Едно истражување на Универзитетот Колорадо во 2011 година констатирало дека дури 83 отсто од сите мртви во зградите погодени со земјотрес би биле денес живи ако би се градело согласно на прописите. Ова се однесува на зградите направени во последните 30 години
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Кога во Скопје се купуваат станови, купувачите обично се многу порекалсирани ако имаат шанса да дојдат до клуч од станбен простор изграден после земјотресот во Скопје, но пред да влеземе во транзицијата во 90-тите. Така знаат дека истиот објект е правен според сите правила на асеизмичка градба. Немаат доверба во она што се градеше во градот кога се смени системнот во кој владееше чесност и отчетност – после помената на системот, во првите години од 90-тите луѓето од Институтот за градежно инженерство се жалеа дека новите градежни фирми едноставно ја заобиколуваат фазата на проверка на идните објекти од нивна страна. Таа „пречка“ било кој градител мораше да ја мине за да се дојде до технички прием на сите згради. Се сеќавам дека во 70-тите години, кога се пушташе објектот на тогашниот Осигурителен завод Македонија врвните луѓе кои беа одговорни за изградбата и планирањето беа ставени на покривот на заводот а долу, со помош на посебни апарати беше предизвикан земјотрес – ако зградата падне со неа ќе заминеа и одговорните!
Кога престана таа лоша промена во време на транзицијата тешко ми е да кажам. Гаревски од Инстиутот на земјотрресно инженерство тврди дека сега кај нас се е во ред во однос на контролата на сеизмичноста на изградениет објекти, ама некои од нас имаат долго помнење и знаат дека во некои години тој постојано алармираше дека неимарите ги прескокнуваат во фазата на градење!
Факт е дека и при својата посета на разрушеното Скопје на 27 јули 1963 година Јосип Броз му замери на првиот човек на републикава Лазар Колишевски дека големите рушења на објектите а соодветно и многуте жртви се резултат на лошата градба. Колишевски се согласил со климање на главата, пишуваат медиумите.
Скопскиот земјотрес на два начини го спаси светот, мислат многу аналитичари. На свој начин земјотресот дојде во време на најголем подем на ладната војна ама расчистувањето на рушевините и изградата на еден сосема нов град ги обедини и најлутите непријатели и беше пример на првата глобализација во еден строго поделен свет. „Мислам дека изградбата на градот на некој начин го спаси светот во 60-тите и 70-тит години на минатиот век“ – вели архитектот Милан Миљковиќ. Но неговите колеги се уште посигурни кога велат дека уште позачајно е дека трагедијата на Скопје ја разбуди совеста на градителите и тие даваа се од себе за одново да не се повторат сликите со градби кои се срушиле како палачинки, спратови врз спратови а меѓу нив семејства…
Но, проблемот со градбата која се случува во општества во транзиција и градители кои мислат на тоа што побрзо да си го наплатат влогот, подложни на корупција во сите подрачја, неминовно имаат лоши последици, особено онаму каде земјотресите се чести. На ова потсетува и авторот на текстот „Земјотресот не би ги срушил овие згради за се подобро градени“ – Сергеј Зупанц, објавен во загрепски Експрес.
„Ова се ужасни студии за корупција при земјотрес, на земји како Хрватска каде стотици илјади живеат во мртовечки бетонски кутии.“
Архитекто од Белград Небојша Глишиќ, налутен од сликите на зградите уништени од земјотрес во албанските градови, привлече внимание на изјавата во текот на последните десет години дека „земјотресите не убиваат, туку градежната корупција“. Глишиќ вели на Фејсбук:
„Една слика покажува дека сосема нова зграда се лизна под тежината на подовите, очигледно без соодветни сеизмички рамнини, хоризонтални и вертикални армирано-бетонски плочки кои би прифатиле моќни земјотресни сили … “
Познатиот белградски архитект, кој учествувал или целосно изградил многу згради низ цела Србија за западноевропските големи компании во последните децении, истакнува дека, дури и кога големи количества бетон и арматура се вградени во зградите, земјотресната катастрофа е загарантирана ако зградите се со „тенки колена“. „На фотографии (од срушените згради – н.з.) се опфатени сите мои децениски борби со аматерите во бизнисот, со ситни самоинтереси, мизерни заштеди во фитинзи, циркулации, сеизмички платна. Милиони пати ми се поставува прашањето: зошто толку фитинзи и бетон? Секој ден, но кога тоа се прави се зарозуваат човечки животи и се прави огромна штета. Ако се одеше според прописите, сите овие згради, со повредени и мртви во нив, сега ќе беа живи и добри. ништо посериозно не би се случило. Денес тие ќе имаа дом и живот“, напиша Глишиќ. Со други зборови, земјотресот со јачина од 6,4 степени по Рихтер на неколку километри од Драч, иако беше силен, во никој случај не беше доволно силен да ги сруши зградите како овој во Албанија. Глишиќ привлекува внимание на очигледните работи на фотографиите од урнатините; скршените агли на зградите немаат армирано-бетонски столбови, често над sидовите нема кружни корнизи, се чини дека е чудо што тие не се срушиле и пред земјотресите.
– Глеаме некои згради кои просто како да не се „чепнати“ а до нив срушени згради како што се вели „до темел“ – коментира за Ал Џазира професорот по градежништво на Универзитетот во Сараево Мустафа Храсница. – Од искуство знаеме дека земјотресите унипштуваат цели квартови и се со истоветни последици. Некои објекти се срушени, други се тешко оштетени… овде имаме големи контрасти, што укажува дека некаде се брзало во градењето. Веќе толку се напредувало о градежништвото што е многу лесно да се најдат и квалтетни материјали и да се проектира и изведува со прописи кои нема да дозволат изграденото да падне при земјотреси. При многу силни земјотреси може да има оштетувања ама никако да се срушат целосно! Со стек на околности во градежништвото има толку многу контроли што не би смеело да дојде до пропусти.
Овој професор вели дека внимавањето на асизмичноста во крајната цена не се одразува толку многу, во однос на пример на опремување на купатилата!
Едно истражување на Универзитетот Колорадо во 2011 година констатирало дека дури 83 отсто од сите мртви во зградите погодени со земјотрес би биле денес живи ако би се градело согласно на прописите. Ова се однесува на зградите направени во последните 30 години!
Во претходна анализа на истата тема, објавена од „Спрингер наука“ во 2007 година, се наведува дека дури 156.000 луѓе загинале во нешто повеќе од 400 земјотреси случени од 1992 до 2007 година, повеќе од половина милион луѓе се повредени, девет милиони останале без станови. Беше тоа констатирано во пресрет на серија силни земјотреси во последните десет години, кога оној на Хаити беше апсолутно најлошиот. И ова истражување докажа дека корупцијата во секоја земја во светот оди рака под рака со лошата изградба на згради, а потоа и големиот број убиени во земјотресите. „Голем дел од овие жртви беа резултат на уривање на зградите затоа што бетонот беше слаб, бидејќи арматурата беше пресечена или беа присутни други дефекти во градежништвото под стандардот … Анализираните случаи покажаа дека тој систем на градење е корумпиран. кај подизведувачите и со корумпирани градежни инспектори и други јавни службеници, сето тоа доведе до кршење на законот за градба“, се наведува во заклучокот.
Студијата од „Нејчер“ оди уште подалеку. Таа наведува дека корупцијата во градежната индустрија доведе до катастрофални примери дури и во развиените земји на Запад. Укажува дека станува збор за индустрија во вредност од дури 7.500 милијарди долари годишно на глобално ниво и заклучува дека светската трка за заработка на пари, во комбинација со експлозивниот раст на градовите, довела до сè посиромашна градба. „Структурната јачина на зградите не е посилна од социјалниот интегритет на градежниците“, заклучи тој. Дека веќе не станува збор за необразование, туку за корупција, во последниве години, вообичаено е да се анализираат и докажат катастрофалните последици од земјотресот во Турција, Италија и Кина, во серија примери каде стотици и илјадници луѓе се убиени во урнатините а се дел од корумпирано изложени на најлош можен начин. бизнис, криминал и некогаш застрашувачката скала на материјални заштеди. Земјотресот со јачина од 7,9 степени според Рихтер, Сичуан, Кина, во 2008 година, убиени се 75.000 луѓе, вклучително и 900 деца во училиштата што дури и видоа вградување на обични греди од бамбус наместо челик. Иако најтешките случаи на корупција се казнети со егзекуции во Кина, студијата вели дека само три проценти од случаите на корупција се очекува да бидат осудени таму. Во Турција, во земјотресот од август 1999 година убила 17. 000 луѓе, оставајќи 44.000 повредени лица а 600.000 станале бездомници.
– Зградите на бреговите во Драч главно убаво изгледаат ама има последици од тоа што се многу лошо градени – вели граѓанинот Јосиф Ндони за Ал Џазира. – Никој не ја контролираше градбата. Има згради кои ги минале сите етапи на контрола ама пак паднаа или имаат оштетувања а има и такви кои едноставно се пуштени да се населат ама и ден-денес немаат употребна дозвола. Тоа е случај со хотелот што даде највеќе жртви и целосно се сруши!
Поранешниот градоначалник на Драч Аргиле Гореа се согласува дека станува збор за лоша контрола на изградба на новоградбите. Кога би се направила контрола како што треба кај 90 отсто од зградите би се констатирало дека се лошо градени, не се по прописите.
Томислав Маревиќ од Хрватската цивилна заштита, учесник во спасувањето додава дека ова е типичен пример кога зградите ги убиваат луѓето а не земјотресите!
Српскиот архитект Глишиќ, да се вратиме пак на него, тврди дека за цената од еден мобилен телефон може да се купи еден добар стртучњак кој пак би купил мир на идните станбари и на нивните наследници. „Многу пати сум одбил да влгувам во сомнителни градби, особено во случаи на бестијално надградување, бидејќи е јасно како ден што тука може да се случи“ – вели тој.
Земјава треба наскоро да стане полноправен член на НАТО, а Албанија е таму од 2008 година. Малку е познато дека Алијансата во 2011 година донесе документ со кој прогласи ранливост на земјотресите во овој дел од Европа за безбедносен ризик, поради што беше неопходно да се работи напорно за подобрување на ситуацијата. И, сè уште тоа не е ни завршена приказна. Општо познато е дека поранешните социјалистички земји, без разлика дали државниот социјализам од поранешниот Варшавски пакт, или поранешната југословенски републики, претрпеле социјална, економска и политичка транзиција во која трката за профит на „дивиот капитализам“ беше апсолутно на страната на развој на корупција отколку на страната на развивање на владеењето на правото. Во случајот со земјотресот во Букурешт, што во 70-тите години беше значително уништен од земјотресот заради погрешниот урбан развој. Корупцијата, пад на квалитетот на животот во градот, бум на приватни згради без оглед на тоа што се планирани на јавни места и на штета на јавни содржини од социјално значење, развој на енклави во предградијата … Читањето на документ од Неуспешна архитектура, хрватско издание – ве обвиткува со лоши претчувства за тоа каде ли тоа живеете.
Конечно, стручњаците сметаат дека во Драч сме сведоци на една непотребна трагедија. Зградите ги граделе луѓе кои не сваќаат што прават, нивните образи трпат се, како и моралот, па сликите што ги гледаме се неизбежни. Еден од анлитичарите им се обраќа на споменатите градежници: „ Мислите ли дека вашето дете или внука може да дојдат да го посетат ивно другарче што живее во тоа што го изградивте и дека ќе се случи земјотрес … а до крајот на животот ќе живеете со знаење дека ги убивте децата заради четири шипки R14 и некои бетони? “