Андреана Дружина во текот на НОБ беше пет пати ранета. Просто е неверојатно колку бргу се опоравувала и пак се враќала во борба. Деновиве во еден старечки дом го прослави јубилејнот 100-ти роденден
Семејството на старицата Андреана Дружина – Олга и новинарите на Младина ја посетија вројатно најстарата народна хероина во овој дел на светот во нејзиното пебивалиште – старечкиот дом воЛогатец.
Андреана Дружина – Олга (за оние коине знаат ова последното име илегалното, корисено во борбените денови) беше прогласена за национална хероина на Југославија на 21 јули 1953 година. Како активистка на Ослободителниот фронт (ОФ), таа отиде во партизаните во 1942 година, во одредот Доломит, а потоа се бореше како борец во Шрицерската бригада, 15-та дивизија и VII. корпусот.
„Таа беше тешко повредена пет пати во битки, но секогаш се враќаше во борбените единици и ги водеше во цела Словенија. Таа беше една од најхрабрите жени во НОБ. Таа е единствената жива национална хероина на територијата на поранешна Југославија”, нпиш новинарите за Андреана Дружина, читајќи во службните белешки на Здружението на борците – чувачи на традициите на НОБ на Словенија.
Овој месец, соборците ја посетија својата Олга Шерцер, како што ја познаваа од борбата ипожелеа добро здравје по повод 100-ти роденден ,Делегацијата ја предводеше претседателот Маријан Крисман.
Андреана Дружина е родена на 6 јануари 1920 година во Забречац во семејството на кројачот Габриел Дружина и Розалија Ракман од Грокана. крај Брчин. Тоа се места близу Трст, кој и тогаш и сега е во Италија. До 3-то одделение одела на училиште во Борт; нејзиниот татко морал да се пресели во Југославија во 1929 година заради антифашистичката активност. Веднаш по неговото заминување, италијанските фашистички власти ја уапсиле мајката на Андреана, Розалија и ја затвориле во затворот во Трст. Кога конечно била ослободена, таа и нејзините четири деца се придружија на нејзиниот сопруг во Љубљана, каде што завршила основно училиште, а потоа одела во граѓанско стручно училиште. Патот ја однел во Сушак во 1936 година, а потоа кон Загреб. Андреана се обучувала за шиење со нејзиниот татко. Со комунистите се запознала во неговата соблекувална, кого чувала стража кога тие се состанувале и носела пошта. Се приклучи на младинската група комунисти со кои дистрибуираше летоци за востанието против власта на НДХ
Заради тоа што била откриена како им помага на Евреите и собирала пари за партизаните, морала да побегне во Љубљана. Таму се поврзува со движењето на отпорот и најпрвин учиза блничарка но потоа (во 1942 година) оди во борбените редови како помошнк на митралезец. Бргу била ранета и по кусо лекување пак се вратила во борбените редови. Во еден јуриш во истата година (1942) била ранета во двете нозе и во грлото.Во декември 1942 година и во март 1943 година била пио трет, односно четврт пат ранета. Петтото ранување се случло во октомври 1943, во колкот. Поминала три дена под руини, после германко бомбардирање, кога ја пронашле партизански курири. До крајот на војната минала во курс за информатори и влегла во ОЗНА.
Обавувала одговорни функции се до 1955 година во местата на Пирморско а народен хрој станала во 1953 година.