Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

НА ФЕСТ И ЕДЕН КОПРОДУКЦИОНЕН МАКЕДОНСКИ ФИЛМ

May 11, 2021 Filed Under: Ревија

Се работи за делото „Застој“ кој е во тројна копродукција – словенечка, српска и наша и во Белград ќе ја има својата премиера

ПЛАКАТ Ова дело е дел од официјалната програма

Филмот „Застој“  е копродукција на три кинематографии – словенечка, српска и македонска и тој ќе има премира на годинешниот белградски ФЕСТ. Фестивалот датумот на своето одржување од некогашниот – февруарски, го помести за средината на мај, очекувајќи подобри времиња за јавни приредби кои ги немаше претходно заради короната и тоа веќе 13-14 месеци. Режисер на делотоо е словенечкиот синеаст Винко Модерндорфер (63) кој зад себе 17 книги, главно наменети за детска возраст, стотина театарски претстави и четири играни филмови. За филмовите има освоено 28 меѓународни награди и признанија.

Приказната во делото се однесува на два брачни парови кои се здружени во една несреќа и стануваат отфрлени од општеството.

„Живееме во време на отсуство на емпатија, што е еден од најсилните недостатоци на животот на планетата. Јуришот во безобзирниот капитализам од ден на ден ги разнишува и основните човечки односи и создава свет во кој војната на секого против секого е вообичаена“ – вели авторот. „Светот во кој живееме е во застој, во однос на градењето на неопходните вредности“

СЦЕНА ОД ФИЛМОТ „Застој“ говори за светот во кој нема емпатија

ФЕСТ стартува на 7 мај на неколку локации и програмски е со скусен обем. Самото отворање ќе биде во Сава центарот., со делото „Големото ископување’ на Сајмон Стоун, со Кери Малиген, добитничка на многу признанија за актерство и Ралф Фајнс, добро познат на публиката. Дејствието се одвива во време на Втората светска војна во Британија, кога една вдовица ќе даде големи пари за ископување на археолошки остаоци сред нејзиниор двор.
На фестивалот, со вкупшно 70 наслови нема многу оскаровски имиња, што некои го сметаат за добар избор! Секако го има општофаворизираниот Земја на номадите“. На Клои Џао, тука е и „Татко“ на Флореријан Зелер, „Жената која ветува“ на Емералд Фенел, „Звукот на металот“ на Дариус Мердар…  Тука е и делото „Минамата“ што е сниман во Белград, со Џони Деп во главната ролја.

 

Filed Under: Ревија

ШТО СЕ’ СЕ КРИЕ ЗАД ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРНЕРСТВО СО БРИТАНЦИТЕ?
ПОЛИТИКА КОЈА НЕ Е ЗА ЕУ, ЗЕМА И АНТИЕВРОПСКИ КРЕДИТИ
СИ ЏИПИНГ: РУСИЈА Е НАШ ВАЗАЛ ОТСЕГА ПА НАТАМУ
КАНСКА КОНКЛАВА: БРАК ОД ЉУБОВ
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ (129): КРЕМЉ ЌЕ БИДЕ ОБЕСХРАБРЕН, САМО УКРАИНА Е ВООРУЖЕНА ДО ЗАБИ

Најново

  • ШТО СЕ’ СЕ КРИЕ ЗАД ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРНЕРСТВО СО БРИТАНЦИТЕ?
  • ПОЛИТИКА КОЈА НЕ Е ЗА ЕУ, ЗЕМА И АНТИЕВРОПСКИ КРЕДИТИ
  • СИ ЏИПИНГ: РУСИЈА Е НАШ ВАЗАЛ ОТСЕГА ПА НАТАМУ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet