МИТКО ГАЏОВСКИ
Многу ретко, скоро никогаш не пишувам ФБ статуси но кога привршува денов што личеше на зима, а не на пролет сакам на кратко да пишам збор два
Утрово околу 9 часот се упативме кон Клинички центар поточно на Кликника за Токсикологија со мои двајца блиски членови на семејството кои веќе шести ден се позитивни на Ковид-19, со тешка клиничка слика, ниска сатурација, зафатени белодробни крила и висока темтература изминативе денови.
Едниот на 66 другиот на 94 годишна возраст. Кога пристигнавме не прими д-р Данил Петровски, ги направи сите потребни прегледи по што констатираше дека и двајцата се за хоспитализација. Ми кажа дека во Вибер групата која што ја имаат за згрижување на ковид пациенти насоката е ваквите пациенти да се упатуваат кон Клиника за Неврологија. Тоа и го направи, ни даде упат, количка за постариот пациент и тргнавме кон Неврологија.
По пат освен што беше ладно мачни беа и мислите што се ќе не очекува додека ги сместиме, колку време ќе треба за тоа, луѓе чекале со денови за кревет… Стигнавме на Неврологија, влеговме, а внатре нема никој. Во ходникот на лист залепен телефонски број на дежурен доктор.
Вртам на бројот ја раскажувам историјата и симптомите на двајцата и докторката ми вика за 5 минути ќе ве побарам. Си мислам во себе ааааа да сигурно ќе ме побара. Од тоа што се зборува меѓу луѓево кревет нема никаде слободен, со денови се чекало за сместување, ќе се изначекаме кај и да се јавувам за помош кога нема кревет ќе биде за џабе, секако ќе мора да чекаме да се ослободи нешто за да може нив да ги сместат.
За 5 мин ми звони докторката и ми вика има едно место но бидејки се мајка и син сакам да ги сместиме на исто место, за 10 минути ќе те побарам повторно. Така и беше ми се јави после десетина минути и вика доаѓа сестра да ги земе двајцата ќе ги сместиме на Клиника за кожни болести во ковид центарот.
Јас со неверување и по малку шокиран од брзината со која се случуваше целава работа успеав некако да ја прашам со кого разговарам, со доктор Ивона вика, јас сум педијатар ама заради ситуацијава сум во служба тука. Дојде сестрата се поздравив со двајцата ги зема и ги однесе.
Колку што сум запознаен д-р Дејан Докиќ е одговорен за организација на ковид центарот на Клинички, а од тој аспект она што го доживеав денеска навистина е за секоја пофалба, браво!Беше 10:45 кога си тргнав од Клинички со сто мисли во главата, но со чуство дека конечно се во сигурни раце. Повеќе нити зимскиов ден не беше проблем затоа што знаев дека тие се згрижени.
Ова беше моето искуство, знам и сигурен сум дека не е секогаш вака, но денеска беше. Ниту една ургенција, ниту една врска, ниту еден телефон за било каква помош од било кого. Не постојат пари на светов со кои може да се платат или наградат докторите и медицинскиот персонал кој секојдневно веќе втора година се борат со вирусов и кои се грижат за нашите најблиски.
Таму на клиниките се водат најтешките борби, и токму тие што ги водат треба да бидат првенствено почитувани, а се разбира и наградени за тоа. Денеска е 7 април Светскиот ден на Здравјето, грижете се за Нив за тие да се грижат за нашето здравје. Тие се нашите суперхерои
(Авторот е политколог и ова е запишано на неговиот ФБ статус)