Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

НЕГАТИВНИ ОЦЕНКИ ОД НАТО „УНАПРЕДИЈА“ ДВАЈЦА ГЕНЕРАЛИ

March 11, 2025 Filed Under: Македонија

Актуелната пратеничка на СДСМ и екс-министерка за одбрана, Славјанка Петровска смета дека последните кадровски промени во Армијата и Министерството за одбрана се непотребни, несоодветни и се чекор назад

ПОГРЕШНИ ОДЛУКИ Поранешната министерка за одбрана Петровска смета дека

Актуелната пратеничка на СДСМ и екс-министерка за одбрана, Славјанка Петровска смета дека последните кадровски промени во Армијата и Министерството за одбрана се непотребни, несоодветни и се чекор назад. Тврди дека неоправдана и неприфатлива е смената на неколку генерали со исклучително професионални армиски досиеја.

„Несфатливо е Генерал кој секогаш добивал признанија и позитивни оценки од сојузниците и кој има уште многу да даде за Армијата, да би “пензиониран” и прераспореден од оперативна Команда во Сектор во Министерството. Ме загрижуваат информациите дека лица кои во минатото биле одбивани за НАТО сертификат, сега под политички притисок врз Воената служба за безбедност се позитивно ревидирани, објави Петровска, додавајќи дека „ова е индикатор за порозност на службата, која во иднина, по потреба може да биде злоупотребена за повисоки цели“.

Последните кадровски промени во Армијата и Министерството за одбрана се непотребни, несоодветни и се чекор назад.

Смената на неколку генерали со исклучително професионални армиски досијеа е неоправдано и неприфатливо. Несфатливо е генерал кој секогаш добивал признанија и позитивни оценки од сојузниците и кој има уште многу да даде за Армијата, да би „пензиониран” и прераспореден од оперативна Команда во Сектор во Министерството.

ПОТПИСИ БЕЗ ОБРАЗЛОЖЕНИЕ Претседателката Силјановска Давкова назначи генерали во АРМ кои биле одбивани за НАТО сертификат

Од ДУИ пак велат дека за прв пат од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ниту еден Албанец не зазема водечка позиција во Армијата на Северна Македонија. Отстранувањето на единствениот генерал Албанец од Оперативната команда ги остави Албанците без претставници на четирите највисоки воени позиции,

„Дополнително, назначувањето на генералите Орце Јордев и Мирче Ѓорѓевски, кои добија негативни одговори од НАТО за безбедносни сертификати, предизвикува сериозни загрижености за стратешката ориентација на нашата земја. Овие случувања сугерираат тенденција кон анти-НАТО, про-српско и про-руско раководство во армијата, додека Албанците систематски се исклучуваат од безбедносниот систем“, потенцираат од ДУИ.

Вчера беше објавено дека претседателката Гордана Силјановска-Давкова, во согласност со одредбите од Законот за одбрана, со укази изврши поставување на старешини на формациски места предвидени за генерали. Сите потпишани укази од страна на претседателката Сиљановска-Давкова се извршуваат веднаш, информираат од кабинетот на претседателката. Таквата постапка ја разнишува нашата позиција во командата на НАТО а ја претставува претседателката како функционер кој потпишува значајни документи што се косат по стратешки определби на земјата и тоа во клучни моменти.

 

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet