Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

НА ДЕНОТ НА БОРЕЦОТ: ФУШТАНИ- ПАРТИЗАНСКОТО ГНЕЗДО

July 9, 2025 Filed Under: Македонија

Необично е позицијата на Мегленско. Од сите страни планини, само од една – приод, од кај Постол, кој лесно се контролира. И во најтешки времиња имало доволно храна за борците а тие преку сртовите на Кожув упаѓале во Вардарска Макдонија и му нанесувале тешки порази на бугарскиот окупатор

ЦВЕТКО УЗУНОВСКИ ГОВОРИ Ова е снимка од средбата на антифасшистичката младина од регионот

Првите сеќавања за борбите во НОВ како основец ги добив од мојата прекрасна учителка Александра Митревска. Нејзиниот маж бил партизан а најмногу спомени преку него кажуваше за селото Фуштани во Егејска макдонија, денес Грција. На бројните борци многу им се допаѓало изобилието на тикви, кои биле вистинска, калорична храна за вечно изгладнетите герилци, кои гимало на број. Таму е формирана Втората македонска ударна бригада (попозната како Тиквешка) а месноста е користена и за многу интернационални активности. На пример таму е формиран Младинскиот антифашистички сојуз со делегати дојдени од Албанија, Грција и Бугарија. Местото просто е иделано за одбрана, за напад и повлекување во него.

Фуштани (грчки: Φούστανη, Фустани) е село во Мегленско, и се наоѓа во подножјето на јужниот дел од планината Кожуф, 18 километри североисточно од градот С’ботско со кој е поврзан и со добар пат, на надморска височина од 300 метри. Во минатото, селото претставувало мало гратче и стопанско средиште на селата од некогашната Фуштанска каза, како и самостојна општина во Мегленската околија. Сместено е во северниот дел на областа Меглен, мала котлина помеѓу планините Кожуф на исток, Пајак на југоисток и Ниџе на северозапад, на околу 13 километри северно од селото Капињани. Најрано се  спомнува како Хоштјани во 1086 година, кога е дадено на Леон Кефала како награда за неговите успеси при опсадата на Лариса од Норманите.]

Во минатото, Фуштани претставувало стопанско и административно средиште, седиште на Оливеровата нахија уште од XV век, а подоцна центар на Фуштанската каза. Во него се одржувал пазар, на кој учествувало населението од многу села на Мегленската, Гуменџиската, Гевгелиската и Воденската околија, па дури и од полските села – од Вртикоп и Пазар. Во детството наши драги соседи беа дојденци од Егејска Македонија, кои ги одбрале презимето Вртокоплиеви, за да биде запомнето и пренесувано од колено на колено а нивните пак стории за моќните аграрни приноси во тој крај, богат со вода но и отворен кон медитеранската клима беа исто така впечатливи.

До 1924 година, Фуштани било населено исклучително со македонско население, чиј поголем дел во немирните години заради поголема семејна и имотна сигурност ја сменил верата и се исламизирал. Во согласност со Лозанскиот договор, во 1924 година присилно било иселено муслиманското население во Турција, а на нивно место грчките власти населиле бегалски семејства од Мала Азија и Источна Тракија.[2] Во 1928 година, во селото живееле 249 грчки бегалски семејства со вкупно 1.042 жители.

Фуштани е сепак најпознато во македонската историја, бидејќи тука од декември до април 1943/1944 година престојувал Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија. Тука е создадена Втората македонска ударна бригада, одржани се партиско советување и младински конгрес, а тука биле нападнати и германски воени единици, кои претрпеле тешки порази.

ХОР НА РУСКАТА ЧЕТА Во рамките на бригадата постоела и посебна чета на Риси, позната по песнопјството

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 542 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 454 жители.

Втора македонска ударна бригада (позната и како Тиквешка ударна бригада) — бригада е формирана во село Фуштани на 20 декември 1943 година. Била формирана од 480 борци на баталјонот „Страшо Пинџур“, Вториот баталјон на Третата оперативна зона на НОВ и ПОМ и бугарскиот баталјон „Христо Ботев“. По неколку дена, на 23 декември баталјонот „Христо Ботев“ излегол од нејзиниот состав, а бил приклучен баталјонот „Мирче Ацев“.[ О25 август 1944 година, бригадата била во состав на Четириесет и првата македонска дивизија. По формирање на бригадата, таа почнала да го издава својот орган весникот „Народна борба“. Во јануари 1944 година бригадата броела околу 445 борци. Командниот состав на бригадата го сочинувале: Диме Туриманџовски – командант од 19 декември 1943 до крајот на мај 1944 година; Методија Поповски – Мајка – командант од јуни 1944 година; Наум Василевски – Овчар – потпоручник, одреден за командант со наредба на ГШ на НОВ и ПОМ од 6 август (стапил на должност на 25 август) до 25 септември 1944 година; Живојин Росиќ, командант до 17 октомври 1944 година; Ванде Лазаревски – командант од 17 октомври до 17 декември 1944 г.; Пецо Гудовски – командант од 17 декември 1944 година; Раде Поповиќ – Душко – командант од 1 март 1945 година. Политички комесари на бригадата биле: Трифон Трифонов – Балкански – политички комесар од 19 декември 1943 година;; Наум Наумовски – Борче – политички комесар од март до 25 август 1944 година; Стојан Бочваровски – Бочвар – политички комесар од 25 август 1944 година; Ристо Стојановски – Железни – политички комесар од септември 1944 година и повторно од 1 март 1945 г.; Илија Андреевски – Кагин – политички комесар од 17 октомври 1944 година; Пара Газиноска – заменик политички комесар (од март 1944 до 15 мај; 1945 година); Дана Андреева – Неткова – заменик политички комесар (од јули 1944 година). Борбените операции на оваа бригада се одвивале на целиот терен на Македонија, од егејскиот дел на Македонија, па сè до Сремскиот фронт, Србија, Хрватска и Словенија.

Во текот на првата половина на 1944 година, Втората македонска ударна бригада водела успешни борби против бугарскиот окупатор кај кавадаречко, мегленско и учествувала во Февруарскиот поход. Изведувала диверзантски акции на пругата Гевгелија–Демир Капија, а потоа преминала на теренот на Прилеп и Мариово. Во рамките на овие операции, бригадата имала жестоки судири со бугарската војска кај село Витолишта, с. Полчишта, с. Конопиште на 7 јуни 1944 година, с. Стрмашево на 12 јуни 1944 година, кај с. Крањево на 19 јуни 1944 г.[2] Кон крајот на јули 1944 година, Бригадата имала пет баталјони, а кон средината на август, Битолскиот и Прилепскиот баталјон влегле во составот на Седмата и на Петтата македонска ударна бригада.[1]

ВТОРАТА МАКЕДОНСКА БРИГАДА Нејзиното попознато име е – Тивешка бидејќи најчестите борбио ги водела во регионот на Кавадарци и Неготино

Од 25 август 1944 година кога влегува во состав на Четириесет и првата македонска дивизија,[1] бригадата броела околу 1200 борци и старешини. Во текот на септември 1944 година делувала на линијата Гевгелија – Велес, а подоцна учествувала во борбите за ослободување на Прилеп и Кичево (околу 15-18 ноември, 1944 година),[2] како и против германските сили кои се повлекувале од Грција по долината на реката Вардар.[1]

Со воената реорганизација од декември 1944 година, бригадата влегла во состав на Четириесет и осмата македонска дивизија, која пак била дел од Петнаесеттиот македонски корпус. Во состав на корпусот, бригадата учествувала на Сремскиот фронт, во реонот на Иљача и Винковци, почнувајќи од 12 април до 17 април, 1944 година при нивниот пробив кон Загреб воделе битки кај Стризивојна и Врпоље, па кај Славонска Пожега на 20-21 април, кај селото Гарешница, Чазма и во реонот на Загреб од 25 април до 9 мај. Откако учествувале во ослободувањето на Загреб, заедно со дваесет и првата српска дивизија, вршеле чистење на теренот и разоружување на непријателските сили.[1] На Сремскиот фронт, бигадата го издавала весникот „Нашиот удар“, од кој излегле 5 броја. Од оваа бригада на Сремскиот фронт загинале 245 борци и старешини.

 

 

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet