од Национсалниот парк

Во пожарот на 20 и 21 јули изгоре половина од Паркот на природата „Езерани“ во Преспа, а направена е штета од милиони евра, објави Македонското еколошко друштво (МЕД). Ова е најголем пожар досега што го има зафатено ова претставува национално и светско природно богатство со кое треба да се гордее целата држава. Тие споделија драматично видео од состојбата по гаснењето на пожарот и се обврзаа да продолжат да работат на подигање на јавната свест за значењето на природата.

Изминатите денови тимот на МЕД, предводен од Лазар Николов изврши детална анализа на состојбите на терен. Пожарот проголтал површина од повеќе од 500 хектари, главно природа која треба да биде гордост во претставување на нашите природни вредности пред светот.

Изгореле околу 200 хектари трска, над 160 хектари шуми и галерии од врби и тополи, околу 100 хектари на ливадски заедници, околу 30 хектари шуми од евла, околу 15 хектари земјоделски насади и овоштарници и 10 хектари преодни вегетациски типови од најблиското крајбрежје на езерото.

Околу 50 отсто од зафатените површини од шуми и овоштарници се целосно уништени. Скоро половина од копнената површина на Паркот на природата „Езерани“ настрада во овој пожар, предизвикувајќи штети во вредност од милиони евра. „Езерани“ е прогласено за заштитено подрачје од четврта категорија според Законот за заштита на природа, во согласност со критериумите на Меѓународниот сојуз за заштита на природа (IUCN). Жалиме за целата настаната штета која ја претрпе Преспа и се обврзуваме дека и во иднина ќе продолжиме да работиме на подигање на јавната свест за значењето на природата – вели Николов.

Паркот на природата „Езерани“ е заштитено подрачје сместено на северното езерско крајбрежје и важи за едно од најзначајните подрачја за биолошка разновидност во Преспанскиот Регион и во државата, дом на многу растителни и животински видови кои станаа жртви на огнот.

– Освен негативните последици врз биодиверзитетот, пожарот несомнено ќе се одрази негативно и врз целиот Преспански предел, дополнително ќе биде нарушена состојбата на езерото и квалитетот на живот на локалното население – апелираа од МЕД.

 

Filed Under: Ревија

МИЦКОСКИ ТРЕБА ДА ГО СПАСИ СУДСТВОТО ОД МИЦКОСКИ
ФЕНИ E ВО ЦЕЛОСЕН ЗАСТОЈ, ИЛЈАДА КАВАДАРЕЧНИ СЕМЕЈСТВА БЕЗ ЕГЗИСТЕНЦИЈА
ХРВАТСКА: ЖИВОТOT ВО ЗЕМЈА ВО КОЈА ЦЕНИТЕ РАСТАТ „БЕЗ ВРСКА“
СTАНКО ЦРНОБРЊА: БАЛКАНОТ Е ВО ПОСТОЈАНИ ПРВИРАЊА
ПУТИНОВИОТ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ (155): ДАЛИ Е МИНИСТЕРОТ ЛАВРОВ ВО НЕМИЛОСТ?

Најново

  • МИЦКОСКИ ТРЕБА ДА ГО СПАСИ СУДСТВОТО ОД МИЦКОСКИ
  • ФЕНИ E ВО ЦЕЛОСЕН ЗАСТОЈ, ИЛЈАДА КАВАДАРЕЧНИ СЕМЕЈСТВА БЕЗ ЕГЗИСТЕНЦИЈА
  • ХРВАТСКА: ЖИВОТOT ВО ЗЕМЈА ВО КОЈА ЦЕНИТЕ РАСТАТ „БЕЗ ВРСКА“

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet