Томи Стефановски го преплива „Ла Манш“ на 14 август 2009 година. Пред него, од македонските пливачи, овој канал го препливаа Нико Нестор во 1958 година и Атина Бојаџи во 1969 година. Подвигот на Стефановски траеше 7 часа и 42 минути
По повод 15-годишнината од препливувањето на каналот „Ла Манш“, македонскиот пливачки маратонец Томи Стефаноски на 14 август ќе организира хуманитарен настан на кој ќе се обиде да преплива 15 километри по Охридското Езеро од месноста Пештани до црквата Канео во Охрид, па назад до охридското пристаниште.
„Мојот јубилеј ќе има хумана цел, односно сакам да ја подигнам свеста и да креирам подобри услови за лицата со атипичен развој и инвалидизираните лица во спортот и физичкото образование. Да им дадеме можност на многу лица и деца да го достигнат својот потенцијал, да уживаат во благодетите од спортот и да имаат поисполнет живот“, истакна Стефановски.
Средствата собрани од настанот ќе бидат наменети за посочените цели.
Томи Стефановски го преплива „Ла Манш“ на 14 август 2009 година. Пред него, од македонските пливачи, овој канал го препливаа Нико Нестор во 1958 година и Атина Бојаџи во 1969 година. Подвигот на Стефановски траеше 7 часа и 42 минути.
Предводник на плејадата пливачи на долги патеки е стружамецот Нико Нестор лпк е роден шред малку повеќе од 90 години. Роден е на 19 јуни 1934 година.
На републичките првенства освоил 14 титули, соборувајќи неколку републички рекорди во периодот од 1948 до 1967 година. На 19 август 1958 година година Нестор го остварил својот сон и станал првиот што го препливал Охридското Езеро од Св.Наум до неговата родна Струга. А една година подоцна, на 9 септември 1959 година, Нестор го направил и историскиот подвиг – станал пливач од тогашна Југославија што го препливал каналот Ла Манш. Починал во Скопје на 26 февруари 2016 година. Беше активен како спсортски работник и ги пренесуваше искуствата на идните поколенија.
На 19 септември во далечната 1969 година охриѓанката Атина Бојаџи го преплива каналот Ла Манш. Охриѓанката која успеа да се соочи со неверојатниот предизвик запишувајќи се како една од првите жени во светот кои успеале да го препливаат „страшниот канал“. Атина, патеката долга 50 километри од каналот Ла Манш ја преплива со време од 13 часа и 20 минути.
Претходно уште со 18 години стана светски шампион во маратонско пливање во солени води, откако триумфираше во 1962 година на патеката Капри – Наполи. И денеска го држи рекордот на најмлад шампион на Охридскиот пливачки маратон со само 18 години, но вистински подвиг запиша истата година кога на исклучително опасниот маратон Саида – Бејрут, од 23 натпреварувачи на целта успеа да стигне само таа и еден пливач од Египет. Претседателот на Либан, восхитен од нејзината пливачка моќ, а така млада, тогаш на Атина Бојаџи и додели орден за храброст. Интересно, поради опасности, тој маратон по таа 1962 година повеќе никогаш не е одржан. Потоа, во 1969 година следи врвот на нејзината кариера со испливувањето на Ла Манш. По враќањето во Македонија, и беше приреден незаборавен пречек во нејзиниот Охрид… „Тоа беше неверојатен пречек, како се приближувавме кон Охрид, колони луѓе беа покрај патот почнувајќи од селото Косел па се до центарот на Охрид. Ми се чини како целиот град да беше излезен на улици и не поздравуваше. Се сеќавам на гласот на син ми, кој беше со мене во автомобилот во кој се движевме, кој низ плач прашуваше: ‘Мамо, кои се овие луѓе? Што е ова?’“ – ќе изјави во едно свое интервју Атина Бојаџи, потестувајќи се на таа 1969 година.Тој нејзин успех шест години потоа е овековечен во филмот на Александар Ѓурчинов, „Исправи се Делфина“, каде Атина ја глуми Неда Арнериќ. Во 1998 година. Македонскиот олимписки комитет (МОК) на Атина Бојаџи и го доделува признанието „Великан на македонскиот спорт“, а во 2000 година дневниот весник „Утрински весник“ ја прогласи за спортист на векот. Во чест на „хероината од Ла Манш“ стадионот во рамките на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид го носи името „Атина Бојаџи“.
За впчја на вистината – каско што покажа и филмот на Ѓурчинов, таа немаше многу среќен интимен живот, посебно кога се оддели од својата земја и замина за Сараево. Почина во последните денови од 2010 година.