Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

НАЈНОВИ СПОРЕДБИ НА МАКЕДОНИЈА СО СОСЕДИТЕ ВО ВРСКА СО КОВИД-19

July 28, 2020 Filed Under: Македонија

Вкупен број новозаразени за две седмици на 100 000 жители (индикатор на Центарот за контрола и превенција на болести на ЕУ според кој се носи одлука за влез во ЕУ/Шенген зона). Прагот на ЕУ е под 20 новозаразени на 100 000 жители – еквивалент на просечна епидемиолошка слика во ЕУ.. Македонија тука бекежи 75,8 заболени на 100 илјади жители

СТАТИСТИКА ЗА БРОЈ НА ПОЧИНАТИ На овој план не сме најлоши, иако тоа постојано се тврди во медиумите

ТОНИ ПОПОВСКИ

Неколку споредби врз основа на пресметки со влезни податоци од сабајлево (недела наутро). Подолу споделив график со споредби поврзани со стапката на смртност од вкупен број заразени од https://ourworldindata.org/ (сајтот на Оксфорд).

Вкупен број новозаразени за две седмици на 100 000 жители (индикатор на Центарот за контрола и превенција на болести на ЕУ според кој се носи одлука за влез во ЕУ/Шенген зона)

Прагот на ЕУ е под 20 новозаразени на 100 000 жители – еквивалент на просечна епидемиолошка слика во ЕУ.

Според влезни податоци од https://ourworldindata.org/ (сајтот на Оксфорд) – секојдневно се ажурираат и на нашиот ТРЕКЕР https://treker.mk/mk/stats (период 10 – 23 јули)

  1. Црна Гора: 123
  2. Косово: 81.2
  3. Македонија: 75.8
  4. БиХ: 62.9
  5. Србија: 58.1
  6. Албанија: 34.2

7.Турција: 12.3

Уште два индикатори пресметани со влезни податоци од (https://www.worldometers.info/coronavirus/#countries).

Вкупно направени тестови на 1 милион жители (за Косово немам податок), во заграда е број на тестови направени за изминатите две седмици на 1 мил. жители:

  1. Србија: 70,000 = 70К (7,000 + 8,000)
  2. Словенија: 61К (3,000 + 3,000)
  3. Романија: 56К (6,000 + 7,000)
  4. Турција: 53К (4,000 + 3,000)
  5. Црна Гора: 32К (13,000 + 4,000) вкупно или на 1 мил. жители еквивалент на 51 K (Црна гора има 620,000 население)
  6. Македонија: 45К (5,000 + 5,000)
  7. Грција: 42К (4,000 + 3,000)
  8. БиХ: 39К (3,000 + 3,000)
  9. Бугарија: 34К (4,000 + 5,000)
  10. Унгарија: 33К (1,000 + 2,000)
  11. Хрватска: 27К (3,000 + 2,000)
  12. Албанија: 11К (1,000 + 1,000)
НОВА КАМПЊА Неопходна е нова, инвентивна кампања за одржување на хигиенските навики

Има големи разлики во обемот на тестирање во овој регион (Србија тестира седум пати повеќе од Албанија и повеќе од двојно во споредба со Бугарија, Унгарија и Хрватска. Најмногу тестови изминатава седмица има направено Србија, па Романија, и Македонија и Бугарија на трето место. За две седмици Црна Гора има направено најмногу тестови (одлична целисходна тактика на Црногорците – благодарение на неа и забележаа пад на случаи минатава седмица) , ја следи Србија па Романија и на четврто место Македонија.

Вкупен број на новозаразени лица за изминатите 8 седмици – ПЕРИОД НА ОТВОРАЊЕ ВО СИТЕ ДРЖАВИ (распределен за четири последни седмици – ТРЕНД во јули):

1.Турција: 62,070 (8,727 + 7371 + 6,736 + 6,456)

  1. Романија: 24,545 (2,560 + 3,497 + 4,612 + 6,987)
  2. Србија: 12,682 (2037 + 2,244 + 2,425 + 2,765)
  3. БиХ: 7,813 (1,027 + 1,757 + 1,982 + 1,606) и Бугарија: 7,813 (1,052 + 1,498 + 1,463 +1,674)
  4. Македонија: 7,770 (1026 + 1043 + 1051 + 908)
  5. Косово: 7,212 (1,187 + 1.359 + 2,261 + 1,300)
  6. Албанија: 3.515 (489 + 552 + 631 + 635)
  7. Хрватска: 2,546 (470 + 578 + 581 + 539)
  8. Црна Гора: 2,423 (251 + 444 + 908 + 675)
  9. Грција: 1,251 (145 + 261 + 211 + 183)
  10. Словенија: 593 (107 + 148 + 113 + 126)

13.Унгарија: 502 (36 + 55 + 86 + 109)

Најлош тренд на раст на новозаразени во јули има Романија. Постојан раст има во Србија, Бугарија, Албанија но и во Словенија и Унгарија (последниве две со споредбено мал вкупен број новозаразени). Турција бележи континуиран тренд на пад на новозаразени, Покрај Македонија минатава седмица прв пат има пад во БиХ, Косово и во Црна Гора.

ТРОЦИФРЕНО Бројот на новозаразени и во земјава постојано е троцифрен

Кај нас минатава седмица имаме пад на новозаразени во споредба со трите седмици претходно што секако е добар тренд земајќи предвид дека втора седмица по ред правиме над 10,000 тестови седмично. Сепак 908 новозаразени (од 19 – 25 јули) не е број за потценување. Од нив близу 90 лица имаат потреба од хоспитализација а една третина се бори за живот. Од таа причина и од причина што не гледам некаков посуштински одговор би ги повторил и малку проширил моите заложби и прашања:

  1. Колку е можно поскоро затварање на сите градови и подрачја каде репродуктивниот број на инфицирани е над едно лице. Целта е да дојдеме на нивото од крајот на мај за да управуваме со кластери а не со раширена инфекција во заедница како што е сега случај.
  2. Тестирањата од 10 000 вкупно седмично постепено да ги зголемуваме за минимум 2,000 секоја наредна седмица (благо го зголемивме обемот но минатава седмица, но не дојдовме на 12,000 тестови)
  3. Во системот за следење на контакти итно да ги вклучиме општините – тие се најблиску до граѓаните и ги говорат јазиците на зедниците и заедницата ги познава локалните лидери и службеници.
  4. Паралелно – дизајнирање на навистина добро осмислена кампања за примена на трите правила во која ќе се вклучат сите кои имаат некаков личен авторитет и влијание.
  5. Парична стимулација за донирање на крвна плазма – добро во лошото е што големиот број на новозаразени значи и голем број на излекувани после три седмици кои се потенцијални донатори. Ова не би го препуштил на добра воља и етички порив – мора да има и стимулација за да се обезбеди помош за најтешките пациенти.
  6. Оценка на финансиска оправданост за инвестирање во методот кој го применува Д-р Жан Митрев, колку е трошокот за стандарден третман на пациенти со средно тешка и тешка клиничка слика наспроти цената од 12 000 евра за методот кој го применува неговиот тим. Заслужуваме да ја знаеме таа информација.
  7. Дали сме во можност како држава да обезбедиме доволно лекови засновани на молекулата Favipiravir (се произведуваат во Јапонија, Турција, и од неодамна во Русија и Индија) и дали има економска оправданост државата да го помогне Алкалоид и другите наши фармацевтски компании да го произведат – барем да добиеме одговор.
  8. Кој е ставот на МЗ, ИЈЗ и лекарите кои се одговорни за третман на пациентите а поврзано со примена на лекување со Интерферон Бета (после Извештајот објавен од тимот на лекари на Универзитетот во Саутемптон (Обединетото Кралство) за подобрувања кај 80% од пациентите);
  9. Кој е пристапот и какви се плановите за резервирање на вакцини од некој од тимовите кои се влезени или влегуваат во трета фаза од клинички тестирања. Ова е актуелна тема на пример во Србија каде се дискутира дали да се прави резервација од Русија, Кина или да се направи резервација на вакцини од тимовите/фирмите од САД и ЕУ. БЕЗ РЕЗЕРВАЦИЈА МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ОСТАНЕМЕ НАЗАД ВО РЕДОТ ЗА ЧЕКАЊЕ – со сите импликации.

Ви посакувам одлично здравје и брзо опоравување на сите заболение од Ковид 19.

(Авторот е независен експерт кој живее и работи во Брисел)

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet