Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

НЕБЛАГОДАРНОСТ

December 1, 2020 Filed Under: Колумни

БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Нема ништо пострашно од неблагодарноста на спасениот.  И Бугарија е спасена и упристоена на исг начин. Со спуштање на реалните критериуми на Унијата во предизвикателните геополитички констелации. И во нејзината блокада има многу јасна нота на неблагодарност кон сопствените ослободители. Тие не ја блокираат само Македонија, туку ја блокираат Европската унија

Унгарија и Полска се ослободија од прегратката на големата мечка со помош на доктрината за човековите права и правнатa држава. Берлинскиот ѕид падна под притисокот на таа доктрина. Западната цивилизација која почива на тие принципи ги ослободи и им помогна да се упристојат материјално, културно и духовно.

Европската унија во тие процеси одигра клучна улога која беше крунисана со полноправното членство на овие држави. Кои во меѓувреме решија дека владеењето на правото не е над владеењето на Орбан и Качински. Кои бараат влечењето на средства од Европската унија да не се условува со владеење на правото. И по таа линија ги блокираат седумгодишниот буџет на Унијата и Фoндот за закрепнување. Неверојатно. Тоа е страшна иронија, дури и одвратен цинизам, тоа, мислам барање да не важи основата на која се ослободени и конституирани како демократии и слободни општества и држави. Само затоа што во меѓувреме им се устоличиле диктатори кои мислат дека правото може да биде опасно за нив како владетели. Јас се надевам дека Унијата ќе најде начин финансиските планови да ги усвои а овие одметници да се санкционираат. Што нема да може без последици врз целото население. Таква е политиката, а и кармата нема да стои настрана. Нема ништо пострашно од неблагодарноста на спасениот.

И Бугарија е спасена и упристоена на исг начин. Со спуштање на реалните критериуми на Унијата во предизвикателните геополитички констелации. И во нејзината блокада има многу јасна нота на неблагодарност кон сопствените ослободители. Тие не ја блокираат само Македонија, туку ја блокираат Европската унија. Ја бламираат Германија и канцеларката Меркел. Тоа е многу лошо и за Бугарија. Блокадата кон Македонија е и автоблокада. Затоа има основи да се надеваме дека наскоро проблемите ќе се решат. И овој тука и оној со Будимпешта и Варшава.

Filed Under: Колумни

САМИТОТ ОД БРИСЕЛ БАРА ПРОМЕНА НА ЛЕКСИКАТА ВО ВЛАДИНИТЕ КРУГОВИ ВО МАКЕДОНИЈА
КOНГРЕС НА ДУИ: АХМЕТИ НАЈАВИ ВЕТИНГ ЗА 34 ГОДИНИ И ИЗВРШЕН БАДИНТЕР
ХРВАТСКА СЕ ЛИЗГА ВО КОНФЛИКТ
СО „ВАРВАРИ“ НА ГОРКИ МНТ ОТВОРИ ОДАМНА ПРАЗНО ПОГЛАВЈЕ ВО ИСТОРИЈАТА НА НАШИОТ ТЕАТАР
ЏОЗЕФ СТИГЛИЦ: ОПАСНО Е ДА СЕ ИМА АВТОРИТАРЕН ЛИДЕР БЕЗ НИКАКВА КОНТРОЛА

Најново

  • САМИТОТ ОД БРИСЕЛ БАРА ПРОМЕНА НА ЛЕКСИКАТА ВО ВЛАДИНИТЕ КРУГОВИ ВО МАКЕДОНИЈА
  • КOНГРЕС НА ДУИ: АХМЕТИ НАЈАВИ ВЕТИНГ ЗА 34 ГОДИНИ И ИЗВРШЕН БАДИНТЕР
  • ХРВАТСКА СЕ ЛИЗГА ВО КОНФЛИКТ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet