… остануваат нерешени заканите кон проевропските новинари, што остануваат неразрешени. Техничката влада за кусо време преку случајот со Фуркан покажа што им мисли на новинаритер!
Џабир Дерала, почитуван истражувачки новинар од Северна Македонија и претставник на медиумската платформа на ЦИВИЛ, е еден од оние новинари кон кого во годината зад нас беа упатени смртни закани и тоа од лица кои не го криеја својот идентитет. Цинично, на листата што ја објави Репортери без граница токму тој сегмент е оној каде нашето новинарство стои безбедно, односно подобро во однос на другите индикатори. Но признанието за борбата за слобода за загртозениот дерала дојде од надвор – тој е прогласен за добитник на престижната Награда за солидарност за новинари од Југоистолна Европа за 2024 година, од страна на Südosteuropa-Gesellschaft, Германија. Ова признание ја слави храброста и посветеноста на новинарите низ партнерските земји кои преземаат значителни лични ризици за да испорачаат критичко известување.
Наградата за солидарност ги истакнува и ги пофалува извонредните придонеси на Дерала кон унапредување на демократијата, поддржување на правото на владеење и поттикнување на слободата на печатот низ регионот. Извонредната кариера и влијателните иницијативи на Дерала направија трајна разлика во сферите на човековите права, новинарството и борбата против дезинформациите.
Во овој контекст да ја додадеме изјавата на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, а по повод Денот на слободата на новинарството.
„Квалитетните, професионални и независни новинари, коишто ја сфаќаат сериозноста и тежината на креирање на јавното мислење, можат да претставуваат силен глас на јавноста. Затоа мора да продолжиме да вложуваме во воспоставувањето стандарди со кои медиумите ќе можат слободно и независно да работат и да се развиваат. Да градиме атмосфера во која медиумските работници ќе се чувствуваат безбедно и заштитено. Да имаме доблест да ја прифатиме критиката и да ја поддржиме слободата на изразувањето. Само така ќе имаме моќни и силни медиуми и новинари коишто ќе бидат објективни во известувањето и ќе ѝ служат на јавноста, а не на политичките елити и на изворите на финансирање“, стои во пораката од претседателот Пендаровски.
Слободата на печатот ширум светот е загрозена од самите луѓе кои треба да бидат нејзини гаранти – политичките власти, се наведува во најновиот Светски Индекс за слободата на печатот, што го изработува меѓународната организација Репортери без граници (РСФ) секоја година, пренесува ЦИВИЛ МЕДИА.
Овој наод се заснова на фактот дека од петте показатели користени за составување на рангирањето, политичкиот показател е најмногу паднат, забележувајќи глобален просечен пад од 7,6 поени.
Сѐ поголем број влади и политички власти не ја исполнуваат својата улога како гаранти на најдобрата можна средина за новинарството и за правото на јавноста на веродостојни, независни и разновидни вести и информации. Во извештајот на Репортери без граници се нотира загрижувачки пад на поддршката и почитувањето на медиумската автономија и зголемување на притисокот од државата или другите политички актери.
На меѓународно ниво, оваа година е забележлива по очигледниот недостаток на политичка волја од страна на меѓународната заедница за спроведување на принципите за заштита на новинарите, особено резолуцијата 2222 на Советот за безбедност на ОН. Војната во Газа беше обележана со рекорден број на прекршувањата врз новинарите и медиумите од октомври 2023 година. Повеќе од 100 палестински известувачи се убиени од страна на израелските одбранбени сили, вклучително и најмалку 22 во текот на нивната работа.
Окупирана и под постојано израелско бомбардирање, Палестина е рангирана на 157 место од 180 испитани земји и територии во вкупниот светски индекс за слобода на печатот за 2024 година, но е рангирана меѓу последните 10 во однос на безбедноста на новинарите.
Значителен број влади ја засилија својата контрола врз социјалните медиуми и интернетот, ограничувајќи го пристапот, блокирајќи сметки и потиснувајќи ги пораките што пренесуваат вести и информации. Новинарите кои го кажуваат она што го мислат на социјалните мрежи во Виетнам (174.) се речиси систематски затворени.
Во Кина (172-ра), покрај тоа што притвора повеќе новинари од која било друга земја во светот, владата продолжува да врши строга контрола врз информативните канали, спроведувајќи политики за цензура и надзор за регулирање на онлајн содржината и ограничување на ширењето на информации кои се сметаат за чувствителни или спротивно на партиската линија.
Одредени политички групи подгреваат омраза и недоверба кон новинарите со тоа што ги навредуваат, ги дискредитираат и им се закануваат. Други организираат преземање на медиумскиот екосистем, без разлика дали преку државните медиуми под нивна контрола, или медиумите во приватна сопственост преку аквизиции од сојузнички бизнисмени. Италија на Џорџија Мелони (46-та) – каде член на владејачката парламентарна коалиција се обидува да ја стекне втората по големина новинска агенција (АГИ) – падна за пет места оваа година.
Политичките групи често служат како канали за ширење, па дури и поттикнувачи на кампањи за дезинформација. Во повеќе од три четвртини од земјите оценети во Индексот (138 земји), мнозинството од испитаниците на прашалникот изјавија дека политичките актери во нивните земји често биле вклучени во пропагандни или дезинформативни кампањи. Ова вклучување е опишано како „систематско“ во 31 земја.
Во Источна Европа и Централна Азија, медиумската цензура се засили во спектакуларната мимикрија на руските репресивни методи, особено во Белорусија (пад од 10 до 167 место), Грузија (103), Киргистан (120) и Азербејџан (пад од 13 на 164 место). Влијанието на Кремљ достигна дури до Србија (пад од седум места и сега се наоѓа на 98 место), каде што провладините медиуми носат руска пропаганда, а властите им се закануваат на руските новинари во егзил. Русија (162.), каде што Владимир Путин беше неизненадувачки реизбран во 2024 година, продолжува да води војна во Украина (61.) што имаше големо влијание врз медиумскиот екосистем и безбедноста на новинарите.
Вкупниот пад на политичкиот показател се одрази и на триото на врвот на Светскиот индекс за слобода на печатот. Норвешка, сè уште на првото место, забележа пад на својот политички резултат, а Ирска (8-ма), каде што политичарите ги подложија медиумите на судски заплашувања, ја отстапи својата водечка позиција во Европската унија на Данска (втора), а по неа следи Шведска (3-та).
Во однос на лани, Македнија забележува пад во четири од пет индикатори. Најголем пад од 5.35 поени има во политичкиот показател, од 1.82 поени во показателот правна рамка, од 3.05 поени во социјалниот индикатор, а пораст има само во показателот за безбедност од 8.16 поени
Иако новинарите не работат во непријателско опкружување, раширените дезинформации и недостатокот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади. Владините функционери имаат тенденција да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите, забележува „Репортери без граници“ (РСФ) за земјава во најновиот извештај за Индексот за слобода на медиумите. (Јасно, недостасува она што е нашата карактеристика – дека опозициски функционери се тие кои ги диктираат условите во кои работата новинарите и нивниоте редакции о се протагонисти во загрозувањето на животот на новинарите а последен рпимер, доволно драстичен е и оној со нападот врз Фуркан Салиу!).
Македонија забележува скок од две места во однос на лани, од 38 на 36 место и има најдобра оценка споредено со земјите во регионот. Класификацијата на РСФ опфаќа 180 држави од цел свет.
Во однс на лани, Македнија забележува пад во четири од пет индикатори. Најголем пад од 5.35 поени има во политичкиот показател, од 1.82 поени во показателот правна рамка, од 3.05 поени во социјалниот индикатор, а пораст има само во показателот за безбедност од 8.16 поени.
„Целокупното опкружување останува поволно за слободата на медиумите, но владините агенции не се многу транспарентни и критичкото новинарство е сè повеќе подложно на напади. Поради силната политичка поларизација, медиумите можат да бидат под притисок на властите, политичарите и бизнисмените и на национално и на локално ниво. Двете најголеми партии (на власт и во опозиција) создадоа паралелни медиумски системи врз кои го вршат своето политичко и економско влијание. Јавниот радиодифузен сервис нема уредувачка и финансиска независност“, се вели во показателот политички контекст.
Во показателот правна рамка се посочува на новиот закон со кој повторно се овозможи рекламирање на власта во медиумите и се наведува:
„Додека уставот ја гарантира слободата на говорот и забранува цензура, земјата бавно го усогласува законодавството за медиумите со стандардите на Европската Унија, на која има намера да ѝ се придружи. Процедурите на SLAPP тужбите служат како инструменти за заплашување и притисок врз независните медиуми. Осудувањето за клевета на медиумот ИРЛ во 2023 година за неговото истражување од општ интерес постави опасен преседан. Новиот закон со кој повторно се овластуваат националните и локалните власти да се рекламираат во медиумите во приватна сопственост, ја зголеми загриженоста за можното ширење на влијание поврзано со тоа“.
Во социјалниот показател се забележува дека социјалните медиуми и дигиталната сфера главно го фаворизираат ширењето на дезинформации и кибер закани.
„Во комбинација со ниските професионални стандарди, тие придонесуваат за намалување на довербата на јавноста во медиумите и го отвораат патот за напади врз новинари врз основа на пол, етничка припадност или религија“, стои во социјалниот индикатор.
Во сите шест земји од Западен Балкан, слободата на медиумите е влошена и вкупната оценка бележи пад од 4,14 поени од лани.
(користени се информации од повеќе медиуми)