Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

НА МИЦКОВСКИ НЕ МУ Е ПРВ ПАТ ДА СТАВА СОЛ ВРЗ РАНАТА ЗА НИКОЛА МЛАДЕНОВ

June 30, 2020 Filed Under: Македонија

Јавниот обвинитекл Марко Зврлевски и тогашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во време на смртта на новинарот и вио време на истрагата од петни жили ја убедуваа јавноста дека нема ништо криминално во неочекуваната смрт на Никола Младенов.

НИКОЈ НЕ ВЕРУВА Јавноста никогаш нема да поверува во сообраќајката на Младенов а стрaвот на Мицковски е дека има најaва за ревизија на многу судски процеси

МИРОСЛАВА БРНС

На 27 јуни, обраќајќи се на граѓаните на Кочани, во рамките на изборната кампања и презентацијата на програмата на ВМРО ДПМНЕ, претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, во дел од својот говор се осврна на истрагата за смртта на новинарот и основач на неделникот „Фокус“, Никола Младенов, недвосмислено користејќи спин преку прашувањето до каде е истрагата за овој случај.

„СДСМ можеше да донесе правда, а од правда донесе само „луј витон“ куферчиња, и „трас-трас“ судски одлуки… Можеа да донесат мир, а донесоа немир во душите на оние родители кои ги изгубија своите чеда на Смилковско, а денес, сторителите слободно се шетаат. Немир, на дечињата, на оние јунаци кои животот го положија, бранејќи ја државата во „Диво Насеље“. Немир во душите на родителите на Нешкоски, на Мартин Јанушев, на Кољо. До каде е случајот со новинарот Младенов? Каде е нивниот мир? Нивниот мир се претвори во немир. А, немирот се претвори во револт, а револтот во пркос, одлучност и храброст. А, со таа храброст, сиот овој револт и пркос ќе го видите и ќе се соочите на 15 јули кога ќе ги броиме ливчињата. Ќе ги почувствувате волјата и немирот на народот за сета лага којашто ја изговоривте“.

[Извор: 360 степени, датум: 27.06.2020]

Контраспин: Како што знаеме, сообраќајката се случи кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт и МВР во тој период имаше доволно време да спроведе сеопфатна истрага. Смртта на Младенов е затворена како несреќен случај според достапните сознанија и доказите со кои располагаше Јавното обвинителство, откако поминаа години од несреќата. Не беа пронајдени нови докази. Споменувањето на името на Младенов во предизборна кампања е, всушност, внесување немир во животите на семејството на новинарот и актуелизирање на овој трагичен настан во предизборни цели и за политичка кампања и пресметка со политичкиот опонент.

Тогашниот јавен обвинител, Марко Зврлевски и тогашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на прес-конференција од петни жили ја убедуваа јавноста дека нема ништо криминално во неочекуваната смрт на Никола Младенов.

Не е првпат Мицкоски да ја споменува смртта на Младенов во политичка пресметка со своите опоненти. И во април 2019 година ја промовираше истата реторика при посетата на градовите и средбите со граѓани:

Оваа изјава во која што Мицкоски прашува до каде е истрагата за сообраќајката на Младенов предизвика бројни реакции од новинарската фела, меѓу кои најистакната е онаа на уредникот на ,,Сакам да кажам,” Горан Михајловски.

ПОСЛЕДНАТА ЕДНОЧИНКА НА МИЦКОВСКИ Во говорот во Кочани Мицковски по втор пат го злоупотреби името на Никола Младенов

Со кое лице му го изговараш името? На неговата слава ли ќе собираш гласови? На сообраќајката што се случи помеѓу два изборни круга на избори што ги организираше твојата партија? Наместо да прашуваш „До каде е случајот со Никола Младенов“, прашај до каде е случајот со нелегалното масовно прислушување. Во папката со прислушуваните разговори од мојот мобилен телефон си ги најдов и муабетите со Никола. Уште чекам да се појавам како сведок на суд да ја потврдам автентичноста на разговорите во кои со него другарски си ги споделувавме сомнежите и стравувањата од владеењето на твојата партија. Оти не беше само телефонското прислушување. Ако веќе те интересира под кои околности загина Никола тогаш зошто твојата партија со сите средства ја попречува правдата да се открие кој го нареди масовното прислушување и следењето на новинари во времето кога бевте на власт. Вистинското прашање е зошто сте го следеле и Никола? Одговорот побарај си го кога следниот пат ќе одиш за Будимпешта, пишува Михајловски.

И активистот Јане Ѓорѓиоски напиша свој коментар.

Заборава ли Мицкоски дека сите овие спомнати настани се случија за време на владеењето на неговото  ВМРО-ДПМНЕ и под водство на неговиот ментор Груевски кој и го постави на чело на ДПМНЕ, или мисли дека македонската јавност има амнезија и не се сеќава каква власт практикуваше ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години?

ДУО ТРИО Јанкуловска, Младенов и Гешковска – еден од оние темели на тогашната „правда“

Новинарот Томислав Кежаровски се приклучи со своја реакција:

Прочитав дека Г-динот Христијан Мицкоски, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, јавно прашува до каде е случајот со истрагата за сообраќајната несреќа во која загина новинарот, основачот и главен уредник на неделникот „Фокус”. Не можам одеднаш сè да напишам во одговорот…Ќе се обидам подетално да му објаснам во неколку фази…Умен е, ќе сфати…знам. За почеток, за воведниот дел, утре со посвета ќе му ја испратам мојата книга “ЖИВОТ ВО КУТИЈА” за, како што велеше Младенов, работите да му станат појасни.

Се чини дека во реториката на митинзите и пред изборите секогаш ја има за фокус смртта на Младенов и тоа во контекст на пресметка со опонентот без пиетет кон семејството, кое секои избори мора повторно да биде виктимизирано за сметка на политичките поени кои некој сака да ги натрупа.

 

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED – National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.Опремата е на Глобус

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet