Во конкуренција се 39 романи за наградата „Роман на годината“. Ова покажува дека околу бројот од 40 дела, речиси по еден насловм на секој викенд се востановува. Дали ова се врзува за затвореноста на луѓето дома, заради ковидот?
Жири-комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Владимир Јанковски (претседател), Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата), констатираше дека годинава во конкуренција се пријавиле 39 романи.
Жири-комисијата е должна да го соопшти добитникот на наградата најдоцна до 15 март оваа година. Наградата „Роман на годината“, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, годинава се доделува по 23-ти пат и се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.
Еве го списокот на ибјавените дела во телот на 2021 година, по азбучен ред:
- „Сантос блуз“, Ненад Алексовски, „Арс Либрис“
- „Опасна игра“, Мери Арсова, „Арс Либрис“
- „Вистинска илузија во лажен свет“, Ангела Бош, „Ѓурѓа“
- „Искра во мракот“, Е.Н.Веровска, „Муза“
- „Се викам Лена“, Јагода Глигоровска, „Попули“
- „Отпадот од духовните контејнери“, Јован Дамјановски, Тетово: „Напредок“
- „Убиствата на пеперутката“, Теодора Ристеска Даскаловски, „Антолог“
- „Втората месечина“, Владо Димовски, „Арс Либрис“
- „Сигурен ризик“ , Анде Јанков, „Антолог“
- „Најосаменото место“, Симеон Јанков, „Или Или“
- „Денот на црвот“, Симона Јованоска, „Или Или“
- „Атласот на тајните“, Дејан Крстески,-Гостивар: Д.Крстески
13.„Уништување“, Моџо Килингтон, „Арс Либрис“
- „Тегли“, Јордан Коцевски, „ПНВ Публикации“
- „Афера во музејот на пари“, Сашо Кузмановски, „Арс Либрис“
- „Црната круна“, Илија Магденоски, „Антолог“
- „Анатомија на бумбарот“, Стефан Марковски, „Паблишер“
- „Лулу“, Јана Мишо, „Арс Либрис“
- „Ловци на лажни вести од зграда 39“, Огнен Неделковски, Детски културен центар „Карпош“, Скопје
- „Врисок за избор“, Јадранка Павлек.-Св.Николе:Ј.Димитриева
- „Велиново“, Димче Парталоски, „Топер“
- „Осамата на Мона Н.“, Загорка Поп-Антоска Андова, Центар за образование, култура и уметност „Данаил Станојески“
- „Старчето“, Ѓорѓи Прчков, „Графо Пром“
- „Патлачето“, Ѓорѓи Прчков, „Графо Пром“
- „Сенки во подземјето“, Марија Ралповска, „Арс Либрис“
- „Музеј на детството“, Алма Растодер, „Арс Либрис“
- „Албино трип“, Александар Русјаков, „Арс Либрис“
28.„Трамонтана“, Наташа Сарџоска, „Три“
- „Брезите што шумеа крај Темза“, Катерина Серафимовска, „Арс Либрис“
- „Плетачката на тантели“, Билјана Станковска, „Феникс“
- „Баба“, Луан Старова, „Паблишер“
- „Теорија за кучешката година“, Милован Стефановски, „Матица Македонска“
- „Лебед“, Ана Стојаноска, „Полица“
- „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“, Давор Стојановски, „Или Или“
- „Храмот на натписите“, Петар Стојановски, „Арс Либрис“
- „Деса“, Ивана Трајаноска, „Арс Либрис“
- „Еден сив мартовски ден“, Тања Урошевиќ, „Или Или“
- „Веќе не сум истиот“, Војо Цветановски, „Арс Либрис“
- „Ден за одмазда“, Ивица Челиковиќ, „Паблишер“
Од оние кои испратиле свои дела на конкурсот Ѓорѓи Пачков има два наслови. Од оние кои се попознати имиња да ги споменеме Ивица Челиковиќ, Тања Урошевиќ, Милован Стефановски…
Во меѓувреме треба да се одбележи уште еден настан. Според Радио Слободна Европа Трајче Кацаров е автор на поемата „Цветко“ , прогласена за најдобра за 2021 година на отворениот конкурс што традиционално се распишува во чест на охридскиот и македонскиот поет Григор Прличев. Според жирито „неговиот ракопис отвара суштински егзистенцијалистички прашања“.
Изборот е на жири комисијата во состав проф. д-р Маја Јакимовска-Тошиќ (претседател), проф. д-р Мишел Павловски и д-р Славчо Ковилоски (членови), во образложението за својата едногласна одлука најнапред забележува дека поемата „пишувана во модернистички манир, претставува вешто компониран поетски исказ, сугестивен и хармоничен, згуснато сензитивен и напати спокоен, кој, преку навидум едноставниот лирски расказ за животот на Цветко.“.