Роберт Каган, идеолошкиот водач и мозокот на американските неоконзервативци, на голема врата се враќа во политичкото влијание во САД
Како што се приближуваат претседателските избори во САД, неговите јавни настапи и интервјуа стануваат се почести. Тој знае дека големите проекти не се прават со ситни души. Во неговиот авторски напис за „Foreign Policy“ вели дека „Трамп е несреќен избор во несреќно време и претставува полза за некоја трета светска војна“. Според него, Доналд Трамп е „најуспешниот демагог и шарлатан во историјата на американската политика“, оти целосно ја уништи улогата на Америка во светот, а без американското водство, сериозно се загрозува светскиот поредок и тоа води кон Третата светска војна. А светот веќе е полн со празни луѓе.
Познато е дека САД одиграа клучна улога во воспоставувањето на европските демократии, но сега веќе неколку години го прават спротивното. Уште кон крајот на Студената војна, американската јавност сѐ повеќе се прашуваше – а зошто мора ние да го имаме товарот на светот? Зошто мора да имаме трупи во Европа? Зошто Европејците не се грижат самите за себе? По војната во Ирак и финансиската криза во 2008 година, дебатата достигна пресвртна точка. Барак Обама, а посебно Доналд Трамп се двајцата претседатели кои сметаа дека нивна мисија е да ја извлечат Америка од оваа улога. „Секако дека Трамп е најекстремната верзија на тоа“ вели Каган. Трамп ги турна САД во изолација загрозувајќи ги не само американските интереси, туку и на целиот глобален мировен поредок заснован врз американската заштита на либералната демократија. Роберт Каган е основач на познатиот “PNAC – The Project for the New American Century” (Проектот за новиот американски век), кој ја постави идеолошката основа за американските воени интервенции во светот, вклучително и инвазијата во Ирак во 2003 година. Тој со совршена прецизност, ги црта контурите на американската надворешна политика без никакви бариери, кои многу посилно би биле ставени во функција кога Трамп би ги загубил изборите. Последниве месеци, екипата на Трамп и самиот тој како да ја сфатиле нивната голема грешка. Прва жртва на таквото отрезнување стана балтичкиот гасовод „Северен поток 2“ кој треба да пренесе руски гас за ЕУ, и кој скоро е завршен после потрошени тешки милјарди, но дека тешко дека ќе профункционира оти американците (и некои европски држави) силно ја повлекле кочницата. Нивниот став е дека ЕУ треба помалку да биде зависна од руската енергија, а и не сме да се маргинализира Украина, оти тоа е закана за националната безбедност.
Во рамките на таквото отрезнување треба да се третира и договорот за економска нормализација меѓу Србија и Косово. Трамп и неговата администрација, доцна, но сепак сфатиле дека во одредени делови на светот мора да профункционира „длабоката држава“. За Западниот Балкан каде што луѓето се плашат да бидат нормални, го смислија „Мини-Шенгенот“, со цел да ги туркат Русите и Кинезите од регионот. Истовремено најавуваат силни инвестиции за целиот регион. Албанија и Црна Гора стана многу важни стратешки сојузници, со помош на кои САД ќе ја контролираат Јадранската порта – Отранто, со што ќе се спречи руското влијание во Југоисточна Европа. Особено по приемот на Албанија, Црна Гора и Северна Македонија во НАТО, САД воспоставија целосна контрола врз Јадранското Море, што дефинитивно во корен ги спречува руските претензии врз Западен Балкан. Со контрола над Отрантската порта, САД ќе го спречат и кинески поморски пат на свилата – МRS (Maritime Silk Roud), кој се протега од Пацификот и Индискиот океан, низ Персискиот Залив, Црвеното Море, Суески канал, Средоземното Море, па сè до северниот Јадран, односно пристаништата Риека, Копер и Трст – градови што требало да бидат центри на понатамошна кинеска трговија кон внатрешноста на Европа.
Рака на срце, Трамп нема ни свест ниту знаење за овие работи. Дури тешко примал совети, се додека не му светнало во главата дека ќе ги изгуби изборите. Тој едноставно знае само да ја негува голата омраза кон тие што се пречка за неговиот реизбор и слепа љубов кон тие што му се во полза. Но, тоа и не е толку важно. Важно е што американците почнаа да дејствуваат како што треба. Тие сега работат на формирањето на западно-балканската транспортна мрежа, кое претпоставува модернизирање на инфраструктурата и отворањето на границите, посебно за земјите кандидати за ЕУ, познато како – ТINA (Transport Infrastructure Needs Assessement), транспортна мрежа каде што спаѓаат важните коридори како продолжение на Транс-европската мрежа – ТЕN (Тrans-European Networks). Факт дека Србија со двојната игра видно загуби од своја геополитичката улога. Дополнително со изградбата на Коридорите IV (Будимпешта, Арад, Крајова, Софија, Солун). Но сега во координација со САД, таа е фокусирана на нови коридорни алтернативи кон Косово и Албанија и кон зајакнувањето на Коридорот X. САД планираат инвестиции и во патната и железничката инфраструктура на Коридорот Х (Салцбург – Љубљана – Загреб – Белград – Ниш – Скопје – Солун), каде што Кина требаше да го спроведе својот проект „Појас и пат“. Со такви инвестиции САД сакаат да го поврзат Јадранот и Јонско-Црноморскиот морски појас, со што би се зајакнало присуството на силите на НАТО во целиот тој регион, а со тоа би зајакнала и геополитичката доминација врз регионот, со што Кина и Русија би ги спакувале куферите од тој дел.
Стравувањата во Косово, Црна Гора и Босна се без основа
Реално, фотографиите со потпишувањето на Договорот меѓу Србија и Косово на 4 септември, за Трамп се само обична изборна калкулација, но во длабочина реално се случува голем пресврт во американската надворешна политика. Лично Трамп, веројатно не знаел ни што потпишувал кога зборуваше за „запирање на масовните убивства“ меѓу Србите и Косоварите! Тоа е исто како во 1965 година да зборувате дека конечно сте ги запреле масовните убивства меѓу Германците и Сојузниците! Но, тоа воопшто не е важно. Важно е што Трамп го прави потребното дури без свое знаење и волја. Во хаотичниот свет (и Балканот), мора да се воспостави некаков светски поредок. Поинаку на многу делови на светот, особено на Балканот како магнет за глупости ќе зајакне поредокот на мафијата, но и ќе настапи дестабилизацијата.
САД веќе почна да префрлуваат пари за транспортни коридори меѓу Србија, Косово и Албанија, а сериозно се фокусираат и на другите западнобалкански коридори. А бараат и нивно трговско поврзување. Тоа не наидува на симпатија кај голем број Албанци, Бошњаци и Црногорци во регионот, но тоа е веројатно поради суштинско непознацање на работите. Имено регионалните држави не можат да живеат во вечни непријателства, а истовремено да се повикуваат на европските вредности, оти самата Европа брзо ги амортизира тие непријателства и почна со меѓусебна интеграција. Само така, тука може да се создаде ефикасен пазар од околу 20 милиони луѓе, со што ќе се отворат нови развојни можности за целиот регион. Видно ќе се намалува исселувањето што се заканува со тотална депопулација на регионот. Констатациите дека со тоа се прави нова Југославија, со светлосни години се далеку од вистината. За такво нешто треба да формираат сојузни органи и институци, устав, војска, управа и тнт. Тука се работи само за заеднички пазар што многу ќе им помогне на регионалните стопанства на државите, кои заеднички полесно ќе стигнат до ЕУ. Секако дека во моментот Србија е посилна, но брзо и другите држави ќе го зајакнат темпото. Косово и Албанија многу ќе добиваат и поради транзитот и користењето на пристаништата, а секако дека ќе станат релевантни и во геополитичка смисла тукму поради коридорите и пристаништата. Секако дека во такви околности, многу полесно може да се случи решавањето на сите проблеми меѓу Косово и Србија. Косово има големи резерви на лигнит (сливот Дукаѓини – Дреница околу 12 милијарди тони), но и олово, цинк, сребро, никел, манган, молибден и бор во вредност од илјада милијарди долари. Најголемиот рударски комплекс на поранешната држава, Трепча (проценета на околу 500 милијарди евра ресурси), е преземен од заеднички американско-францускиот конзорциум на 99-годишна концесија. Имено, големи светски корпорации како што е „Envidity Energy Inc.“ веќе се вклучени во битката за експлоатација на ресурсите на Косово. Тука е и меѓународната корпорација „Lydian“ која се фокусира на истражување на златото во Ораховац.
Но, мора да се знае дека во проекцијата на Каган за пост-Трамповата ера за нашиот регион, ќе нема место за корумпирани режими и партиски лидери, не само поради тоа што такво нешто е во спротивност со основните вредности на американскиот правен систем, туку првенствено поради тоа што со толерирањето корумпирани лидери се создава омраза домашното население кон САД, со што долгорочно ќе им наштети на природното зближување. Ќе нема место за тие кои својата среќа ја купувале со пари добиени од продажбата на душата.