На преговори се договоривме за тие шест месеци период и СОНК се согласи, а три дена по почнувањето на договоорот за минималната плата СОНК прогласува штрајк, коментираат од Владата
Во дилемата дали правото на образование на децата е пониско од правото на протести како клучен фактор го имаме Мицковски и неговата екипа, кои трескавично бара замена за сите други неуспеси за преземање на власта вонинституционално. Оттаму, сите оние, главно еднонасочни дебати и несомнено навивачко новинарство на страна на опозицијата ја губат суштината на настанот – штрајк во образованието
Некаде во средината на минатата недела се разбудија средношколците. Изгубија часови но се собраа стотина и минаа низ градските улици на Скопје за да го блокираат сообраќајот пред Собранието на Републиката. Ги пребројавме околу 14 часот и не беа повеќе од мала група од само 20/30 учесници но го блокираа сообраќајот во Скопје. Од вестите дознавме дека средношколците барале бесплатен превоз за цела Македонија со автобус или воз (или според нив најдоброто за протестирање се невозможните работни места). Тие претходно добија поддршка од Арсовска (ох, ох). Каква поддршка – дека ЈСП ќе ги отвори вратите на автобусите ширум? Па таа најдиректно може да влијае на таквата одлука! Што само ги турка понатаму од Градскиот парк? Само да се вреви и да се прават проблеми во нејзиниот град.
Протест пред Влада на родителите на деца се посебни потреби беше уште едно секојдневно блокирање на сообраќајот истиот ден. На друг дел од Центарот за блокадата да биде поцелосна а нервозаата кај граѓаните поголема. Инаку, законот кој ги решава нивните потреби како родители е во Собранието блокиран од ВМРО ДПМНЕ. Но, родителите тоа не го спомнаа во изјавата пред камерите. Барем не пред камера на МРТВ. Две импровизацции, без соодветно или било какво објаснување пред јавноста од страна на нивните организатори. Или „организатори“.
Во четврток и петок два часа штрајкуваат од УПОЗ, а пред Министерството за здравство за четврток беа закажани матичните лекари кои стојат зад активностите на матичната лекарка од велес Дервишова, која јавно истакна дека не сака да се вакцинира на стартот на имунизацијата а за тоа не доби никаков сигнал од надлежните. Таа е значи еден од факторите за слабиот успех на оваа активност од која зависеше здравјето на нацијата. Истата ја оспори пред Уставен суд попдршката за директн ите борци против пандемиојата (!) и тоа никој денес не го споменува а повеќе е од јасно дека е политички активна во ВМРО ДПМНЕ – се наоѓа на нивната изборна листа на опоследните избори.. Треба ли уште нешто да се наведува за да се открие големиот опортунитет на надлежните кога се работи за нејзиното дејствување.
Но кремот е како и секогаш во последните 20 години во СОНК и секако етаблиран синдикат на ССМ – УПОЗ, кој е слаба алка (како и оној на поштенските работници), односно поштарите …
И сега човек да се запраша – дали сега тие во Бугарија разбираат што им порачаа скопските државни службеници (ама не само тие) да не попуштаат во преговорите со Скопје, оти ќе има предвремени избори!
Една суперсила не прогласи за свој непријател. Зарем тоа не значи дека сме во војна? На некој начин, се разбира. Ако е така, државата која е поделена со разни измислени проблеми во секое време, како она со успешниот и светски признат за коректен – попис, треба да си игра дневен Дедо Мраз. Впрочем, на сите оние орудија во рацете на ВМРО ДПМНЕ (и тоа токму кога за висока сума се покаќи минималната плата) не би можела да ги засити златна рипка а камоли социјален партнер кој има обврски кон сите субјекти во земјите. И кој се покажа во најдобро светло во изминатите години, во времето на светската пандемија, како и кризата со војната во Украина (да се сетиме на обидот на замрзнување на Скопје преку изрежираниот колапс на парното греење) и сите вработени, социјални случаи и пензионери буквално ги влечеше низ кризата, вклучувајќи ги и оние вработени во приватниот сектор.
Се добива впечаток дека токму Владата се најде во небрано токму во времето кога сметаше дека барем социјалниот сегмент од владеењетѕо го реши на најдобар можен начин!
„Ги повикувам наставниците од основните и средните училишта да ги стават интересите на децата на прво место и да се погрижат да не се наруши образовниот процес – рече викендов премиерот Ковачевски иако вниманието на неговата изјава не покрива ни еден отсто од минутажата која ја заслужија приврзениците на СОНК, па и оние кои го поддржуваат штрајкот, како ВМРО ДПМНЕ.
– Учениците треба да бидат во училиштата, таму каде што припаѓаат, истакнува премиерот Димитар Ковачевски во врска со за утре најавениот штрајк на СОНК. – По долгото пандемиско отсуство од клупите, ова е и морална обврска кон вашите професионални задачи како наставници и педагози. Ова е потребно најмногу како поддршка на вашите ученици во еден многу важен дел од нивниот живот, напиша Ковачевски во објавата на својот фејсбук-профил.
Тој во објавата посочува дека правото на штрајк е загарантирано право и, како што вели, јас целосно го почитувам, но социјалниот дијалог е единствениот пат да дојдеме до заеднички решенија.
– Така постигнавме договор за минималната плата и за пензиите, тој е начинот на кој треба да се реши и овој предизвик. Оваа Влада докажа дека има слух за барањата и не бега од решенија. Докажавме и дека клучен приоритет е токму зголемувањето на платите, па така платите на наставниците кумулативно се покачени за 21 отсто во последните четири години. Но, Владата мора одговорно да го менаџира буџетот и да се грижи за економијата. Нема да добиеме ништо ако ја покачиме инфлацијата, а токму тоа ќе се случи ако се реализираат барањата вака како што се поставени, вели тој.
Апелира да не запира процесот на образование и да се продолжи со дијалогот за да се изнајде прифатливо решение.
– Во време на огромна економска криза апелирам на разум и поддршка за заедничко надминување на проблемите. Законските прописи ги штитат и интересите на учениците, и затоа настава мора да се организира и за време на штрајк. Да не оставаме празнина во образованието на децата, за сѐ има решение, но времето поминато надвор од клупа нема како да се надополни, истакнува премиерот Ковачевски.
На неговите зборови се придружи и заменик премиерот Битиќи во гостувањето во „Утрински брифинг“. „Денеска започна голем штрајк во образованието. Штрајкот очигледно е започнат, а не им се даде шанса на преговорите од страна на СОНК од каде почнаа со штрајкот иако имаше апели да продолжат разговорите, рече тој. „Во некои општини има настава. Поентата е да не се жртвува образованието на децата кои веќе две години беа лишени од воспитно-образовен процес. Ние возразните би требало да бидеме поразумни“ – вели Битиќи. Тој вели дека ние како општество поминуваме низ процеси кои не се случувале порано, се дава шанса за разговори и преговори. Преговори не значат да се постави ултиматум, а така беше и со првиот состанок за минимална плата кога синдикатот излезе со барање и рече дека нема отстапување па тогаш зошто би преговарале, коментира Битиќи. Прво беше зголемување на минималната плата, второ беше усогласување на платите со минималната во рок од шест месеци и за тоа се согласи и СОНК кој сега штрајкува. На преговори се договоривме за тие шест месеци период и СОНК се согласи, а три дена по почнувањето на минималната плата СОНК прогласува штрајк, вели Битиќи.
Во разговорот со министерот Битиќи се вклучи и претседателот на СОНК, Јаким Неделков според кого сите синдикални организации кои што членуваат во СОНК, како и оние кои што доброволно сакаат да се приклучат кон штрајкот ќе штрајкуваат.
– Сметам дека штрајкот не е избрзан туку задоцнет. Тоа е од причина што ова е финишот од недоразбирањата во однос на примената на Законите и колективните договори. Ова прашање го актуелизираме наназад 4 години. Не би сакал да се политизира социјалниот статус на дејностите кои ги застапуваме. Уште од 2017 и 2018 година почнавме со протести и сметаме дека мора да се применува Законот за минимална плата. Затоа прашувам зошто толку време не се усогласени платите, па да поверувам дека за шест месеци ќе се усогласат, вели Неделков.
Практично Неделков самиот призна дека им требаѓше да дојде до промена на власта за да ги „острат забите“, додека претходнио токлку долгхо молчеа за своите права.
– Нареден чекор на Владата е продолжување на преговорите, вели Битиќи, но кревањето на очекувањата во ваков период на кризи кога има голема неизвесност, не е соодветно. – Владата ги презема и мора да ги преземе мерките да ја сочува макроекономската стабилност. Ако минималната плата се зголемува 18 отсто, а инфлацијата е 8 отсто тогаш тие пари сѐ уште вредат. Треба системско решение да се најде кое ќе ги задоволи двете страни. Ние зборуваме за целиот јавен сектор од 140 илјади луѓе и тоа прашање мора системски да се реши. Уште вечерва веројатно ќе седнеме да разговараме, вели Битиќи. Луѓето од јавниот сектор се 24 отсто од сите вработени, вели Битиќи и додава дека никој не ги прашува за мислење оние 76 отсто дали да им се зголемат платите. Рационализација и реформи во јавниот сектор се случуваат во време кога нема криза, но прво почна ковид-кризата, па другите кризи и не успеавме да го реализираме планот што го имавме за реформи на администрацијата, вели Битиќи за Утрински брифинг.