Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

НАШАТА ЗЕМЈА ИМА ИНТЕРЕС ЗА ОТВОРЕНА И ЛИБЕРАЛНА ТРГОВИЈА

December 21, 2021 Filed Under: Колумни

ФАТМИР БЕСИМИ

Оваа недела го усвоивме на Влада предлог законот за изменување на Законот за Царинска тарифа. Ова мерка е дизајнирана антиципирајќи го како макроекономскиот така и временскиот контекст на нашата и глобалната еконономија

Глобалните синџири на снабдување, потребата за олеснување на трговската размена што ќе придонесе кон зголемена конкуретност, трговија и инвестиции се едни од главните теми на кои економистите дебатираат во последниот период. Особено, оваа тема доби големо значање со нарушувањето на овие процеси во екот на пандемијата. Се увиде на големата реална интеграција на пазарите и снабдувачките ланци и нивната меѓузависност, што укажува на потребата за зголемени напори за олеснување на овие процеси.

Имено, нашата земја по самата поставеност на економскиот развоен модел и зависноста од трговската размена и како мала и отворена економија има посебен интерес кон трговски политики кои се отворени и либерализирани. Отвореноста кон голем број пазари и земји придружена од соодветно валоризирање на компаративните предности кои ги има нашата земја ќе доведе до поголемо ниво на странски инвестиции, подобрен трговски биланс, поголем извоз, нови работни места, зголемена продуктивност и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Водени од овие постулати, оваа недела го усвоивме на Влада предлог законот за изменување на Законот за Царинска тарифа. Ова мерка е дизајнирана антиципирајќи го како макроекономскиот така и временскиот контекст на нашата и глобалната еконономија. Со овој закон трајно се намалуваат или укинуваат царинските стапки на вкупно 258 производи кои се увезуваат во нашата држава. При изборот на предложените тарифи ознаки за намалување беа запазени критерими со кои ќе се максимизира економската придобивка при истовремена заштита на домашното производство. Со фискална импликација од 810 милиони денари или 13 милиони евра од вкупно наплатувани 17,5 милиони евра по основ на овие тарифи, мерката претставува намалување од 74% на досегашниот фискален товар по основ на овие тарифи. Односно оваа мерка претставува учество од 12% во вкупните наплатени увозни давачки во 2020 година во вредност од околу 110 милиони евра. Ова укажува на обемот и опфатот на овој чекор во прилог на олеснување на царинскиот товар на нашите компании.

Сметам дека ваквите мерки дополнети со веќе постоечките мултилатерални и билатерални договори за либерализација на трговијата како Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ, EFTA, CEFTA и билатералните договори со земји како што се Турција и Украина, кои овозможуваат пристап до пазар од преку 650 милиони потрошувачи, како и гарантните и кредитните шеми како што се кредит за поддршка на извозот, царинските гаранции, како и Гарантниот Фонд и Фондот за Развој во Равојната банка кои се предвидени во Планот за забрзан раст ќе допринесат за дополнително зголемување на атрактивноста на нашата земја за странските инвеститори и зголемување на извозните капацитети на странските и домашните компании кои веќе оперираат во земјата.

 

Filed Under: Колумни

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet