ВОЈО МАНЕВСКИ
Останува секојдневната комуникација на граѓаните меѓу себе. Овде стрпливо мора да се работи на основата за тоа. Важна е довербата и меѓусебното почитување па полесно ќе се најде јазикот на кој ќе се прави тоа. Ако е казнето човештвото од Господа за своите гревови со поделбата на јазиците на кои говори , колку треба да трае покајанието па да се влезе во чистилиштето.
„Кога Господ виде дека луѓето почнаа да се одалечуваат од својот основен лик им ги измеша јазиците и од тогаш луѓето зборуваат на различни јазици и се мачат да се разберат.“
Не сум сигурен дека точно ја пренесов реченицата од библијата ама мислам дека таква била постапката на творецот. Јас извлекувам заклучок дека уште од тогаш луѓето имаат потреба не само да кумуицираат меѓу себе туку и имаат потреба да се разберат што точно велат и кој им се намерите. Да ги раководиш треба или да им ги знаеш намерите или меѓусебно да не ги усогласат.
Ние сме библијска земја, велат историчарите и изледа не сме многу напреднале од тие правремиња. Кај нас јазиците на комуникација меѓу она што остана од народите кои живеат овде се пречка за разбирање.
Деновиве повторно сме пред разни најави за дестабилизација поради можната одлука на Уставниот суд за законот за употреба на јазиците. Во основа, проблемот е во различното разбирање на суштината на државата и нејзиното функционирање. Македонците сметаат дека сите други, на кои македонскиот јазик не им е мајчин, треба да го познаваат бидејки тој е службен јазик и со неговото непознавање се нарушува унтарниот карактер на државата. Албанците сметаат дека и македонците треба да го учат албанскиот јазик бидејки тие се голема заедница и нивниот јазик е исто службен јазик. При тоа не се води сметка дека во оваа држава има и други народи кои имаат и свои јазици и тие не треба да се чувствуваат дискриминирано.
Политичките партии ова дебело го користат бидејки кога се работи за чувства најлесно се манипулира со нив. По дефиниција кога се зборува за чувства рационалноста како метод не помага.
Овде треба да ги оставиме настрана секојдневните комуникации на субјектите во економијата каде јазикот е низ бројки и степен на профит. Криминалците немаат проблем на комуникација зошто и кај нив некои друи вредности имаат предност.
Останува да се најде решение за комуникацијата меѓу граѓаните и институциите на државата каде треба да се постигне висок степен на рамноправност.
Идејата за овој текст ми се наметна низ разговорот со експертите од Комората за информатичка технологија кои размислуваат во сферата на своите знаења и сметаат дека решение за еднаквост на раѓаните пред најголем дел од државните орани постои но е потребно серизоно да се прејде на вистинска дигитализација на системот во државата. Вештачката интелегенција нема да е опасност за човештвото доколку е ставена во функција на неговиот економски но и социјален развој.
Според експертите за дигитална технологија постојат добри дигитални решенија кои овозможуваат секој граѓанин на свој јазик да направи барање за потребниот документ, а системот му испорачува она што го барал на обрзац кој го пропишува законот и на јазикот на кој странката го бара. Освен ова, дигитализацијата значи правење на фајл за секој граѓанин и ако се отчука неговиот матичен број веднаш се појавуваат сите негови лични документи . Ова е опција за секој граѓанин доколку му се потребни личните документи а целиот систем треба да функцинира интегрално и на секој орган на државата кога му се потребни документи од друг орган преку системот ќе може да ги добие. Со ова се избегнуваат чекањата на разни потврди и дозволи. Органот кој го издава конечното решение ќе ги има сите потребни документи без странката да се ангажира околу поднесувања на барања и стоење на шалтери.
За операционализација на ваков систем според познавачите е потребно околу половина година и уште една половина најмалку да се поправат грешките кои ќе се појават. Освен информатичари ќе бидат потребни и правници и лингвистичари кои целиот систем ќе го доведат на ниво кога ќе биде лесна комуникацијата меќу граѓанинот и државните органи.
Употребата на јазикот при судските процеси исто може преку дигитализација да се поедностави со автоматско преведување на списите на јазикот кој го бараат странките или нивните застапници. Ако е потребно овде може да се интервенира и во законските решенија.
Ако дигитализацијата на целиот систем доведе до разбирање и равноправност на граѓаните пред државните органи, цената за ваквииот систем никогаш нема да е превисока ако се земе сегашната состојба на постојана недоверба и јазична нерамноправност меѓу граѓаните.
Може да се пресмета и колку ги чинат граѓаните таксите при вадењето на разните потврди , изводи и др документи. А колку чинат платите на службениците кои сега тоа го работат а граѓаните не се задоволни од услугата? Да не споменувам дека со ваквиот дигитален систем понизноста на граѓаните како поданици на државните органи се менува квалитативно.
Кои би биле пречките во воспоставување на овој систем. Како и сѐ во оваа држава ќе се наиде на кај нас нужната политичка волја. Партиите ќе загубат едно широко поле каде со чувствата на граѓаните ќе можат да манипулираат. Ќе изгубат моќ за вработување на свои лепачи на плакати и други активисти кои за друга работа и не сѐ способни освен да седат по канцеларии и шалтери и издаваат некави документи. Ќе се потребни ИТ инженери кои ќе го одржуваат целиот систем и кои ќе мора да бидат добро платени. Таквите експерти не се многу заинтересирани за партиски активности а и кога се дел од таква структура тие тешко се раководат според партиски директиви.
Добро, знам дека ќе ни недостасуваат „љубезноста и насмевката“ на шалтерските работници и канцелариските посетители на своите работни места, ама таква загуба ќе поднесат граѓаните. Во основа се менува односот кон државните органи . Место колективни односи на поединечните национи ќе добиеме поединечен однос на секој граѓанин кон органите на државата.
Останува секојдневната комуникација на граѓаните меѓу себе. Овде стрпливо мора да се работи на основата за тоа. Важна е довербата и меѓусебното почитување па полесно ќе се најде јазикот на кој ќе се прави тоа. За крај, ако е казнето човештвото од Господа за своите гревови со поделбата на јазиците на кои говори , колку треба да трае покајанието па да се влезе во чистилиштето. Дали современата информатичка и сајбер наука и вештачката интелегенција е чистилиште на човештвото пред да се врати кон сопствената суштина на божје створение по божјиот лик.
(frontline.mk)