Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

НА СТОГОВО РЕИСТРИРАНА ПРИНОВА НА МАКЕДОНСКИ РИС

November 20, 2018 Filed Under: Ревија

Од МЕД велат дека ова е добар знак за балканскиот рис, ако се има во предвид фактот дека од 2015 година, тој е дел од листата на критично загрозени подвидови на Меѓународната унија за заштита на природата

МИКИ ТРАЈКОВСКИ

БЕБЕ РИС НА СТОГОВО Мајката му треба на бебето една година

Младото рисче од страна на Македонското еколошко друштво било забележано со помош на камера која била поставена на заловена рисица која од Мед ја следеле од почетокот на 2017 година. Од таму велат дека младата единка одстрана нанеговата мајкаќе биде придружуванисе додека не наврши 10 или 11 месеци.

Се изненадивме кога на една од камера замките забележавме видео од малото рисче на Маја, која ја следиме од февруари 2018 година.На снимката направена од нашата камера-замка се гледа дека малото рисче кое има шест месеци има добар апетит и јаде срнечко месо сервирано од неговата мајка. Доколку сме доволно среќни може и ќе го заловиме со GPSоколувратник и ќе ги следиме неговите движења, со цел да откриеме како младите рисови наоѓаат нови територии и кои патеки ги користат“,вели Диме Меловски, раководител на програмата за зачувување на балканскиот рис во Македонско еколошко друштво (МЕД).

Од МЕД велат дека ова е добар знак за балканскиот рис, ако се има во предвид фактот дека од 2015 година, тој е дел од листата на критично загрозени подвидови на Меѓународната унија за заштита на природата.

СТОГОВО Оваа планина добро го „чува“ загрозениот дивеч

„Програмата за закрепнување на балканскиот рис е комплексен долгогодишен проект кој во континуитет веќе 12 години работи на заштита на балканскиот рис во Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора. Според тимот кој 12 години работи на проучувањето и заштитата на ова животно, на просторот на југозападен Балкан нема повеќе од четириесетина возрасни единки од ова животно“, велат од МЕД.

Во 2018 годинасе случија неколку непријатни настани поврзани со балкасниот рис, како што се смртта на рис најден во Косово, пожарите на планината Мунела во Албанија и прегазената женка рис на патот Кичево-Охрид во Македонија.Иако ваквите инциденти можат да бидат погубни за малите популации, сепак балканскиот рис добро се држидодаваат од МЕД.

ЗАБЕЛУВАЊЕ Деновиве се очекува на Стогово да падне првиот снег, бебето веројатно ќе заврши во подготвено дувло од мајката

Инаку до сега врз сите заловени рисови во Македонија се извршени и соодветни генетска анализи,кои на еколозите треба да им помагаат за да дојдат до повеќе информации за движењето на овие животни,но иза нивната биологија и екологија. Според еколозите криволовот е сеуште најголема закана за неговиот опстанок, не само во Македонија туку и во регионот.Првиот рис на којшта му беше поставен GPS околувратник беше заловен во во март 2010-та година во Националниот парк Маврово, каде се смета дека се наоѓа и неговото главно јадро.

 

Filed Under: Ревија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet