Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

НАШИОТ МОЛК НЕМА ДА ТРАЕ ВЕЧНО КАКО ВАШЕТО СУДЕЊЕ

May 27, 2025 Filed Under: Македонија

Ова го порачаа граѓаните на Кочани, во текот на последниот саботен марш

ТИЕ ИЗГУБИЈА СЕ А на крајот ја изгубија и вербата во правдата – од последниот „Марш на ангелите“

Со фотографии од загинатите во пожарот, родителите и блиските на настраданите во Кочани одржаа уште еден протестен собир под називот „Марш на ангелите“. Маршот почна во 16 часот од Паркот на револуцијата, по што се упатија кон Трговскиот центар и општинската зграда, а потоа кон полициската станица , Обвинителството и Основниот суд.

Пред судот, родителите испратија заедничка порака за правда и поголема ажурност на институциите.

„Нашиот молк е гласот на оние што трагично замина во огнот. Молк што зборува повеќе од илјада зборови. Ама нема да трае вечно како вашето судење“, порачаа родителите.

Од Јавното обвинителство на РСМ денеска соопштија дека семејствата на жртвите во пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани следните денови ќе бидат сослушани од страна на јавните обвинители што постапуваат во истрагата за овој случај. На овој начин, како што објаснуваат од Обвинителството, семејствата ќе можат да ги остварат своите права како оштетени и да се приклучат кон кривичниот прогон, како и директно да се информираат за текот и фазата во која се наоѓа постапката, но и да кажат свои сознанија за настанот.

ПАРОЛА КОЈА КАЖУВА СЕ Нашиот молк е гласот на оние што трагично заминаа во огнот. Молк што зборува повеќе од илјада зборови, порачаа

„Во следните два дена, Обвинителството, во соработка со волонтерите од ‘Супорт Кочани’, ќе ги контактира блиските на починатите за да се утврди времето и местото во кое можат да го остварат своето право. Сослушувањата ќе се вршат согласно утврден распоред од 27 мај (вторник) до 29 мај (четврток) во просториите на Јавното обвинитеелство во договор со оштетените“, соопштија од Обвинителството.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски пред два дена рече дека истрагата што се води за трагичниот настан во Кочани треба да заврши за десетина дена, по што додаде дека одбраната ќе има можност за увид во доказите.

Во пожарот во т.н. дискотеката во Кочани, што се случи рано изутрина на 16 март, животот го загубија 62 лица, а со повреди се здобија околу двесте.

Она што е очевидно е дека премиерот не дојде во Кочани како што рече а при тоа сега говори дека се видел со некои од родителите! Веројатно очи во очи?! Дали има притисок врз оние кои протестираат? Па секако. Беа објавени некои коментари на родителите на медиумите со кои се потенцирта дека тие немаат добиени ниту денар помош, дека сами плаѓаат трошоци. Ден потоа, забележливо, молеа да се тргнат нивните исповеди од социјалните мрежи. Парите,оние позначајните, како оние од Црвениот крст седат неискористени (!) заради процедурални пречки. Не е тешко да се претпостави дека има нешто во тоа дека помошта кон родителите на загубените и повредените деца се поврзува со нивниот посакуван молк, дека медиумите кои се провладини на многу начини се обидуваат да се вклучат, некои и на начин кој е неверојатно одбивен а дека поддршката од другите градови освен во претходниот марш – стивнува! Впрочемк, се повидливо е дека и самиот град се поделува, бидејќи владеачката партија им дала катилферман на сите свои членови на било кој начин да ги поддржуваат најблиските на жртвите.

 

Filed Under: Македонија

ПАДНАВМЕ ПРЕД ЦЕЛТА
ХЈУМАН РАЈТС ВОЧ: БАЛКАНОТ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ТРЕТИРА КАКО ПАРКИНГ ЗА МИГРАНТИТЕ
ОД ДЕЈТОН ДО НОН-ПЕЈПЕР: КАДЕ Е БИХ 30 ГОДИНИ ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ВОЈНАТА
НАБИТА СУБИОТО: СО РАБОТА И ЉУБОВ 40 ГОДИНИ ЈА ОДРЖУВАМЕ МАКЕДОНИСТИКАТА  ВО СЛОВЕНИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ (130): МОСКОВСКИТЕ ШПИОНИ ОДАТ СЕ ПОДАЛЕКУ

Најново

  • ПАДНАВМЕ ПРЕД ЦЕЛТА
  • ХЈУМАН РАЈТС ВОЧ: БАЛКАНОТ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ТРЕТИРА КАКО ПАРКИНГ ЗА МИГРАНТИТЕ
  • ОД ДЕЈТОН ДО НОН-ПЕЈПЕР: КАДЕ Е БИХ 30 ГОДИНИ ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ВОЈНАТА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet