Трамп ја призна власта на Израел врз Голанската висорамнина Преку коментар на Твитер претседателот сигнализираше значајна промена во американската надворешна политика
РЕДАКЦИЈА ГЛОБУС
Претседателот на САД Доналд Трамп, преку коментар на неговиот Твитер профил, ја призна власта на Израел врз Голанската висорамнина, сигнализирајќи значајна промена во американската надворешна политика.
„Време е САД да го признаат авторитетот на Израел врз Голанската висорамнина, што Израелците ја презедоа од Сирија за време на војната во 1967 година“, напиша Трамп на Твитер.
Изјавата на Трамп доаѓа во време кога државниот секретар Мајк Помпео е во посета на Ерусалим, придружуван од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Веројатно тоа не е случајно. Кусо откако Трамп ја објави неговата изјава, Помпео и Нетанјаху одржаа прес конференција, при која израелскиот премиер ја пофали одлуката.
„Претседателот Трамп направи историја. Му се заблагодарив во име на народот на Израел. Пораката што претседателот Трамп ја испрати е дека САД стојат зад Израел. Ние сме длабоко благодарни за поддршката од САД“, рече Нетанјаху.
Трамп ќе се сретне со израелскиот премиер во Вашингтон неделава.
Министерството за надворешни работи во Дамаск пренесе дека објавата на Трамп не го менува фактот дека Голанската висорамнина била и ќе остане арапска и сириска. Ова министерство објави дека објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД ќе го признаат суверенитетот на Голанската висорамнина е „неодговорно“.
Објавата од САД го нарушува меѓународниот легитимитет и резолуциите во Советот за безбедност,а особено резолуцијата 497, истакнувајќи дека соопштението од Трамп е „закана по меѓународниот мир и стабилност“.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја оцени објава на Трамп како одење по „раб на нова криза и нова напнатост“.
Ниту една земја, независно колку е важна, не може да носи ваква одлука“, истакна шефот на Арапската лига Ахмед Абдул Геит.
Претседателот Трамп се огласи преку Твитер дека Голанската висорамнина е од критична стратешка и безбедносна важност за Израел и регионалната стабилност“. Претходно, администрацијата на претседателот Трамп ја отфрли долгогодишната американска политика и ја префрли амбасадата од Тел Авив во Ерусалим откако го призна Ерусалим за главен град.
Помпео рече дека „Израелците и Палестинците живеат едни до други. Треба да им помогнеме тоа да го сфатат“.
Трамп се среќава со Нетанјаху во Вашингтон следната недела. Владата на Нетанјаху ја очекуваат тесни избори за реизбор на 9-ти април, во време кога премиерот се соочува со обвинувања за корупција, измами и финансиски малверзации. Нетанјаху го оцени случајот против него како политички „лов на вештерки“.
Голанска Висорамнина или едноставно Голан – регион на Блискиот Истоккој зазема околу 1800 километри квадратни. Регионот е денес под контрола на Израел, како директна последица од Шестдневната војна (1967) а претходно бил под сирискаконтрола. ООН го смета регионот за „окупиран“ од страна на Израел, и „интегрален дел на Сирија“.
Геолошки, географски и биогеографски регионот ја опфаќа територијата од базалтската висорамнина помеѓу реката Јармук на југ, Галилејското Езеро и долината Хула на запад, Хермонската Планина на север Вади Ракад на исток.
Арапските имиња за висорамнината се Џавлан и Џолан. Во Библијата Голан е споменат како град за прибежиште кој се наоѓа во Башан. Авторите од 19 век го интерпретирале значењето на зборот како „нешто опколено“.Во Мишнах името на регионот е Габлан, а во арамејскиот јазик Гавлана, Гувлана или Гублана.
Голан се граничи со северниот округ на Израел, Либан, Јордан и Сирија. Според Израел под негова контрола се 1.150 километри квадратни, а сириските извори наведуваат дека Голам има вкупна површина од 1.860 километри квадратни, од кои 1.500 се под израелска контрола. Според ЦИА, Израел контролира 1.300 километри квадратни.
Регионот е планински и е на висока надморска височина, кој има преглед на јорднската долина, каде се наоѓа Галилејското Езеро и реката Јордан. На север се наоѓа високата планина Хермон. Просечната надморска височина на Голан е 1.000 метри, односно на север е некаде највисока точка со 2.814 метри, а кај Галилејското Езеро е под нивото на морето.
Регионот е значаен извор на свежа вода, особено во повисоките места. Голанската Висорамнина снабдува 15 огсто од потребната вода на Израел.
Претставничката на на ЕУ за Ројтерс изјавила дека изјавата на претседателот Трамп дека САД ќе гио признае суверенитетот на Изаел над Голан не го менува ставот на Унијата, за кого ова е сириска територија. Портпаролот на Кремл Песков изјавил дека повикот на Трамп е само негов повик и ништо повеќе. Арапскиот свет и Иран еднодушно ја осудија оценката на Трамп..