Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

НАШИТЕ ВО СВЕТОТ: АЛЕКСАНДАР ЕФТИМОВСКИ ВО ХОНГ КОНГ

December 10, 2018 Filed Under: Ревија

Неговото творештво во голем формат е поставено во повеќе од 15 градови низ светот. Дел од неговите дела се откупени во колекциите на NAMOC (Национален Музеј на уметност на Кина), International Art Exhibition Xi’аn, како и поголем број на приватни колекции во Германија. 

ЕФТИМОВСКИ Најава за изложбата на нашиот скулпштор во Хонг Конг

Од 5 до 20 декември во Хонг Конг се одржува изложба на скулптури на академскиот скулптор Алексадар Ефтимовски, насловена како „Continuity” со која што завршува неговиот петмесечен академски престој во Хонг Конг. Ефтимовски, за време на неговиот престој при факултетот за визуелни уметности на универзитетот Лингнан, предаваше различни техники на изработка на скулптура. Како дел од резиденционалната програма на Универзитетот, покрај предавањата, Ефтимовски работеше и на свои скулптури – апстрактно геометриски, кои ги изложи на изложбата. Името на изложбата во Хонг Конг со наслов “Continuity” го претставува континуираниот пат на творење на авторот. На изложбата покрај делата на Ефтимовски беа изложени и скулптури, создадени од неговите студенти во периодот на неговиот престој..

Александар Ефтимовски е автор кој своето ликовно знаење го стекна на академиите за уметност во Фиренца и Карара, Италија. Неговото творештво во голем формат е поставено во повеќе од 15 градови низ светот. Дел од неговите дела се откупени во колекциите на NAMOC (Национален Музеј на уметност на Кина), International Art Exhibition Xi’аn, како и поголем број на приватни колекции во Германија.
Лани  во мај овој автор направи изложба и во Скопје, под наслов „Спонтан израз.“

ИТАЛИЈАНСКА ШКОЛА Ефтимовски се школувал во Фиремнца и Карара

„Спонтан израз“ е изложба посветена на случајноста, бидејќи уметноста е случајна, а заедно со неа случајни се и ефектите кои ги оставаат самите алатки. За една скулптура да биде цела или комплетна, клучен е изборот на материјал, димензија, композиција, а секако и ликовните елементи. Времето за формирање на една комплетна ликовна форма е составено од математички и технички дел. Математичкиот или делот пред пренесување на идејата во материјал го зема најголемиот дел од создавањето на едно ликовно дело. Тој е комбинација од идеи, размисли, виртуелни визуализации, скици, комбинации на материјали… додека техничкиот дел кој е материјализација на идејата во конкрертен материјал и форма зема една десетина од времето. Моментот на финалната обработка или тој спонтан израз на едно дело, е оној кога авторот интервенира без претходно размислување. Тој момент е пресуден за формирање на скулптурата во една комплетна целина. Токму таа спонтаност го дава карактерот и белегот на еден ликовен израз.

Александар Ефтимовски е млад автор кој ја посвети својата младост на учење и истражување на апстрактната формална скулптура. Основите на своето творештво ги постави на академиите во Италија. Карактеристично за неговите дела се чистите плоснати површини, острите агли и перфорациите. Особено впечатливи се засеците кои авторот ги одзема од самата компактна форма. Во последно време, Ефтимовски е посветен на изработка на скулптурални објекти од голем формат на европските и светските симпозиуми на скулптура.

МОДЕРЕН ИЗРАЗ Интересопт на скулпторот е завртен кон модерниот израз

 

Filed Under: Ревија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet