Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

„НЕДОЗВОЛИВ“ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР ДОВЕДЕ ДО ТЕПАЧКА ВО КОСОВСКОТО СОБРАНИЕ

July 18, 2023 Filed Under: Свет

Опозициските албански партии прилично нервозно реагираа на сознанијата за рзговор на албанска политичарка со потпретседателот на Српската листа кој е под американско и британско ембарго. Ова заврши со масовна тепачка

КОЈ КОГО Пратениците на власта и опозицијата во масовна тепачка во Парламентот

До ескалација на ситуацијата во Собранието на Косово дојде откако медиумите во Косово деновиве објавија серија прислушкувани разговори на шефицата на пратеничката група Движењето Самоопределување, Мимоза Кусари-Лила, со пратеникот од Српската Листа, Славко Симиќ, и со потпретседателот на Српската Листа, Милан Радоичиќ, кој е баран од косовските власти, а се наоѓа и на „црната листа“ на САД поради вмешаност во меѓународен организиран криминал

Опозициските партии денеска во говорницата на Собранието залепија транспарент на кој пишуваше „Здраво“, алудирајќи на поздравувањето на Кусари Лила со Радоичиќ. Додека премиерот на Косово, Албин Курти, зборуваше од говорница, пратеникот на опозициската Демократскта партија на Косово, Мергим Луштаку, му се доближи и го испрска со вода, по што на овој чин возврати вицепремеирот Бесник Беслими фрлајќи кон него шише вода. Веднаш потоа Луштаку ги турна министрите Хекуран Мурати и Албулена Хаџиу. Во меѓувреме, претседателот на Собранието на Косово ја повика полицијата во собраниската сала.

Демократската партија го осуди нападот на вицепремиерот Бесник Бислими врз пратениците на ПДК. Оттаму велат наместо Бислими да се срами и да даде отчет за прислушувањето, тој ја испровоцира опозицијата со отстранување на фотографијата што ја поставија на говорница.

РАДОИЧИЌ Осомничен за убиство на Оливер Ивановиќ и човек под ембарго во Лондон и САД

„Наместо по навредата што ја направија на државата Косово, ветераните на ОВК, албанските политички актери, народот на Косово, пред слугите на Радојчиќ, денеска во Собранието на Косово, вицепремиерот Бесник Бислими да се засрами и да даде отчет за прислушувањето, тој ја провоцира опозицијата со отстранување на фотографијата што беше поставена на говорницата. Всушност, токму вицепремиерот Бислими прв го удри пратеникот Мергим Луштаку со тврд алат и со шишиња“,

се вели во реакцијата на ПДК.

Мимоза Кусари Лила е косовска политичарка. Родена е во Ѓаковица во 1975 година. Од 2011 до2013 година ја обавуваше функцијата на заменик премиер и мибнистерка за трговија. Во септември 2013 година косовската влада (во нејзино време и ресор) воведе еднострани санкции на увозна стока од Македонија! И ден-денес ова е неоправдана одлука, со голема штета по македонската економија која никогаш не беше објаснета!

Споменатиот Раодичиќ е меѓу споменатите виновници за убиството на косовскиот политичар Оливер Ивановиќ. Се наоѓа вна црна листа на западните земји.  Косово имаше по него распишано меѓународна потерница, но истата е повлечена (!) во 2021 година, без образложение.

„Милан Радоичиќ не е цвеќе за мирисање, но тој на никаков начин не учествувал во ликвидацијата на Оливер Ивановиќ, лидер на граѓанската иницијатива, Слобода, демократија, правда“, рече српскиот претседател, Александар Вучиќ, на прес-конференција во јули 2019 година.

Тој изјави дека Радоичиќ дури поминал и полиграфски тест.

МИМОЗА КСУАРИ ЛИЛА Дел од тимот кој пред една деценија ги прекина економските односи со Македонија!

 

Filed Under: Свет

АНАЛИЗА: ВИСОК ИЗБОРЕН „СТАРТ“ СО ВИСОКИ ДОЛГОВИ
ПРЖИНО, ВО СЕНКА НА НОВОСАДСКАТА НАСТРЕШНИЦА: ДАЛИ МАКЕДОНСКИОТ ДОГОВОР Е ДОБАР ПРИМЕР ЗА СРБИЈА
ОРБАН ПРАВИ СПИСОК НА НЕПОДОБНИ НОВИНАРИ И МЕДИУМИ
ЏЕЈН ГУДАЛ: ПРЕТЦИТЕ НА ЧОВЕК ВИДЕНИ ОД ПОМРАЧНАТА СТРАНА
ШTO E ПОТРЕБНО ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА МИР ВО ГАЗА?

Најново

  • АНАЛИЗА: ВИСОК ИЗБОРЕН „СТАРТ“ СО ВИСОКИ ДОЛГОВИ
  • ПРЖИНО, ВО СЕНКА НА НОВОСАДСКАТА НАСТРЕШНИЦА: ДАЛИ МАКЕДОНСКИОТ ДОГОВОР Е ДОБАР ПРИМЕР ЗА СРБИЈА
  • ОРБАН ПРАВИ СПИСОК НА НЕПОДОБНИ НОВИНАРИ И МЕДИУМИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet