Скандалот со интервјуто на Мицковски со новинарот Горазд Чомовоски покажа дека над шефот на ВМРО ДПМНЕ се уште постои уште едно скалило на одлучување. Ова објаснува како и во време на многу тешки денови за земјава оваа партија не престанува д аја шири својата деструктивност
Хистеријата на партискиот врв од Белата палата просто се истура врз главите на јавноста како некаков упорен и здодевен дожд. Во исто време се појавуваат како „рогчиња“ сите оние кои и претходно беа во т.н. антиреферендумско стадо, споменато во еден близок повод и од претседателот Пендаровски. Како што веќе пишувавме за оваа групировка ниту збор не кажа министерот за внатрешни работи, иако од тој повод минаа неколку недели. Се работеше за служби на оваа држава, како што извести Пендаровски а тоа не е факт од кој се бега туку-така. Екс-граоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски, обвинет за најсериозни криминали, го нападна минатата недела нашиот колега Горазд Чомовски, со цела да внесе атмосфера на страв кај новинарите. Повод беше интервјуто со истиот новинар на Канал 24 со претседателот на ВМРО ДПМНЕ кој направи инцидент, нудејќи му „услуга“ – да направел интервју со неговиот почесен претседател, криминалецот Груевски! Потоа, мирно, си продолжи со своите метании следниот ден. Беше недела, кога нема многу настани, па можеби Мицковски ќе добие внимание и надвор од својот ареал на обожувачи? Но, да појдеме по ред, неделата беше само крај на уште една драматична недела.
ПРЕД РЕФЕРЕНДУМОТ Најнапред да го споменеме митрополитот Поврдарски Агатангел, кој ја пушти својата братија да го миросува народот во Велес, Кавадарци, Неготино и Гевгелија. При тоа, тој свесно ја кршеше одредбата на власта со која не се дозволуваа никакви собирања на граѓаните без оглед на поводот. Тој нивен ритуал едноставно беше беспризорно спротивставување на преземените мерки на времената Влада во стилот на она детско јуначење „апсиме/казни ме ако смееш“.
Проблемот е секако во тоа што Агатангел е можеби поотворен од другите митрополити, бидејќи една недела пред денот на одржување на референдумот, Митрополитот Повардарски Агатангел „ги покани верните чеда на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) на света архиерејска литургија“ што ќе се одржи одреден ден и во одреден час, каде сите заеднички се помолија за зачувување на името, идентитетот и јазикот. Митрополитот Повардарски на заедничка молитва побара „духовна сила и разум за зачувување на името, идентитетот и јазикот“. Неговите надредени ова го оценија како личен став. МПЦ-ОА, беше речено, нема да зазема страна во референдумот, беше став на потпаролот на МПЦ, митрополитот Тимотеј. Иситот владика од Велес ја искористи Црквата за промовира политички ставови, по што во јавноста го заработи и епитетот „партиски владика“. Имено тој ги поддржуваше без криење протестите кои на крајот кулминираа со насилство на 27- ми април 2017 година. Дури побара трет мандат за тогашниот претседател Иванов.
ИВАНОВ ПА ИВАНОВ „Бог го избра да биде претседател. Бог знае сè што ќе се случи драги мои, и затоа Бог ни го даде да биде и во втор мандат, а ќе се молиме, ако е Божја волја, да остане и понатака, сѐ за нов мандат на Иванов“, апелираше владиката.
По усвојувањето на Законот за употреба на јазиците, пратениците кои гласаа за Законот Агатангел во свое обраќање ги нарече „предавници и терористи“ и порача дека народот „повеќе нема да ги смета за свои ополномоштени претставници“. Редовно ги коментираше и преговорите за спорот за името и Договорот од Преспа.
„Имаме ние комити тука, наши Македонци, имаме браќа што цврсто ќе застанат на браникот на одбрана на нашата татковина Македонија и јас верувам дека тоа ќе се случи“, повикуваше Агатангел во февруари 2018 година.
Иако беше за очекување (а можеби и претеруваме со ова „за очекување“!) појасно и погласно оградување од МПЦ – ОА во однос на ораторските егзибиции на Агатангел, тоа не се случи. Пред се заради то што тие пропведи беа спротивни и на христијанската доктрина: место љубов, разбирање и почит се проповедаа поделби и се ширеше омраза кон одредени групи во земјава. Дури, со комитскиот дел од изјавата тој даде асоцијации што може да се третираат како повик на – бунт! А тоа е нели и повик на бунт!
Важно е да се каже дека во рамките на МПЦ постои крило на свештеници кои сосема поинаку се однесуваат кон својата држава и кои се издвојуваат со својата општествена одговорност. Братството од манастирот Св Јован Бигорски е еден од нив, познато по својата грижа за лицата од сите вери (!) кои претходно станале заробеници на дрогата. Во нивна близина е и женскиот манастир (Свети Георги во Рајчица)
ИНТЕРВЈУ СО КРИМИНАЛЕЦОТ Поранешниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски на Фејсбук викендот вербално го нападна и го навреди новинарот Горазд Чомовски, откако беше објавен дел од интервју со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на ТВ 24 .
Ова предизвика бурни реакиции на социјалната мрежа и осуда на пишувањето на Јакимовски, а Здружението на новинарите побара од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР да спроведе истрага потсетувајќи дека из „Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро го осудува претседателот на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски за навредите и повиците за насилство кон новинарот на ТВ 24, Горазд Чомовски.Тој со погрдни зборови, какви што не доликуваат на еден политичар и поранешен градоначалник, го навредуваше Чомовски па дури и го прекори Мицкоски зошто не го потегнал за уши и да го извади надвор. Истакнуваме дека е посебно опасно по безбедноста на новинарите да се упатуваат навреди и закани кон нив, без разлика дали заканите доаѓаат од страна на челници на големи или мали политички партии. Со ваквите повици за насилство може да се мотивира дел од партиското членство да посегне по безбедноста на новинарите, а тоа е недозволиво во едно демократско општество“, се вели во реакцијата на ЗНМ.
Се работи за тоа што гостин кај Чомовски јуниор беше шефот на опозицијата и тој му понудил на домаќинот, во еден момент, да му овозможи да добие интервју од Никола Груевски, бегалецот во Будимпешта. Иако постојано негира дека има било какви контакти со својот „почесен претседател“, како што стоеше во Статутот на партијата, со овој чин Мицковски сосема јасно се разголе: да, тој има контакти со својот поранешен и формален шеф и дури тој му е некој вид експонент во земјава. Со овој тв инцидент имаме уште еден премногу сериозен доказ за постоењето на „сеизмичка линија Сент Андреј“ на Балканот меѓу Будимпешта и Скопје, која постојано треба да предизвикува политички земјотреси во поранешната татковина на бегалецот Груевски. Тоа до некаде и ги објаснува дневните осцилации во настапите на Мицковски, до кои доаѓа од ден на ден, при што наутро новиот шеф на партијата делува посмирувачки, но затоа напладне го полева претходното кажаното со цревото на додатна негативна енергија, со омраза кон политичките противници и со скршнување од било каква линија на смирување и соработка во овие околности. Би било краЈно невнимателмно да се верува дека Мицковски има макар и атом енергија за да поведе промена во политиката дури и во време на вонредна ситуација.